Дали научниот метод е најсоодветниот начин за осознавање на реалноста?

  • Креатор на темата Креатор на темата Daedalus
  • Време на започнување Време на започнување
ова е исто како да кажеш митохондриите се развиени за нас, зошто ни ги зголемува шансите да опстанеме, преку поефикасно растурање на енергијата и тежнеење кон поголема ентропија.

која е таа стварност-вистинска? има ли невистинска стварност?
Фигура на говор е, нема некоја виша интенција у целиот муабет, според мене. Можда има, ама не би знаел. Се погодило да развиваме наука и тоа ни ги зголемило шансите за опстанок.
 
Сигмунд Фројд во сериозните односно последните години од неговиот живот многу се судира со рамките и ограничувањата на науките и онаа слобода што ја даваат и што ја почитуваат природните науки, на совршен начин го објаснува тоа Фројд и се обидува да балансира, иако одсекогаш во ставовите слободар во истражувањето и ставовите.
 
...прво треба да бидеме начисто што е во суштина реалноста сама по себе па да одговараме на ова прашање :)
 
...прво треба да бидеме начисто што е во суштина реалноста сама по себе па да одговараме на ова прашање :)
Збор. Треба да го означува тоа што постои. Што значи нешто да „постои"? Работите што манифестираат некаков ефект кој ние можеме да го опсервираме, постојат, а можда постојат и такви кои прават нешта што не можеме да ги опсервираме. А што е „ефект" и што се „работи"? Така до недоглед...

Филозофијата завршува со јазикот кој е ломотење како резултат на тоа што ни е у глава.
 
^ Дефинирај ми го секој збор у твојот пост, па да збориме, да видиме на што точно мислиш кога викаш:
"Збор. Треба да го означува тоа што постои. Што значи нешто да „постои"? Работите што манифестираат некаков ефект кој ние можеме да го опсервираме, постојат, а можда постојат и такви кои прават нешта што не можеме да ги опсервираме. А што е „ефект" и што се „работи"? Така до недоглед..."
 
Спремај се за кафе и не го дрви. XD
 
Збор. Треба да го означува тоа што постои. Што значи нешто да „постои"? Работите што манифестираат некаков ефект кој ние можеме да го опсервираме, постојат, а можда постојат и такви кои прават нешта што не можеме да ги опсервираме. А што е „ефект" и што се „работи"? Така до недоглед...

Филозофијата завршува со јазикот кој е ломотење како резултат на тоа што ни е у глава.

Работа нема а ефект од тоа е да се исселиме во Америка лепи.
 
После три години...

Луѓето во голема мера, сакаат да ја изгубат својата индивидуалност и слобода, сакаат да се сигурни за работите и да имаат некоја контрола врз околината. Све што прави филозофијата, кога станува збор за епистемиологија, е поткопување на потребата за верување, со лопатата на скептицизмот. Секој што емотивно бил закопан со истата, ја знае потребата за бегство од слободата.

Така да филозофијата околу овие прашања, може комотно да си ја напика сопствената секира во газот. Има песто милиони начини на кои може да се поткопа валидноста на науката. Сепак науката е најдоброто нешто што го имаме за стишување на стравовите кои ги носи неизвесноста. Но иако сите, во име на педантноста, имаме некој прагматски пристап кон истата, свесни за сите епистемиолошки проблеми, тоа не е и не може да биде доволно. Без искрено, можеби и некое фанатично верување во емпиризмот и логиката, такво какво што имаат искрените верници, остануваме обични невротици.
 
http://mk.wikipedia.org/wiki/Наука

Интересно:
Што Вие би рекле за мене ако јас кажам:
Планината Водно е направена од злато и дијаманти, а на Вас само Ви се причинува дека е од земја и камења?
Би ти рекла дека лажеш затоа што и двајцата сме дел од човечката раса и да е точно и твоето прво тврдење, сепак ти не би го знаел тоа.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom