Дали мислите дека во денешно време постои вистинска љубов?

  • Креатор на темата Креатор на темата online-ever
  • Време на започнување Време на започнување
Се согласувам. Вистинската љубов иде над несовршените ситници, а главните работи мораат да бидат близу-совршени. Секако, секој си има свои критериуми за тоа кои работи му се " главни работи " у една врска.
Но критериумите се вадат/додаваат со тек на време и искуство, не паѓаат од ведро небо.
 
Тоа што растеш, созреваш и низ годините собираш искуство и не секогаш налетуваш на најдобрите, не значи дека љубовта не постои.
Дека „љубовта не постои“ е само изговор кој ако се заснова во став, создава само фрустрации.
Секој барем еднаш во животот рекол дека љубовта не постои, највеќе заради изгорениците кои до скоро ги доживеал. Најтажните се оние кои се сопнале од камче пред х години и сеуште го имаат тој став дека љубовта не постоела, наместо да променат малку од мајндсетот.
 
Не гледам што има тука да се мисли. Љубовта не постои се додека не ја најдеш. Нешто како мачката на Шродингер т.е додека не ја отвориш кутијата она е и жива и мртва аналогно на ова истото може да се каже за љубовта т.е она постои и не постои во исто време се додека не ја најдеш т.е не ја отвориш кутијата.

П.С Е сега дали за секој постои сродна душа тоа некако друг муабет е.
 
Зошто да не постои?...Секако има и многу материјалисти во денешно време на кои помили им се материјалните богатсвта но, колку и да одат со некој\а за пари сигурно барем еднаш вистински имаат засакано некој во животот.
 
Зошто да не постои?...Секако има и многу материјалисти во денешно време на кои помили им се материјалните богатсвта но, колку и да одат со некој\а за пари сигурно барем еднаш вистински имаат засакано некој во животот.
mnogu si vo pravo
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom