Демонстранти во Сирија влегоа во американската и француската амбасада

  • Креатор на темата Креатор на темата Misirkov
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
17 март 2005
Мислења
11.493
Поени од реакции
1.592
Амбасада е суверена територија на една држава и е "света" работа во меѓународните односи. Сите обиди да се посегне по суверенитетот на една амбасада или интегритетот на вработените во неа досега биле жестоко казнувани. Секоја земја е строго обврзана да ја осигура безбедноста на амбасадите на своја територија.

Меѓутоа, про-владините демонстранти во Сирија кои вчера влегоа во Американската и Француската амбасадата во Дамаск тоа гио сторија откако амбасадорите на овие две земји, Роберт Форд и Ерик Шевалие, им се придружија отворено на анти-владините демонстранти во градот Хама.

Прво, во неделата про-владини демонстранти ги гаѓаа амбасадите со јајца и домати. Потоа, сириската влада довезене со четири автобуси демонстранти кои влегоа во амбасадите.

Во "нападот" никој не е повреден, но демонстрантите искршиле прозори, го ставиле сириското знаме наместо француското, напишале графити дека Американскиот амбасадор е куче, искршиле една француска дипломатска кола и слично. Во француската амбасада, вработените од обезбедувањето пукале во воздух, но не успеале да ги одвратат демонстрантите.

Дека ситуацијата се влошува покажува и изјавата на Хилари Клинтон веднаш по нападот дека Башар Асад го изгубил легитимитетот да владее. За воља на вистината, се поголем број луѓе демонстрира против режимот на Асад (само во петокот 300.000 луѓе) и покрај акциите на војската и полицијата кои досега убиле околу 1600 демонстранти. Меѓутоа, тоа што амбасадорите го направија во Хама е мешање во внатрешните работи на една држава, а сега и отворена дипломатска војна.

Се поставува прашањето: што ако во обид да се одбрани, Асад, односно владата на Сирија, и навистина ги нападне амбасадите и земе заложници како што беше случајот во Иран за време на Исламската револуција? Без разлика на агресивната политика на САД и Франција, таков потег би ги ставил пред дилема и другите големи или средни држави за да не настане преседан па да се напаѓаат амбасади заради било која политичка причина или кауза.

Само да се потсетиме дека Македонскиот конзулат во Пакистан настрада откако сестра Љубе се поигра со животите на неколкумина Пакистанци во Македонија, без разлика дали истите беа исламисти пратени да се борат против нас.

http://www.msnbc.msn.com/id/43711672/ns/world_news-mideast_n_africa/

Мислења?

20110508-201111_h345583.jpg
 
Нормално, беше и очекувана ваква реакција секако, но Америка многу ме меша во внатрешните работи на многу земји - така да го оправдувам ова која е Америка да ми кажува што да правам во моја земја... -.-
 
Ова е само одговор на тоа што го започнаа Американците. Први се вмешаа во политиката на Сирија, а овие враќаат со директен напад на амбасадите, навлегуваат во нивни територии.

Коцката е фрлена, останува да видиме на која страна ќе застане.
 
Мислам дека сите треба барем да знаеме за начинот на кој известуваат Американските медиуми, од стилот на CNN, MSNBC. Бројка од 300.000 луѓе да протестираат е претерана од моја гледна точка. Да има демонстрации има, но тие се одвиваат во стилот ќе се собере народ за 5 минути ќе се снимаат меѓусебно и потоа одма на YouTube. И сите тие се организирани од страна на Американските тајни служби, тоа секој го знае на тие простори. Исто така по мое мислење на САД барем директно нема да се вмешаат во конфликт со Сирија, односно со воена интервенција, сепак мислам дека Сирија е преголем залак за нив. А народот освен на амбасадите не може да го истера гневот на друго место кон Америка и сојузниците.
 
Како и да е Америка секогаш напаѓа во името на доброто и за заштита на невини цивили и жртви на тој режим, секогаш го користи тоа како оправдување и во името на сето тоа ги повикува нејзините сојузниците, кој по пат на демократски начин ќе направат илјадници жртви а за сето тоа ќе биде обвинет тој што е нападнат.. Да тука се и нејзините медиуми (како што напомена и Xenomorph_ ) , кој на убав начин ќе го исперат мозокот на народот.... Среќа да не беше Америка, немаше да знаеме што е" демократија" и капитализам...
 
Вие дечки да се вработите во КГБ, оти сите теории на заговор сплотени од американците ги знаете.
Вие сте имуни на перење на мозок, на целата планета освен на вас и е испран мозокот.

И дај прочитајте се кои глупости тропате.
 
Вие дечки да се вработите во КГБ, оти сите теории на заговор сплотени од американците ги знаете.
Вие сте имуни на перење на мозок, на целата планета освен на вас и е испран мозокот.

И дај прочитајте се кои глупости тропате.

Е неее... Американците заговараат, овие истата секунда ги откриваат...
 
Од освојување на Сирија мислам дека никој нема да има фајде.
Би било решение тепих бомбардирање колку да им дојде памет и да испогинат некои Палестинци бегалци и тоа.
Не знам некој да би се замарал за Сирија.
 
Вие дечки да се вработите во КГБ, оти сите теории на заговор сплотени од американците ги знаете.
Вие сте имуни на перење на мозок, на целата планета освен на вас и е испран мозокот.

И дај прочитајте се кои глупости тропате.

Значи јас ти кажувам како што мене ми кажуваат од таму, имам роднини и пријатели таму.
А ти пошто вака си многу разбивач на теории на заговор, дај те молам просветли не со твојот голем ум, покажи ни го патот О голем просветителу.
@Никола
Верувај друже дека ако падне Сирија, односно Асад ако го симнат од власт многу работи ќе се сменат на Блискиот Исток. Немам многу време сега да пишувам на таа тема, но размисли малце. На кој треба да му дојде памет? Протестираат против Асад, протестираат и за него, на кој треба да му дојде памет?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom