Domino's Pizza во Скопје

  • Креатор на темата Креатор на темата MyloXyloto
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
23 јуни 2008
Мислења
4.002
Поени од реакции
4.246
Не знам дали сте слушнале, но од август во Скопје ќе се отвара еден од најпознатите ланци на пицерии во светот по Pizza Hut се разбира, американското Domino's Pizza.

http://www.facebook.com/Dominosmk

Првиот ресторан ќе биде отворен во август, а вториот во септември во склоп на новиот трговски центар Skopje City Mall.

На ФБ фан пејџот имате и апликации за вработување во пицеријата.

575011_324107414340852_1101536003_n.jpg
 
Каде е лоцирана првата пицерија во Скопје ?
--- надополнето: 1 јули 2012 во 23:49 ---
И се разбира, цените ќе бидат повисоки од Robert Wadlow
Епа сеа, ќе јадеш од Domino's Pizza, не од Sesam каде што пиците на око ако ги ставиш како двоглед ќе ти служат ...
 
Немам јадено пица од таму, или од Америка, или од било каде освен во Македонија но според слики(не е веродостојно знам) што имам гледано од пици не ми се верува дека ќе бидат подобри од нашите врвни пицерии.

Се разбира ќе се проба, како и да е. :)
 
но според слики(не е веродостојно знам) што имам гледано од пици не ми се верува дека ќе бидат подобри од нашата врвна пицерија Гиго.

Fixed, and
stf
 
Имам јадено и ништо посебно не се пиците од Домино слично како и од Пица Хат и останати ланци за брза храна, единствено ме бендисува Цици Пица од причина што таму си бираш се што сакаш да ти стават и во корелација со тоа ти ја прават цената. Верувам дека цените ќе се движат скоро колку останатите во градот, додека квалитетот ќе биде помал.
 
Мислев само јас сум им верна на Гиговци :)) Не се споредуваат со друга пицерија :)

Поготово ако пицата ти ја прави тој дебелиот чичко, типок е гуру!!!!!!! :cuc:
 
кај е оваа гиго пицерија:icon_mrgr:
 
Vie ne ste probale vo Enriko, piza ni domino ni gigo:D

Се сложувам, во Енрико ја имам јадено најубавата пица во Македонија.

Иначе кај нас сѐ повеќе ги прават танки пиците, порано беа поубави, дури и во Италија во Венеција кога јадев не беше толку танка како овде.

Инаку и во Доминос ќе може да си правиш пица по твој вкус, јас искрено едвај чекам, сакам дебели пици, и баш ме интересира какви се. А и нема да има само пици, ќе има и пилешки крилца нешто како KFC :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom