Верував , но сега сум разочарана од многу нешта, да постоел Господ немало да дозволи да се случуваат трагедии на добри луѓе
Разбирливо е да ти падне тешко да веруваш покрај сето зло што го има на светов, но сепак ако се што е лошо на светов би било заменето со добро и секој обид човек што би го направил за да направи нешто лошо би бил спречен, тогаш немаш никаков слободен избор во врска со морални и неморално дела. Од една теолошка перспектива, но исто така и според тоа што го гледаме во светов, човекот е тоа што го прави сето зло на светот, но исто така тој е во состојба да прави и добро, тоа е благодарение на можноста што ја овозможува слободната воља. Оваа тема има една доста длабока филозофија и за ова до ден денес има дискусии, но на крајот се се сведува на една приказна што се кажува во блискиот исток:
на еден човек му избегал коњот, комшијата негов иди и му вели: лошо што ти избега коњот, тој му вели : не знам не се разбирам јас од овие работи, после некое време се враќа коњот со една поголема група на диви коњи, неговиот комшија вели: добра работа што ти избегал коњот, тој му вели: од каде да знам јас не се разбирам од тие работи. После некое време еден коњ го повредува неговиот син, неговиот комшија му вели: лошо што се врати коњот, тој му враќа: од каде да знам јас за тие работи. Неговиот син лежи повреден во кревет и една група од револтирани луѓе одат од куќа на куќа барајќи нови рекрути за некои злодела и кога го вида синот на човекот си заминаа, бидејќи им требаа физички силни луѓе, неговиот комшија му вели: добро што синти е повреден сега за сега.
Ова може да продолжи, но си велам дека ја сфаќаш поентата, треба секогаш да се гледа целосната слика.
Shalom
