Дали почитувате туѓи мислења?

  • Креатор на темата Креатор на темата Дивајн
  • Време на започнување Време на започнување
Gregor Ептен ти одговара аватаров !

Почитувам туѓи мислења дури имаат смисла, ако почнат да трескаат глупости се правам дека ги слушам.
 
Туѓи само од луѓе кои ме интересира да им слушнам мислење. Луѓе кои знам дека ќе ми дадат друга перспектива на мојот проблем или што и да е, перспектива која знам дека мене нема да ми текне.

Се додека не ги слушнеш нивните мислења не можеш да знаеш за нивната перспектива.Добро е секој да се ислуша,а тоа не значи дека се мора да се прифати.Јас почитувам туѓи мислења,а самиот ги прилагодувам и усовршувам,конкретно за лична прилагодба.Освен тоа толерантен сум и кон наметливи личности сезнајковци,ама секогаш гледам ситуацијата да ја свртам во хумор,а со тоа тие индиректно би се чуствувале повредени,подобро така отколку во почетокот да им противречам и да предизвикам расправија.
 
Почитувам туѓо мислење затоа што сакам и моето да го почитува другиот ...Но тоа не значи дека се слагам и дека вреди да се полемизира со секого ...
 
Најмногу ги сакам оние дискусии, каде соговорникот после неколку битки на умовите и размена на спротивни мислења, посегнува по онаа старата : „Шо се па ти разбираш, глуп неден!? Ќути и јади гомна! Не е така!"
 
почитувам се! воопшто немам проблем да сослушам некого, само што тоа не значи дека тука нема и да завршам. ако не се согласувам, не го ни прифаќам. си останува така во ветер, али испочитувано :P
 
Самопочитта силно ја осеќам во ситуации кога ќе испочитувам туѓо мислење. ДА!
 
Искрено не, затоа што понекогаш е подобро идеите, ставовите и мислењата кои ќе ни паднат на памет за нешто и некого, би било добро да останат таму каде што се односно да не се истолкуваат во зборови, почнувам од себе па се до последниот човек кој го знам.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom