Ne sum baptist... ni pravoslavec... nesto kao padnat angel mu doagam...

ama taa kniga e epten dobra..... barem vo delovite za Avraam, David,.... ne ni pamtam koi drugi se spomnuvaa. ja citav pred edno 5-6 godini...
ama ne pamtam deka nesto imalo tamu za ikoni......
Моја грешка, не се работи за книгата "Верата на нашите татковци", туку за книгата "Православно Исповедание на Соборната Источна Црква" (печатена 1981), на страна 125-126 каде се говори за втората заповед и црковното објаснување за истата. Всушност целата книга ги објаснува елементите на православната вера на многу едноставен начин, разбирлив за секого.
А за иконите и идолопоклонството вели:
"Кога ги почитуваме иконите и се клањаме, не се клањаме на бојата или на дрвото, туку им се клањаме на тие светии чии се сликите, претставувајќи ги во нашиот ум така како да се пред нашите очи. Кога му се клањаме на Распнатиот, си го претставуваме во нашата мисла Христа, Кој виси на Крстот... и ги приклонуваме пред Него главата и колената со благодарност. Кога се клањаме пред иконата на Дева Марија, го креваме умот наш кон Пресветлата Богородица, преклонувајќи ги пред неа глаата и колената и, заедно со архангелот Гаврил, Неа ја нарекуваме блажена над сите луѓе и жени...."
"...Ако пак некој по својата простота им се клања поинаку од она што го рековме, тогаш е подобро таквиот да се поучи..."
При ова објаснување, споменато е дека "...за да се потврди посигурно клањањето на светите икони, Црквата Божја, на Седмиот вселенски собор ги предала на проклетство сите иконоборци и го одобрила почитувањето на чесните икони и за сите векови го потврдила (деветтото правило на тој Собор)."
иконоборци=оние што се бореле против иконите клањањето кон иконите.