Donny радост ти ќе бидеш

  • Креатор на темата Креатор на темата Грејвдигер
  • Време на започнување Време на започнување
Г

Грејвдигер

Гостин
250px-Doncaster_Rovers_FC.png
Не знам што како, ама клубот ми е еден од поомилените уште FA менаџерот 2001/02 кога клубот играше во Конференцијата, па го качував клубот до Премиер лига и играв во Европските купови. Исто клубот IRL за неколку сезони се искачи да игра во Чемпионшипот, а оваа година пак влезе, откако лани испадна во Лига 1. Најдобар успех што го имале е 12то место во Чемпионшип во 2009/10 и освојувањето на FLT во 2006/07.​
Сезона 2012/2013
Трансфери

Одлични се покажаа двете позајмувања од Саутемптон, Butterfield (DR) и Isgrove (AML/R), по грешка Butterfield го позајмив само 3 месеци, па играше до полу сезоната, после морав да ги ротирам тие што ми останаа во одбрана, бидејќи никој не сакаше да дојде. Исто одлично изигра Carruthers (CM) од Астон Вила. Овие тројца ми беа стандардни, другите што се позајмени ги вртев низ одбраната.​
И не знам зошто го немам Hume (ST) на листата, го земав од Preston, многу добар напаѓач.​
o6c78xk.png
Тактика
Сега не може да се види со кој играчи каде сум играл, пошто ги тргнав после завршување на сезоната. Најчесто играв на контри, барем со подобрите корисници или зависи од позицијата во која се наоѓав, додека со другите најчесто или ја контролирав или напаѓав. 4-3-2-1 и уште една тактика имав 4-4-2, што не ја користев баш многу.​
V4kTrr2.png
Резултати
Лош почеток додека се навикнам, дур ги најдам што и како, но брзо се опоравив и сврзав една долга низа без пораз во лигата, ама пак имав доста нерешени. Исто бев избран за тренер во Октомври.​
Табела
И за крај табелата. Имав шанса да завршам прв и цело време ги контролирав натпреварите со Portsmouth, Notts Co и Preson, ама изгубив. Па морав малку да им викнам да се стават во ред играчите и да даваат голови, пошто искрено имав шанси, особено Hume и Rob Jones кој си газеше на глава од корнер.​
EDnWgfo.png
Потпишав нов договор со клубот, ми дадоа 1,9M за трансфери во летниот период, па ќе видам како ќе се засилам на напаѓачката позиција и морав да си најдам барем уште еден дефанзивец, а можеби и среден ред. Ако имате предлог некои играчи за во Чемпионшип, слободно :) Исто Њукасл ми е перент клуб, па може од кај нив да позајмам некој.​
И ондах то :)
 
Браво (y) За втора сезона со тој буџет и немаш поголеми опции освен фри и позајмици :) Јас со Лидс во втора сезона имав сличен буџет. Пробај земи го Карлос Фиеро на позајмица или пак Кембел од Њукасал за напаѓач. Алан Тате (Тејт немам појма како се чита :D ) за одбрана исто на позајмица од Свонси. За Голман Курчи, Перин, или некој Unhappy за ефтини пари. Среден ред Симао од Мозамбик ако е слободен, или евентуално некој реген од Јужна америка или од Чешка Словачка, Словенија... Среќно :P
 
Сезона 2013/2014
Идеме во Премиер Лига! Конечно се решив да седнам и да ја довршам и оваа сезона. Многу лош старт имав, ама се излеков на тоа што и другите не играа баш најдобро, па малку беше разликата во поени од средишните позиции до тие во првите шест.​
Трансфери
Тактика иста како и претходната сезона, со неколку нови луѓенца на некои позиции. Од Њукасл на позајмица ги земав Bigirimana, Amalfitano и Ameobi, само овој третиот не го играв многу, па си се врати за брзо време. Начекав неколку солидни играчи на фри трансфер, Stokes (ST), Calderon (DR), McFadden (ML - AML), исто и Yeates си го вратив. Faouzi Aish е солиден лев бек, ми го препорача некој од скаутите, а супер како напаѓач се покажа и Abbeglen (го земав на полу сезона). Tadajevic и Sarpong уште не сум ги играл, немав време да ги регистрирам.​
u20POVX.png
Резултати
Табела
SaWZWPK.png
За следната сезона на фри трансфер го начекав Шон Врајт Филипс. Планирам да земам еден или два DC, и некој добар плејмејкер. Ми имаат дадено буџет од 20 милиони, ако имате некој да препорачате, бујрум :)
 
Моја препорака за плејмејкер ти е Вил Хјуз и Леон Горетска, а за DC Марко Капуано, Дориа..
 
Види Ален Халиловиќ ако не е земен, прочепкај по регените (Французи, Бразилци и Германци највеќе ги има јаки). Уствари, најлесно се зимаат играчи ако се на трансфер листа или евентуално ептен малку играат во клубовите па се на раб на трансфер листа. Кажи за кои све позиции ти требаат играчи па ќе препорачаме нешто. :)
 
Ми цркна компјутерот, така да нема да играм некој период :) Хард дискот ми е жив, така да сè е живо и здраво, ќе продолжам кога ќе го средам. Крај краева, имам бекап од сејвот, само не знам од кога ми е точно :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom