Декоративни лајсни

  • Креатор на темата Креатор на темата VE007MK
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
23 февруари 2008
Мислења
35
Поени од реакции
0
Може ли некој да ми помогне,да ми каже каде можам да најдам декоративни лајсни за предна решетка за коли,било кој тип на кола да лајсната биде со жлеб.Однапред благодарам.
 
Сликите се исти :) Ама светлото на фотографијата дава друг ефект...
По мене...на ништо нема да личи...со оние да ги кажеме хромирани лајсни...
Кај на друго место на колата има хром (освен знакот)? Никаде...
Остави ја таква каква што е...најубава е.
 
Се продава самолеплива сребро-алуминиумска лајсна со дебелина од пола цм на метро должно (некаде 50-100 денари метро е, таму ти требаат 6-7 метра, можеби помалку). Можеш слободно да си набавиш и да ја залепиш. Само проблемот е што на местата каде што се прекрстуваат решетките ќе треба да ја прекиниш, а тоа со тек на време и влијание на сонце/вода прераснува во место од каде што ќе почни да се одлепува лајсната.

Колку ти делува исправно да залепиш таква.... размисли. Јас не би лепел.
 
Таа самолеплива хромирана трака што ја спомна џиш е 20 или 25 денари метрото во зависност од дебелината, јас имама на мојата кола баш ги ставав некаде кај септември, уште нема паднато ниедно парче а супер изгледа. Супер ќе ти испадне за тоа што сакаш да го постигнеш. еве слика како испадна кај мене, вертикалните хромирани јас ги ставав и магленките(овие не испаднаа нај нај ги извадив)
 
Па добро, ако веќе си решил да ставиш лајсни, и да отпадне некоја по извесно време, ќе ставиш нова. Е сега ако евентуално новата стрчи од остатокот, ги менуваш сите и решен проблемот.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom