Дебата и Јавно Говорење

  • Креатор на темата Креатор на темата Harry the dog
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
25 ноември 2010
Мислења
176
Поени од реакции
280
Сакам да отворам тема за студентската дебата – конкретно формати како British Parliamentary (BP), World Schools Debate (WSDC) и Public Forum. Што е формалната дебата? Тоа е образовна активност што често се гледа како „натпревар во зборување“, но во суштина таа е феноменална образовна алатка. Преку дебатата се учи:
  • критичко размислување и логично аргументирање
  • слушање и разбирање на спротивна позиција
  • јасно и структуирано изразување
  • истражување, анализа и брзо донесување заклучоци
  • култура на несогласување и почит
  • натпреварувачки дух
Форматите како BP и WSDC ги тераат младите да излезат од сопствениот меур и да бранат идеи со кои можеби лично не се согласуваат – што е огромна лекција за демократија, емпатија и интелектуална чесност. Public Forum, пак, ја прави дебатата подостапна и разбирлива за поширока публика (таа е верзија од Crossfire, емисија на CNN за дебатирање). Најчесто студетните добиваат тема од било која област 15-20 минути пред рундата, и без помагала (интернет) треба да изградат случај. Има правила и функции (кој колку збори, кој во секој говор што треба да прави, и тн.). Постојат и формати на јавно говорење (Original Oratory, Impropmtu Speech, Extemp Speech) кои се помалку популарни, но знаат да се корисни од образовен аспект.

Мене ме интересира:
  • Дали училиштата и факултетите ја користат доволно како образовна алатка?
  • Какво искуство имате со дебата – како дебатери, судии или публика?
  • Дали дебатата реално помага надвор од образовната сфера (во кариера, јавен говор, размислување)?
  • Што всушност учи дебатата што формалното образование често го пропушта?
  • Како дебатата ви го промени начинот на размислување, ако воопшто?

За тие што сакаат да дознаат повеќе, во прилог ви споделувам неколку корисни ресурси:
1. Најсолидниот извор на ресурси врзани со студентска/академска дебата:

2. Најголемата база на дебатни теми:


Интересни факти:
1. Тим од Македонија стигна во финалето на светското првенство по дебата (300+ Универзитети од цел свет) од УКИМ (Правни Студии) во 2016 година - дивизија: Англиски како странски јазик.

2. Најголемиот дел од приватните школи Philips Exeter, Andover, Dulwich, и доста други, ја вклучуваат активно во наставата (и компетитивниот елемент) како CCA.

3. Најголемото истражување во САД за ефектите на дебатата врз образовните исходи наоѓаат дека има силна врска меѓу академската дебата и добри резултати во образованието (Chicago Debate League).

4. Оваа година Скопје е домаќин на Европското (крај на Фебруари) за Јуниори (ESDC).


Видеа:
1. Светско финале 2016, Англиски како мајчин јазик:

2. Европско финале:

3. Светско средношколска дебата:


Теми од турнири (рандом):
1. Конзумеризмот ни донел повеќе корист од штета.

2. Доколку би било технолошки возможно, треба да го елиминираме чувството на страв кај војниците.

3. Секој цивил треба да има право на оружје.

4. Државите треба да лимитираат рурално-урбана миграција со квоти.

5. Фудбалските тимови треба да се одговорни за постапките на своите фанови.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom