Дали сте знаеле дека...

  • Креатор на темата Креатор на темата deXterche
  • Време на започнување Време на започнување

deXterche

тадаммм
Член од
12 февруари 2006
Мислења
4.920
Поени од реакции
942
Возраст
39
Локација
@home
- Првиот пребарувач на интерент е Archie од McGill универзитетот изработен во 1990 година. Напишан е од Alan Emtage, Bill Heelan, и Peter J. Deutsch. Тој индексирал само FTP архиви и работел на Gopher протокол

-Tim Berners-Lee е деволоперот кој го основал World Wide Web-от во Март 1989.

-Серверот на кој работел Tim Berners-Lee е всушност и првиот Веб сервер наречен NeXTcube

-Првиот веб пребарувач се вика WorldWideWeb и е направен од страна на NEXTSTEP. На него работел Tim Berners-Lee

-Првата веб страна е хостирана во 1991 година и се базизрала на HTTP протоколот. Копија на оригиналот може да се најде тука

- Првата поголема мрежа e ARPANET и служела за комуникација на војската а дизјанирана била да издржи нуклеарен напад. Изградена е во 1975

-Првата e-mail порака е испратена во далечната 1965 година на терминал од IBM, кој служел за комуникација меѓу студенти

-Бил Гејтс го напуштил универзитетот за да основа своја комапнија која ја нарекол Microsoft. Тој дипломира во 2007 година

-Првиот вирус бил наречен Creeper и се појавил на ARPANET мрежата во раните 70-ти. Ги напаѓал TENEX оперативните системи и испраќал порака "I'M THE CREEPER : CATCH ME IF YOU CAN."

Продолжете
 
-Првата e-mail порака е испратена во далечната 1965 година на терминал од IBM, кој служел за комуникација меѓу студенти

65 ептен рано :)
 
не, само ова за Бил сум чул, 65та?? да не грешиш?
 
Туториал: Компјутерски Мрежи и Интернет

>> Компјутерски Мрежи

Компјутерската мрежа е група на меѓусебно поврзани компјутери со цел за размена на информации и заедничко користење (делење) на централната меморија, надворешната меморија и останатите делови на компјутерот.

Компјутерите во мрежата во зависност од нивната улога во мрежата можат да се поделат на компјутери-клиенти и компјутери-опслужувачи(сервери).
Компјутерите-клиенти работат самостојно користејќи ги своите приклучени уреди, но воедно се во состојба да пристапуваат и на компјутери-опслужувачи на мрежата кои физички се наоѓаат во друга просторија, зграда, град или држава.
Серверите имаат задача да ги опслужуваат клиентите и обично тоа се компјутери со поголеми мемории, поголеми брзини и повеќе приклучени уреди.
Во зависност од местото на компјутерите во мрежата се разликуваат: локални мрежи (LAN - Local Area Network) - кога комјутерите во мрежата се географски блиски (во иста просторија или училница, во иста зграда или физички блиски згради); широко распространета мрежа (WAN - Wide Area Network) - кога компјутерите во мрежата се географски оддалечени (оддалечени згради, други градови, земји и слично).

>> Интернет

Интернет е компјутерска мрежа од голем број мрежи од целиот свет поврзани меѓу себе. Мрежите се лоцирани каде било на Земјината топка и физички се поврзани со помош на кабелски и сателитски врски. Историјата на Интернетот започнува во 60-те години кога е развиена мрежата под име ARPANET на Службата за развој и истражувања при Министерството за одбрана на САД. Оваа мрежа за првпат успеала да поврзе оддалечени компјутери кои разменувале податоци и информации меѓу себе. Оттогаш до денес Интернет доживува голем пораст.
Интернет е најголемата мрежа од мрежи, најголемата ризница на информации, но и единственото место кадео што милиони корисници ги наоѓаат потребните бизнис информации, ги читаат најновите електронски изданија на омилените списанија и книги, го земаат најновиот софтвер за нивните домашни компјутери, купуваат, се едуцираат, разговараат, дискутираат....
Сервисите на Интернет, како: WWW (World Wide Web), e-mail (електронска пошта), telnet (далечинско приклучување на компјутер), ftp (далечинско преземање/испраќање датотеки), IRC (Internet Realy Chat - систем за разговор на далечина), USENET (конференцииски систем) итн., и нивното познавање, се составен дел од денешната општа култура наобразба на секој поединец. Не постои возрасна граница за корисниците на Интернет.
 
Се е добро ова што си го напишал но негледам место за дискусија.
Ај ќе гледам да ја спојам со некоја слична и во иднина не отварајте теми во кои неможе да се развие дискусија, има википедиа за вакви информации а оваа е форум (дискусиона група во буквален превод)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom