Freddy Krueger
The Dream Master
- Член од
- 18 март 2009
- Мислења
- 2.236
- Поени од реакции
- 2.028
Дали Paul McCartnеy е мртов Бројни теории се обидуваат да докажат дека славниот Beatle умрел во 1966 година...
Легендата за смртта на McCartney (митот со време добил и службен наслов - Paul is dead) се темели на многуте трагови кои можат да се пронајдат во оставнината на The Beatles, а многумина мислат дека гласините почнале од самиот бенд, за да се зголеми и онака огромната популарност на ливерпулската четворка. Траговите за кои се фаќаат поборниците на оваа бизарна теорија, можат да се најдат секаде: во пораките кои се слушаат кога некои песни се враќаат наназад, симболичните интерпретации на некои хитови и симболите кои можат да се најдат на омотите на албумите.
Гласините за смртта на популарниот McCartney биле предмет на многу социолошки истражувања, а со време теоријата пораснала, се развила и зазела цврста позиција во историјата на популарната музика. Првата позната новинарска колумна за оваа урбана легенда се појавила во Times Delphic, весник кој е печатен на универзитетот Drake во Iowa, на 17 Септември, 1969 година. Во јавноста теоријaта појасно била пласирана три месеци покасно, кога Russ Gibb, DЈ во радиото WKNR во Dearborn, Michigan, добил повик од слушател кој се идентификувал како Tom, и кој во етерот изјавил дека Paul McCartney е мртов. Мистериозниот Tom го советувал на Gibb да ја пушти песната Revolution 9 наназад, а она што малку подоцна се слушнало бил гласот на John Lennon, кој зборувал: „Turn me on, dead man“. Некогашниот музичар од Detroit, Terry Knight, ги посетил Битлси во студиото додека го снимале прочуениот White Album, кога од групата ненадејно заминал Ringo Starr. Иако се чинело дека песната на Knight, „Saint Paul“ настанала по таа посета и била посветена на самиот распад на групата, самиот автор еднаш на радио најавил дека е посветена на покојниот Paul McCartney. Оваа песна била единствена која била објавена од издавачката куќа Maclen Music, во власништво на Lennon и McCartney.
Теоријата за смртта на Paul McCartney е обработена во книгите: „McCartney Dead: New Evidence Brought to Light“ од авторите Fred Labour и John Gray, „ Turn Me On, Dead Man“ од новинарот Andrew Reeve и „Rumours from John, George, Ringo and Me“ од Benjamin Fitzpatrick. Појавата на интернетот ја проширила теоријата за смртта на McCartney до невидени размери. На многу сајтови се споредувале стари и нови фотографии од басистот на Битлси, па многумина тврдат дека Paul на сликите пред 1966 година не е личноста која подоцна се појавува со неговото име. Најуверливо се чинело истржувањето на италијанскиот пар, компјутерскиот стручњак Francesco Gavazzeni и докторката Gabrielle Carlesi, кои врз база на формата на черепот, положбата на ушите и забите, утврдиле дека е голема веројатноста Paul McCartney од старите слики и овој денешниот, не се иста личност.
Најпознатата приказна за смртта на музичарот гласи дека Paul на 9 Октомври 1966 година се скарал со останатите за време на снимањето на албумот „Sgt. Pepper's Lonely Hearts Club“ па протестно излегол од студиото, влегол во својот Austin-Healey, удрил во улична светилка и починал на местото на несреќата. Приказната уште е докажана и со анализа на различни песни, како „A Day in the Life“, „Revolution 9“, „Lady Madonna“ и многу други. Медиумите не излегле наредниот ден по несреќата затоа што било празник , па наводно оваa сообраќајна несреќа останала незабележана, а тоа се тврди и во песната „She's Leaving Home“. Поборниците на оваа приказна веруваат дека Paul бил заменет со победникот на натпреварот во кој се барал двојникот на McCartney. Медиумите пишуваат дека на тој настан победил William Shears Cambell - Billy, некогашен полицаец (тоа е опишано во песната She Came in Through the Bathroom Window). Вистинските докази за сообраќајната несреќа ги нема, но познато е дека тогаш медиумите се известени дека Mini Cooper-от на Paul е целосно уништен од негов пријател.
За сето тоа, Paul McCartney изјавил: „Сите тие работи кои се случуваа и кои доведоа до вакви гласини, ми се чинат логични, но секој трач има свое неверојатно објаснување. Сите оние кои сакаат да веруваат во оваа теорија, не сакам да и им ја рушам фантазијата и да ги уверувам во спортивното. Можете да верувате во што сакате, но кога на крајот ќе заклучите дека сум мртов, да знаете дека живеам во Шкотска“!
Трагови и докази кои можат да се најдат на омотот на албумот Sgt. Pepper's Lonely Hearts Club - 1967 година
1. Сите личности на предниот омот на албумот, гледаат во нешто што наликува на гроб.
2. Жолто цвеќе (под натписот Beatles) прави облик на бас-гитара (Paul беше басист во бендот).
3. На жолтото цвеќе се три жици на бас гитарата кои го симболизираат бројот на преостанати членови.
4. Ако внимателно се погледне, може да се види дека жолтото цвеќе е наместено да испишува Paul.
5. Десно на омотот се наоѓа кукла со пругаста маичка, во чие крило се наоѓа автомобил со закрвавена внатрешност. Автомобилот е модел на оној во кој Paul загинал.
6. Под буквата Т во зборот Beatles, се наоѓа хиндуистичкото божество Шива, кое со раката покажува на McCartney.
7. Членовите на Beatles стојат точно позади големиот тапан во средината на фотографијата. Lennon, Starr и Harrison се прикажани тродимензионално, а McCartney изгледа како да е направен од картон.
8. Само Paul држи црн инструмент во рацете, што се појавува и на други фотографии направени подоцна.
9. Над главата на Paul се наоѓаат нечии отворени раце. Се смета дека таквите призори во древната уметност се користеле за да се означи личноста која наскоро ќе умре или која умрела неодамна.
10. Некои истражувачи успеале во натписот на тапанот во средината на омотот, да дешифрираат скриена порака која гласи „One He Die“ (Еден умре), а која може да се прочита само ако натписот го проучувате со огледало.
11. Зголемениот приказ на фотографијата покажува дека McCartney на левото рамо ги има буквите O.P.D, што би значело Officially Pronounced Dead - чест медицински поим.
Ако сето ова е точно, тогаш кој е овој?!
извадоков ми е од интересно.ком.мк
што мислите вие за овоа??