Диктатори

Член од
28 декември 2015
Мислења
4.342
Поени од реакции
6.869
Возраст
47
Дали сте запознаени со историско политичкиот феномен на луѓе кои се сметаат за диктатори?
Кои карактеристики освен култ на личноста го прават некој лидер диктатор? Можеби доживотниот мандат, еднопартискиот систем или апсолутната власт би биле нешто во тој правец.
Постојат во денешно време диктатори? Пример Северна Кореја како наследна диктатура е јасна, но некои тврдат за извесни лидери како Путин, Орбан, Вучиќ дека биле диктатори. Има ли вистина во тоа?
Кај нас не знам дали постоел диктатор после Тито за кој многумина тврдат дека бил беневолентен диктатор.
Што мислите за овој феномен?
 
Да почнеме со еден манијак, можеби еден од најтиранските ликови кои некогаш живееле, Франциско Нгуема кој владеел со малечката афричка држава Екваторијална Гвинеја. Тешко е да се опише што све направил овој лудак, познат по конц-логорот кој бил наречен афрички Дахау. Неговата псевдо-идеологија се нарекувала наци-бољшевизам. Како во главата ги споил овие две идеологии не е познато, но тој е добар пример за тоа како во некои земји на власт биле луѓе со сериозни психолошки проблеми. Постер бој е Јосиф Висарионович Џугашвили самонаречен Сталин (челичен) кој пател од тешка параноја и гледал предавници на секој чекор и организирал масовен прогон на милиони граѓани.
Наводно Џугаш на грузински сначело Евреинo_O, ако некој знае нешто повеќе нека пише.

Инаку Нгуема бил свргнат во востание против него и осуден на смрт. Гвинејските војници кои требало да го стрелаат биле уплашени дека доколку го убијат на нив ќе падне клетвата која Нгуема ја изрекол во тек на судењето дека кој ќе се одуди да го убие ќе умре во кратко време потоа :icon_lol:
Така новите власти морале да организираат платенички стрелачки вод кој се состоел од марокански платеници. Тие очигледно немале гајле од клетвата и го изрешетале манијакот.
 
Back
На врв Bottom