Crazy in Love
Here's looking at you kid.
Отворам тема за еден од подобрите музичари што се појавиле на светска музичка сцена во однос на мејнстрим сцената.
Главно темите во песната му се за љубовта, верувам дека нема човек кој не налетал на песнава на радио, хитиште невидено беше:
Издава два независни албуми, демо-албумот кој се викал John Legend (2000) и Live at Jimmy's Uptown (2001) кој ги продавал на своите шоу-а каде настапувал. Во 2001 година се запознава со Кање Вест, кој исто тогаш започнува да се пробива на светската хип-хоп сцена и го ангажира Џон Леџенд да пее hooks (не ми текнуваше како да го преведам
) на неговите песни.
Откако потпишува договор со музичката куќа на Кање Вест, го променува и своето сценско име во Џон Леџенд. Во суштина, тој бил против тоа, не сакал да прави промени и сакал да настапува под своето име, но поетот J.Ivy му го дал тоа име, бидејќи како што тој велел, звукот на неговите песни го потсеќало на олд скул музиката. J. Ivy му рекол:
Неговиот вистински деби албум, Get Lifted, го издава во 2004-та година и продава 116,000 за една недела и станува вистински интернационален хит. Во 2006-та година добива и Греми за најдобар R&B албум, а и добива две номинации за најдобар нов артист и најдобар машки R&B вокал. Еден од хитовите од тој албум, кој верувам сите сте го слушнале е:
Вториот албум, Once Again, го издава во 2006-та година, кој е исто така огромен хит насекаде во светот. Од тој албум, носечки сингл беше оваа песна:
Во 2013 година, го издава својот четврт студиски албум Love in the future, кој станува инстант хит албум, заедно со песната "All of me" (која ја ставив погоре), песна која станува број 1 хит на голем дел од топ листите.
Има уште многу што да се збори за него, има уште толку песни да се стават, но не сакав да го пренатрупам воведниот пост.
Што мислите за овој човек?
Ви се допаѓа?
Зошто да/зошто не?
Омилена песна од него?
Нешто да додадете или да кажете?
Мене во последно ми е омилен, нон-стоп го слушам. Со All of Me бев опседната максимално, песната ми беше рингтон едно 8 месеци ко ништо и не проаѓа ден да ја слушнам барем еднаш. Ми влезе во топ 5 омилени песни ever. И постојано ја слушам и воопшто не ми е здосадена и не верувам дека некогаш ќе ми се здосади. Вечна љубов ми е песната.
Главно темите во песната му се за љубовта, верувам дека нема човек кој не налетал на песнава на радио, хитиште невидено беше:
Џон Леџенд е роден на 28.12.1978 година во Спрингфилд, Охајо како John Roger Stephens. Na 4 години пеел во локалниот црковен хор, а пијано научил да свири кога имал 7 години. Додека бил во колеџ ја запознал Лорен Хил која го ангажирала да свири пијано за песната "Everything is Everything". Во овој период, тој започнува да настапува во Филаделфија, а потоа и во Бостон, Атланта, Њујорк. Дипломира во 1999 и во овој период започнува со продуцирање, пишување и компонирање сопствена музика.Издава два независни албуми, демо-албумот кој се викал John Legend (2000) и Live at Jimmy's Uptown (2001) кој ги продавал на своите шоу-а каде настапувал. Во 2001 година се запознава со Кање Вест, кој исто тогаш започнува да се пробива на светската хип-хоп сцена и го ангажира Џон Леџенд да пее hooks (не ми текнуваше како да го преведам

Откако потпишува договор со музичката куќа на Кање Вест, го променува и своето сценско име во Џон Леџенд. Во суштина, тој бил против тоа, не сакал да прави промени и сакал да настапува под своето име, но поетот J.Ivy му го дал тоа име, бидејќи како што тој велел, звукот на неговите песни го потсеќало на олд скул музиката. J. Ivy му рекол:
"I heard your music and it reminds me of that music from the old school. You sound like one of the legends. As a matter of fact, that's what I'm going to call you from now on! I'm going to call you John Legend."
По ова, сите почнале така да го викаат, вклучувајќи го и Кање Вест и на крај промената на името дошла некако природно.Неговиот вистински деби албум, Get Lifted, го издава во 2004-та година и продава 116,000 за една недела и станува вистински интернационален хит. Во 2006-та година добива и Греми за најдобар R&B албум, а и добива две номинации за најдобар нов артист и најдобар машки R&B вокал. Еден од хитовите од тој албум, кој верувам сите сте го слушнале е:
Третиот албум, Evolver, го издава во 2008, а и зема учество во претседателската кампања на Барак Обама, "Yes We Can". Во 2010, заедно со The Roots, го издаваат албумот Wake Up!, кој добива доста внимание и награди.Во 2013 година, го издава својот четврт студиски албум Love in the future, кој станува инстант хит албум, заедно со песната "All of me" (која ја ставив погоре), песна која станува број 1 хит на голем дел од топ листите.