NelTu
Coffee addict
- Член од
- 1 август 2011
- Мислења
- 2.370
- Поени од реакции
- 7.013
Секое утро го започнуваа со бакнеж и заедничко утринско кафе, а секоја ноќ заспиваа во долги разговори.
Со бледо лице и очи полни солзи, липа неутешно како мало дете, а пред вас маж со коса веќе одамна седа, со бразди на лицето кои живот раскажуваат, со благо накривен грб од натежнатите години врз него.
Најблиските како вкочанети гледаа во него, никој ни да го оттргне погледот од овој маж кој за достојно да ја испрати својата сопруга од овој свет сакаше ова да биде најсвечен миг. Токму со таа цел се појави со темно сино одело, бела кошула испеглана со најостри рабови и кравата на вратот. Но низ сечие тело поминаа морници затоа што токму овој костум тој го носеше на денот на нивната свадба. Сакаше да ја испрати својата сакана во вечноста и да и ја покаже истата љубов како и првиот ден од нивниот заеднички живот.
Обожаваше да се грижи за неа
Последните години од животот иако таа не можеше да се грижи за себе, а понекогаш дури и да стане од креветот тој несебично, без ни да помисли за потребно „благодарам“, се грижеше за неа од се срце. За него тоа беше љубов... Уште кога имаа по четириесетина години знаеше да ја изненади со топло приготвен оброк или да се понуди за помош во секоја домашна обврска која таа ја имаше.
Сепак постои безусловна љубов
Заедно делеа се, и среќа и тага и обврски и добивки во животот токму нивната златна свадба беше сведоштво за постоењето на безусловна љубов.
Кога ги гледав како среќно стареат еден покрај друг, чувствував топлина во срцето и започнав да верувам во реалноста на она „Се додека смртта не не раздели“ кажано пред олтарот.
Да ги видевте и вие само на миг ќе сфатевте дека љубовта е еликсир на младоста, затоа што тие имаа свои интерни шеги и на речиси 80 години, како што имате вие со вашето момче сега во цутот на љубовта.
Среќни времиња, слатки спомени
Денес тој е сам и знае да заплаче тивко во ноќта, по жената која за него живот значеше. Знае да го допре трепетлива носталгија, а во себе имаше порив да биде нечиј заштитник сакаше да биде нејзин заштитник. Да се грижи за неа беше она што му недостигаше во секојдневието, животот за него без неа беше незамислив, но денес го живееше.
Но сепак овој маж беше среќен човек, затоа што тој живееше живот полн со љубов и сега имаше спомени во кои би можел да ужива уште три наредни.
извор. notformen.mk
Секој пат кога ќе го прочитам текстов..сум со солзи во очите..
Сметате ли дека ветувањето.."се додека смртта не не раздели" сеуште може да се исполни во 21 век. И дали безусловната љубов сеуште е тука?
Дали вакви 2ца сеуште постојат?