Дали треба да се бориме за она што го сакаме вистински ?

  • Креатор на темата Креатор на темата Dusan Kecman
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
5 јуни 2011
Мислења
30
Поени од реакции
7
Возраст
33
Овааа тема ја отварам со еден циљ.... Ќе поставам одредени прашања сакам искрени одговори ...
Дали треба да се бориме за девојка/дечко кого/која вистински го/ја сакаме ???
Иако знаеме дека самите сме ние виновни за тоа што тие не оставиле... Дали може се да се поправи да се врати како што било порано кога сме биле среќни со тие особи ...
 
Зависи ако двајцата партнери имаат заеднички интерес и цел знаат за своите слабости зошто да не ама во ова време малце морген...............
 
Си ја изгубил поради тоа што си бил многу љубоморен ... Љубомората велат ја гуши врската ... во таков случај ?
 
оф топик: Не постои живо суштество - што не се бори за она што го сака вистински.
Прашањето е, дали знаеме како да е водиме таа битка.

ин топик: Обично, ваквите реакции се резултат од потребата за преминување преку сопственото его, и убедување со самиот себе - дека нема да ти падни цената доколку го крениш телефонот и му се јавиш на партнерот за кого мислиш дека си му погрешил.

Ако го сториш тоа, знај дека она за кое се бориш навистина вреди во твојата подсвест и душа и тука нема што да изгубиш.
 
Си ја изгубил поради тоа што си бил многу љубоморен ... Љубомората велат ја гуши врската ... во таков случај ?


Како можеш да си го поставиш ова прашање...Зошто да не се бориш за неа ако ја сакаш а си ја изгубил по своја вина? Која е причината да не го направиш тоа? ... Човек што искрено сака не си поставува вакви прашања туку дејствува :pipi:
 
Овааа тема ја отварам со еден циљ.... Ќе поставам одредени прашања сакам искрени одговори ...
Дали треба да се бориме за девојка/дечко кого/која вистински го/ја сакаме ???
Иако знаеме дека самите сме ние виновни за тоа што тие не оставиле... Дали може се да се поправи да се врати како што било порано кога сме биле среќни со тие особи ...

Секогаш сум се борел за тоа што вреди таков сум по природа борец и оптимист.Ако си виновен докажи дека си згрешил и пробај да се смениш ама биди искрен,Да се поправи и да се врати зависи од неа каква е на простување и дали ќе даде шанса,и во секоја борба имаш одредени граници некогаш мора да сфатиш дека тоа е тоа нема што повеќе да бараш,најчесто сфаќаме што сме имале од кога ќе зезнеме нешто или изгубиме.
--- надополнето: 13 декември 2011 во 03:25 ---
Си ја изгубил поради тоа што си бил многу љубоморен ... Љубомората велат ја гуши врската ... во таков случај ?

Љубомората не само што ја гуши врската може и психички да те утепа.Дозирај ја и неа до одредена граница сите ја имаме кај некој пецка кај некој е посесивност.
 
скршеното нешто можеш да го залепиш, но секогаш ќе има лузна
Напротив. Бев во подолга врска каде што немав мозок и сеуште очекував кокошката да се смени. Тоа беше долг период. Бев толку наивен и глупав, што можев да и простам на се, па дури и изневерувања. Но не беше онака лесно само простување. Имав болки за кои неможете ни да замислите, но не е битно сеа да се отворам толку приватно. Таа си го ладеше , јас "боледував", бев завлезен во некој темни мислења и така натаму. Но еден ден , кога станав бев како нов. Ништо не осеќав ни болка ни ништо. Едноставно речено кренав глава, и размислив за работите кои ги пропуштам додека се лади таа со мене. Мислев на работите кои се околу мене, дека постои некаде таму пишана за мене. Средив сите мисли, завршив со неа. Но, за жал сеуште остана она во мене дека никогаш нема да најдам некоја перфектна што ќе можи да имам сериозна врска со неа и да ме сака искрено.

Еве сеа дојдов до тоа ниво. Сепак се случи случајно за нешто што никогаш не би го ни очекувал ! Се заљубив во другарка( а и таа во мене), што ја знам повеќе од 6 години,а никогаш ни на крај памет не ни дошло тоа дека ќе биидме заедно.Можам да кажам дека сите тие лоши лузни што ги велиш ти, таа ми ги скрати и направи да ги нема. Сеа не ни можам да се сетам што било тогаш во врската , па не ни се обидувам. Заборавив засекогаш, како да било тоа само сон или воопшто да не се десило. Како го направи тоа? Епа од денот кога почнавме, до ден денес ми ја покажува вистинската, искрена љубов. И сеуште ќе ми покажува како и јас неа.

Значи сето ова сакам да кажам ,дека сепак во животот само еднаш ќе ја најдиш вистинската љубов. Другото се ќе биди лоша копија. Е сеа дали знаеш да ја зачуваш или не, тоа е друго.
Тоа и сакав да кажам во врска со темава.Тоа што е до мене сеа, се борам и тоа како за тоа да остани до мене. Се борам и не е тоа ништо страмо или смешно. Едноставно тоа е вистинското нешто што ќе остани во животот до тебе, ако знаеш да го зачуваш, а не ако изиграваме "недопирливи", или нз како да ги наречам поинаку. Таа е твоја и единствена за тебе, и нема да посака ниту еден друг ако знаеш искрено и вистински да се бориш за неа!
 
Во твојот случај не треба. Љубоморните луѓе треба да се стрелаат себе си, зашто ништо добро таа не носи. Жал ми е.

Општо, фала богу дека треба да се бориш за све во животот. Некогаш ќе победиш, многу пати ќе изгубиш, ама ако се одлучи човек да чека работите сами да дојдат, онда боље нека легне одма у Бутел у првиот гроб што ќе го види и нека чека да поминат духовите да го преплашат до смрт и да умре од срцев удар. :toe:
 
Овааа тема ја отварам со еден циљ.... Ќе поставам одредени прашања сакам искрени одговори ...
Дали треба да се бориме за девојка/дечко кого/која вистински го/ја сакаме ???

Не, се што си е твое само ќе си дојде кај тебе :)
 
Секако дека вреди, ама секогаш треба да постои некоја граница до кај да се оди. Не може некој упорно душата да ја вади на другиот, и пак во тој случај да вреди тоа борење затоа што се работи за вистинска љубов.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom