Демонологија

  • Креатор на темата Креатор на темата BliND
  • Време на започнување Време на започнување

BliND

Raptus regaliter...
Член од
16 јануари 2006
Мислења
3.963
Поени од реакции
361
Возраст
27
Демонологијата е гранка од теологијата која ги проучува натприродните суштества, демоните, ангелите , паганските богови и сл.
Во католичката црква Демонологијата како предмет на дискусија е премногу опширен . Католиците уште од минатото биле запознаени со натприродни појави како опседнувања на луѓе од страна на демони , мистериозни убиства поврзувани со демоните и сл.
Колку е всушност демонологијата дел од православната црква осудете вие , повеќето од нас не ни знаат дека постои.
Таа се дели на неколку основни гранки :
Еврејска Демонологија
Главната цел на еврејската демонологија е јудизмот , односно дека човечкиот свет стапил во контакт со демонскиот поради предавството на Јуда. Според нив постојат 7,405,926 Демони кој се поделени во 72 групи (компании) . Исто така , Сатана овде е спомнат како обвинител на Бога и е различна личност од паднатиот Луцифер.
Христијанска Демонологија
Христијанската демонолигја воглавно се базира на фактот дека демоните постојат секаде околу нас . Посочува на тоа како гревовите не носат чекор поблиску до демонска посесија . Според христијаните се верува дека демон може да стапи во контакт со човек само преку ритуали кој во христијанството се сметаат за црна магија. Елементите на демонска посесија најчесто се поклопуваат со обична Схизофрениа (Шизофрениа) , и поради тоа често црквата влегува во конфликт со науката.
За избавување од демонот постојат повеќе степени на просветлување наречено егзорцизам. Егзорцизмот оригинално се врши од трениран католички свештеник меѓутоа во последните 50 години се обучуваат и православните свештеници за негово извршување. Најблага форма на егзорцизам е баптизирањето ( Крстението) .
Демонската посесија во христијанството најчесто е прикажана преку детска форма .
Исто така посебен одред на католичката црква кој постои од антички времиња се гревојадачите. Тоа се луѓе кој пред смртта на секој голем грешник му го одземаат животот праќајки го во просторот на прогонетите кој е прикажан како простор помеѓу Пеколот и Рајот , каде што гнијат доцна избавените души. Трагата на овој католички одред се губи при крајот на 15 век.

Исламска демонологија
Исламската демонологија воглавно се базира на постоењето на Ибилис (христијански Сатана и/или Луцифер) и на неговите следбеници Јинни. Според нив постојат само ангели создадени од светлина , луѓе создадени од земја , и јинни создадени од безчаден пламен.
Јинните не се секогаш претставени како лоше , меѓутоа најчесто се споменувани во однос на нивната непослушност пред бога , не следејќи ја божјата воља.

Демонологија во Будизам и Хиндуизам
Базирана на постоењето на Хеллс , луѓе кој даваат правда на смртните грешници , демонологијата во Будизамот и Хиндуизамот одсекогаш постоела. Таа не е опширна и денес познати ни се податоци само за неколку демони . На врвот на хиерархијата е поставен демонот Мара. Во овие религии е представена и вечната борба меѓу демоните .

Паганска Демонологија
За паганска демонологија се смета сета онаа демонологија која не е дел од општо прифатените религии .
Всушност паганските религии се составени само од демонологија , односно од богови кој одговараат на природните појави .
Како дел од Паганската демонологија се смета и Сатанизамот , односно неговата примитивна новосоздадена форма која го величи неговото постоење како и постоењето на други христијански демони како Leviathan , Byleth и сл.

Колку сте запознаени со демонологијата и дали сте имале некакво лично искуство со демоните ? Тие сепак , постојат.
 
Демонологијата е гранка од теологијата која ги проучува натприродните суштества, демоните, ангелите , паганските богови и сл.
Дали ова значи дека Теологијата го признава постоењето на Паганските Богови???
 
Дали ова значи дека Теологијата го признава постоењето на Паганските Богови???
Теологијата не се основа само на база на христијанството , теологија е наука за религиите што ги вклучува и паганските религии.
 
Теологијата не се основа само на база на христијанството , теологија е наука за религиите што ги вклучува и паганските религии.
Не ми одговори на прашањето...јас не споменав христијанство...за нешто да проучуваш не можеш да тргнеш со предрасуди дека предметот на проучувањето е фалсификат...теологијата не е обичен фолклор...
 
Не ми одговори на прашањето...јас не споменав христијанство...за нешто да проучуваш не можеш да тргнеш со предрасуди дека предметот на проучувањето е фалсификат...теологијата не е обичен фолклор...
Теологистите немораат да веруваат во она што го проучуваат . Постојат и теологисти кој се скептици и не веруваат во постоење на никакви натприродни суштества (богови,ангели,демони) а сепак ги изучуваат.
 
Ајде вака ќе го поставам прашањето до какви заклучоци дошле Теолозите со нивното досегашно проучување во однос на Паганските Богови???

Паганска Демонологија
За паганска демонологија се смета сета онаа демонологија која не е дел од општо прифатените религии .
Всушност паганските религии се составени само од демонологија , односно од богови кој одговараат на природните појави .
Како дел од Паганската демонологија се смета и Сатанизамот , односно неговата примитивна новосоздадена форма која го величи неговото постоење како и постоењето на други христијански демони како Leviathan , Byleth и сл.

Колку сте запознаени со демонологијата и дали сте имале некакво лично искуство со демоните ? Тие сепак , постојат.
Дали Паганските богови се поистоветуваат со демони...што е тоа демон???
 
Дали Паганските богови се поистоветуваат со демони...што е тоа демон???

Поимот "Демон" е различен кај повеќе религии. Христијанството ги опишува на еден начин, муслиманството на друг, сатанизмот на трет.

И, не, Паганските богови не се поистоветуваат со демони, затоа што не исполнуваат ни еден критериум кој е наведен дали во христијанството дали во сатанизмот.
 
Ајде вака ќе го поставам прашањето до какви заклучоци дошле Теолозите со нивното досегашно проучување во однос на Паганските Богови???

Дали Паганските богови се поистоветуваат со демони...што е тоа демон???

Демони се всушност натприродни суштества секаде претставени различно , во христијанството на пр. тие се претставени како паднатите ангели божји .
Етимологијата на зборот Демон не е многу јасна , ама се верува дека настанал од зборот deiwos кој означува Богови , нешто божествено и натприродно .
 
[FONT=Georgia, Times New Roman, Times, serif]DAIMON means "god, goddess", much like Theos or Thea. In Homer it is interchangeable with the Latin numen. Though it is the source of our word "demon", it was only in the New Testament times that it came to have "demonic" attributes. Most simply it meant any sort of spirit or "genius"

[/FONT][FONT=Georgia, Times New Roman, Times, serif]A different, but related, word is DAIMONES. Hesiod used this term to mean "the souls of men of the Golden Age, forming a link between gods and men". That is, Man-God. As what we call the H.G.A. was of old termed the "genius" (Daimon), the Daimones were those who "had their genius"; that is, true aspects[/FONT]
 
Tuka vo komsite kaj mene ima edno starce ... Velat toj bil opsednat od demoni , i go macele oti nejkel da im odi po kefot . Piska , leleka stariot odvreme - navreme . Taka velat deka go macele demoni ...
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom