Дали образованието образува или вообразува?

Ljupco Meljata

AJFON ILI ANDROID you choose
Член од
11 ноември 2007
Мислења
1.726
Поени од реакции
475
Еве една интересна тема за сите вас на Кајгана претпоставувам дека голем дел од членовите веќе имаат завршено Високо Образование или студираат на некој факултет .

Дали образованието такво какво шо е денес е неквалитетно продуцира нетолеранција ,нетрпение желба за самодокажување и некои други негативни појави,себичност и желба за пари.

Се разбира пишете ги и позитивните и дале може да биди подобро.
 
Ја познавам поинтелигентни поразумни и поскромни и покултурни и во морална смисла подобри луѓе кај оние кои не се формално високо образувани а кај овие другиве често сум приметил како се природно глупи и од нивната форма апла дречи немањето поента, содржина, често се и порасипани.
 
Зависи од карактерот, вообразен човек и да е високо образован и да е со 8мо одделение ќе си биде вообразен само што на различен начин ќе ја искажува вообразеноста.
 
Зависи кој ккао го употребува..ама според мене подобро прост човек,неголи вообразен интелектуалец..овој вториов може својата образба да ја искористи во страшно негативни цели..
 
Зависи кој ккао го употребува..ама според мене подобро прост човек,неголи вообразен интелектуалец..овој вториов може својата образба да ја искористи во страшно негативни цели..

Да создаде нуклеарка и да ти ја стави на глава? :)
Де објасни не се штеди со зборови. Како зависи од кој како го употребува?
 
Да создаде нуклеарка и да ти ја стави на глава? :)
Де објасни не се штеди со зборови. Како зависи од кој како го употребува?

Ме мрзи да штракам сега да пишувам романи, ама таква слика за мене е Фрчко..образован,начитан,речит,добар оратор..ама мислам дека делата му се лоши
 
Ох стереотипи. Простиот, но добродушен и скромен човек наспроти вообразениот, морално сив интелектуалец. Јас велам вообразеноста е понекогаш оправдана, но само понекогаш, сепак, образованите вообразени идиоти ги има повеќе од образованите вообразени генијалци. Не знам што друго да кажам, авторот на темава така ноншалантно ги фрли самодокажувањето и желбата за пари во негативната корпа, што дискусијата е основана на арбитрарни морални мерила.
 
Факт е дека образованието образува, тоа и му е целта. А тоа дали вообразува зависи од самата личност. Не гледам некаква поврзаност. Тој што е вообразен и со 5то одделение ќе си биде вообразен.
 
Факт е дека образованието образува, тоа и му е целта. А тоа дали вообразува зависи од самата личност. Не гледам некаква поврзаност. Тој што е вообразен и со 5то одделение ќе си биде вообразен.
toj so peto nema da bide tolku voobrazen zosto sigurno ima nekoi po skolovani sto ke go vregaat za obrazovanieto i nema da moze da se ponasa tolku
 
Мислам дека образованието образува а функцијата вообразува - пред се поради тоа што толку луѓе буквално се клањаат на функционерите, кои патем се образовани. Дури и да не сакаат да станат такви, најчесто мораат за да имаат малце мир од „пријателите“ кои ќе се намножат по доаѓањето на функција.
 
Ја познавам поинтелигентни поразумни и поскромни и покултурни и во морална смисла подобри луѓе кај оние кои не се формално високо образувани а кај овие другиве често сум приметил како се природно глупи и од нивната форма апла дречи немањето поента, содржина, често се и порасипани.
точно тоа никогаш не е зависно едно од друго потполно се согласувам
 
Јас ќе ви кажам една голема вистина.....и најсилниот човек на планетата е под команда на интелектуалец.

Многу пати ми се случувало во живо да седнам со битанги тешки,со 5одд одвај завршено..а досие подебело од нив...и чудна работа како веднаш се преобразуваат во мачиња,кога во нивна близина ќе седне образован човек.

Значи мислата ми е...дека простиот човек се плаши од образованиот.
 
Кој како ќе го сфати, јас барем го сфаќам како образување кое ќе ми помогне утре да работам нешто, а некој го сфаќа како себепромоција и докажување дека еве он завршил школо и е многу паметен и работи на државно и заработува 250 евра, а кога би го искористил тоа да работи за себе или во некоја приватна фирма би заработувал најмалку 1000Е. Формалното образование е за да направиш пари од него, никој не е будала да помине 4-6 години на факултет за утре да се фали или пак има и такви будали кои си го трошат времето на факултет за да утре родителите се гордеат со нив.
Сепак зависи од човекот како го сфаќа формалното образование, дали од тоа што ќе го научи утре ќе му биде животна егзистенција или за себе промоција утре кога ќе собира лисја и ѓубре во паркот ќе се теши дека има диплома.
 
Нема правило... Некои образовани се со никаков карактер, а има и необразовани кои се прекрасни луѓе. Секој човек е приказна за себе.
Да објаснам со пример: Постојат и образовани луѓе кои се залагаат за, срамните, гнасните и омразените рампи, зони и пајак-возила, иако со нив се прави дискриминација што е најсрамно дело спротивно на основното право на човекот да биде еднакво третиран како другите луѓе.
 
....изјава на еден професор кој го почитувам "Вие не сте тука за да научите нешто ново, вие сте тука за да научите да го употребувате наученото"...."Наша задача е од вас да направиме луѓе"....штета што професорите како него се реткост

....во Македонија целта на образованието е да се дојде до парче хартија на кое што пишува ДИПЛОМА...се останато е небитно

...целта на образовните институции покрај пренесување на знаење е и воспитување и изградба на студентот како целокупна личност....за жал во нашиот образовен систем студентите влегуваат и излегуваат со воспитувањето што го добиле дома или на улица
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom