Дневно мени „Кај Пепа“

  • Креатор на темата Креатор на темата SaltNPepa
  • Време на започнување Време на започнување

SaltNPepa

Other's envy, owner's pride!!!
Член од
14 септември 2012
Мислења
1.945
Поени од реакции
2.523
Знам дека секој што ќе го види насловот прво ќе помисли охохо, храна! :D Епа жалам, мениава се за четириножните пријатели.
После списокот на намирници, мислам дека е потребна тема каде што ќе ги споделиме комбинациите што можат да се направат, кога се работи за домашно приготвена храна.
Така да ќе ве замолам доколку учествувате, напишете го рецептот, а пожелно е и да поставите слика како изгледа оброкот.

За почеток, еве нешто од мене:

1)
- пола мисиркин врат
- ориз, сварен со малку пиперка
- 5-6 малини
- банана
- Диме зачин (многу добар за крзното, кој го интересира рецепт, на ПП)
- маслиново масло
- пивски квасец
y5lm.jpg


2)
- чкембе
- препечени коцки леб
- домашно кисело млеко
- изрендано цвекло
- магдонос
rsf7.jpg


3)
- јагнешко срце, бел дроб, црн дроб, грклан
- варена тиква
- свежо изрендано цвекло
- магдонос
- домашно кисело млеко
- јајце од препелица
edzo.jpg


Ова се рецепти направени од мои добри пријатели, понатаму ќе поставам и други, а во меѓувреме, повелете и постирајте! :)
 
Сигурна си дека ова е храна за кучиња? Многу луѓе полошо се хранат од ова.

Инаку за менито си во право...кучињата не живеат на стар леб и коски...доколку некој се грижи за своето куче потребно е да му овозможи и соодветна исхрана.
 
Сигурна си дека ова е храна за кучиња? Многу луѓе полошо се хранат од ова.

Инаку за менито си во право...кучињата не живеат на стар леб и коски...доколку некој се грижи за своето куче потребно е да му овозможи и соодветна исхрана.
Да, во право си, меѓутоа, сепак темава е за миленици, и верувај дека домашната исхрана е многу поевтина и поквалитетна од дехидратот. Да не се разбереме лошо, но, има луѓе што прават рецепти за нив со состојки што јас и не знам дека постојат. Како што веќе кажа, ако си земал обврска да чуваш животинче, ова е некој минимум што мораш да му го обезбедиш. Тоа барем секој свесен сопственик треба да го има на ум.
 
Еве ме и мене со менито на Аба...
Значи едноставно,малку монотоно,не толку мешано како колешката @SaltNPepa :icon_mrgr:
1)Купувам копан со надкопан,има едно добро дуќанче на пазар,доста квалитетни копани шиткаат,а доста добра цена(мајка ми вика за кучето копаните се подобри од оние на попознатите прооизводители на пилешко месо на Балканот како Пивка,Перутнина итн):icon_mrgr:
Чистено пилешко месо,плус водата од тенџерето каде шо се варат копаните,излезе и супата...:)
2)Варен ориз...едно време комбинирав со качамак,во последно време давам само ориз,треба да сменам сега и со качамак малку...
3)Јаболко обавезно,за варење на храната,често и банана...
4)Морков за палежот,но во последно време нема толку потреба..
Нешто зеленчук одвреме на време,како зачин,таман ете и ја и салатата...:)
5)Јајце,одвреме на време за крзното,ама и без тоа нема гајле за крзното,барем со тоа немав мака никогаш....

Тоа е накратко,ем поевтино ми е вака,ем иам конттрола на квалитетот на храната шо ја давам,се ми е проверено,и се гледа одма при варењето и мирисот...
А и далеку поекономично е вака,со остатокот од сумата која би ја дал за вреќа посалам дехидрат би купил некои додатоци во исхраната,витамини одвреме на време ако има потреба..( и давав едни таблети од морски алги за крзното,доста добри се покажаа)....
Па колеги,и јас активно се приклучувам во кампањата КУПУВАЈТЕ ДОМАШНИ ПРОИЗВОДИ,ФОРСИРАЈТЕ ДОМАШНА КУЈНА ВАШЕТО КУЧЕ ГО ЗАСЛУЖУВА ТОА...:):icon_lol:
 
Последно уредено:
Денешниот оброк на Астра се состоеше од RAW Food :)
Да објаснам што е RAW Food, тоа е сирова исхрана за кучиња.
Кучето јаде исклучиво сирово (живо) месо и органи / изнутрици.
Тоа е најприродната и најздрава исхрана за секое куче.

Оброкот се состоеше од 585 гр.
- Сирови пилешки црни дробови
- Сирови пилешки срца
- Слезенки
- Варен ориз 300 гр.
- Моркови 100 гр. (живи, ситно исецкани)
- Диме зачин (тоа е зачин кој што јас самата си го приготвувам, и е наменет за зголемување на квалитетот на влакното, го прави влакното да биде меко и сјајно)

2iqbbyv.jpg


2evffih.jpg


2rh64d0.jpg


И секогаш го имате ова :D

2vah81y.jpg
 
Леле одлична тема . Јас чувам лабрадорка и често комбинирам домашна и купечка храна (дехидрат).

Рецепт еден од мене

-Варен лосос
-Варено говедско
-Една питаја - ситно исецкана (ја има во Веро, Рамстор, Сити Мол)
-Половина маракуја (може да ја купите на истите места како и питајата)
-Варен органски ориз


Сето тоа попрскано со ладно цедено маслиново масло .

Ме фативте малку неспремна, но денес или утре планирам да и го зготвам рецептот на мојата душичка и инстантно ќе ја објавам сликата од рецептот на темата да се види како изгледа визуелно. Понатаму ќе ви напишам и други рецепти и јадења кои и ги приготвувам на мојата лабрадорка.[DOUBLEPOST=1415621137][/DOUBLEPOST]Едит уште неколку рецепти ала Про Феммина

- Варено младо јунешко месо
- Варена туна (свежа неконзервирана)
- Едно варено јајце од еребица
- Едно варено јајце од гуска
- Еден Рамбутан (ова овошје мислам дека го нема во Македонија, го набавувам од Грција)
- Варена пченка
- Неколку зрна грозје Ruby Roman
 
Последно уредено:
Ориз купувам нелупен, значи интегрален...таков јадам јас, таков јаде моето куче :).....мешавина од пивка словенија-дроб,џигер,срце пилешко....и зеленчук обавезно како додаток....ако не ме мрзи ќе ставам слика од тоа што готвам....Супер рецепти има на темата.
 
Последно уредено:
Не е нештo пoсебнo, нo еве гo денешниoт ручек нa Беки.

-Кoпaн
-Телешки џигер
-Телешкo срце
-Телешки бел дрoб
-Телешки бубрег

Сетo тoa зaмрзнaтo (зaштo брзo јaде). Не стaвaм грaм рaстителен прoизвoд зaштo не ги јaде, пoкрaј тoлку месo не сaкa дa чепне билo кaквo рaстение.

20160117_175715~2.jpg
 
Зa денес имaме:

>телешки бели дрoбoви
>телешкo срце
>телешки џигер
>јaјце
>тoлчени лушпи oд јaјцa
>oригaнo
>2 кaфени лaжички мaслинoвo мaслo
>ѓумбир

20160118_152412~2.jpg
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom