Диети за зголемување килажа

Со планинарање,пешачење не зголемуваш килажа, креираш голем калориски дефицит.
Ако сакаш контактирај ме ќе збориме што како.
 
Вака многу сакам да се здебелам макар 10-15кг. Дајте некаков совет? Иначе јадам како луд по 5-6 пати на ден, а некад по 3-4 пати, ама и многу спортувам, трчам, а и нервозен сум многу (мајка ми ми вика од шо си нервозен неможеш да се здебелиш хаха :D ) висок сум околу 185цм и 67кг, дај кажете лек да се здебелам (маса)? Малце е чудно сите бараат диети за слабеење, а јас за дебелење :vozbud:.
 
Ја имав(имам делумно) иста мака. 189 со 70 кг и изгледав ко ветрушка. Зимава се запнав, почнав да јадам и кога не ми се јаде, јадам пообилно. Јајца, месо, млеко и тн и кренав 16 кила. Слабата активност зимава си помогна. Сеа летово ќе гледам да фрлам мускул и да останам на таа килажа + 2-3 кила.
 
Не е чудно воопшто, и јас исто така сакам да се здебелам, но никако не ми оди иако е прилично едноставно. Отвори некој онлајн калкулатор за броење калории и пресметај колку калории секој ден треба да внесуваш за да се здебелиш. Доколку еден долг период јадеш повеќе одошто трошиш, кој сакаш да си, ќе се здебелиш. Само немој калориите да ги внесуваш преку брза храна, благо,газирани пијалаци итн. Јади повеќе пилешко, телешко, мисиркино месо, јогурт, обично и кисело млеко, јајца, туна, ориз (кафеавиот доста помага), компири. Само изброј колку треба да внесуваш, и почни да јадеш од храната што ти ја препорачав во количини кои ќе ги задоволат твоите дневни калориски потреби.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom