P
Princ
Гостин
1-ви Мај, Меѓународниот ден на трудот се слави во чест на демонстрациите и жртвите паднати во борбата за осумчасовен работен ден и општата борба за поголеми права на работниците.
Охрабрени од претходните успеси на работниците во борбата за поголеми права во Канада 1872 г., американската синдикална организација The Federation of Organized Trades and Labor Unions побара воведување на осумчасовен работен ден во САД, со генерален штрајк на 1 Мај 1886 г. кој во следните денови резултираше со нереди и судири со полицијата пратена да го задуши бунтот, пришто паднаа повеќе жртви.
Во знак на почит кон жртвите од чикашките настани, Втората интернационала на својот оснивачки конгрес во 1889 г. донесе декларација со која се повикуваат работниците од целиот свет на демонстрации на 1 мај со цел подобрување на својата положба. Оттогаш, традиционално, на 1 мај секоја година во повеќе земји ширум светот се одржуваат демонстрации во знакот на одбележувањето на Меѓународниот ден на трудот во организација на разни социјалистички, комунистички, анархистички и други социјални движења, партии, синдикални организации итн.
Во чест на оние вистински и чесни борци за идејата за ПРАВИОТ некомпромитиран комунизам, јас ви го честитам празникот.
Превземено од БЛОГОТ НА ВББ и објавено со негова дозвола.
А скара кога и каде?