Девојче се обидело да ја продаде својата баба на интернет

Кралот Марко

Не прилепчанецот, ами Јас
Член од
6 ноември 2008
Мислења
3.969
Поени од реакции
278
Девојче се обидело да ја продаде својата баба на интернет

veb%20sajt.jpg

Десетгодишната Британка, објавила на интернет, оглас со чудна содржина во кој на продажба ја понудила својата "иритирачка и досадна" баба.

Зое Пембертон, ја ставила својата баба на аукција. Таа во огласот, за својата баба напишала дека и покрај тоа што била досадна, таа знаела да биде нежна и дека сака да пронаоѓа нови зборови на интернет.

Продажбата на нејзината 61- годишна баба, Мариан Годал, сепак била само шега, но тоа не ги спречило љубопитните да се јават на огласот и да понудат дури до 20.000 фунти за бабата.


Аукцијата, сепак, на крајот била поништена, поради "строгото кршење на условите на продажбата", пишува Дејли мејл.


"Само ме повика еден ден и ми кажа дека ја понудила својата баба на продажба, по пат на интернет. Воопшто не бев свесен дека знае да направи такво нешто, а таа на огласот објавила и слика", рекол Томас Пембертон, 31- годишниот татко на Зое.


Пембертон, додал дека нејзината намера не била да ја продаде, туку дека го сторила тоа со цел да најде некој што би можел да дојде во нивната куќа и да се грижи за неа. "Се уште не и кажав на мајка ми дека нејзината внука се обиде да ја продаде, но тоа сигурно би ја насмеало", раскажува таткото.

Зое, објаснува дека причината за нејзината постапка, било тоа што нејзината баба многу ја нервирала.

"Седев пред компјутер и одеднаш се сетив како би можела да ја ставам на оглас. Не знаев колку би можела да добијам за нејзе, така што одредив цена од 99 пени", објаснува Зое.

Одговорите на огласот оделе до тие граници што понудувачите се распрашувале дали за бабата ќе добијат и гаранција. Акцијата била поништена бидејќи на интернет страницата на која бил објавен огласот не дозволувала продажба на луѓе.


До каде одат децата еј, баби бидете подготвени можеби вие веќе сте продадени.... :)
 
Глупости. Паднале 2 тополи притоа потешко се повредени 3 кокошки од кои едната подлегна на повредите. истрагата сеуште е во тек.
 
ЛоЛ па ја сфаќам до некаде. од време на време и мене ми иде да ја ставам баба на продажба :uvo: ама фала богу се уште не сум до тој степен :nesum:
 
ЛоЛ па ја сфаќам до некаде. од време на време и мене ми иде да ја ставам баба на продажба :uvo: ама фала богу се уште не сум до тој степен :nesum:

Побрзај додека сеуште цената не и паднала :kesa:
 
Јас сум заинтетерсиран за добро сочувана, старо-нова мајка од 25 до 35 години.
Контакт телефон 192 (ќе го барате Димче Метаљац)
 
Не е искусна за интима и мора вака да заработува.:uvo:
 
Абе, а кои се критериумите за цена?
Да ја огласам и јас баба ми.
Осамена вдовица е.
Владее три јазици, и има имот во четири држави.
За колку ќе ја земат, што мислите? -blink
 
Јас мојата ќе ја продадам во комплет со дедо ми...
 
Абе, а кои се критериумите за цена?
Да ја огласам и јас баба ми.
Осамена вдовица е.
Владее три јазици, и има имот во четири држави.
За колку ќе ја земат, што мислите? -blink

Дади ја во геријатрија да ти ја проценат прво. :)
 
Ќе бидне од малава добар бизнисмен кога ќе порасне, има талент и уникатни идеи хехе:pos2:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom