Дали го одобруваме штрајкот организиран од СОНК?

  • Креатор на темата Креатор на темата ABC
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.

ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
193
Деновиве започна штрајк на просветните работници организиран од нивниот сендикат СОНК.Би било убаво да се продискутира и на оваа тема со осврт на тоа дали има политичка инволвираност во организацијата на овој штрајк,и дали штрајкот го оправдуваме или мислите дека просветните работници бараат “преку леб погача“?
 
Не го оправдувам.
Што е работава со нив и они веќе незнаат имаат доста солидна плата и не им треба повеќе а што да кажам социјалците и оние кои работат во конфекциите и што зимаат 6.000 - 7.000 денари.
 
некој со работат по 10 саати зимаат по 8 илјади овие со 16 илјади за 4 саати и усе се бунат:nenene:
ама не се иде у сколо тоа е добро :)
 
Не го одобрувам. Навистина претеруваат.
 
Не го одобрувам...
Да даде госпот 3месеци да протестираме и ни едно барање да не им исполнат:baeh:
 
Ама и самиот министер им признава дека платите на просветните работници навистина не им биле на завидно ниво?:toe:
 
Сонк бре, Абеце, не Сонг:) Не е ова песна:)

Малку им било 6000денари неделен надоместок, сакале повеќе...А не се запрашале колку дипломци чекаат работа, и живеат со социјалната помош на родителите, од 2000денари? Треба малку да се солидаризираат, а не само да цицаат, а политичките партии (независно дали по или опо зиција) не треба да се мешаат во Синдикалните работи, ама во Македонија е практика да се користат и Синдикатите во политички води...

Да не бидам погрешно сватен, мислам дека заслужуваат да бидат поплатени....Ама се во своето време... А ако му се даваат поголеми плати на Административците, мислам дека и Просветарите треба да земаат повеќе...
 
Го едитирав малце насловот СОНК, не СОНГ :)

Инаку, го оправдувам протестот.
Колку што знам, од муабети со луѓе вработени во јавна администрација (вклучувајќи судови, државни органи, просвета, здравство), просветарите се со најниски примања.
А и тие луѓе учеле факултети, трошеле време и пари. Не се ништо помалку вредни од нивните високообразувани колеги од другите органи.
Некои земаат хранарина од по 3000 ден. и повеќе.
Нека земаат и просветарите. Помалку јадат или?
Можеби ова и не е најсреќно решение за остварување на нивните права, но ако не бара детето цицка, нема ни да ја добие.:)
Мислам дека државата своите вработени треба да ги третира исто, барем во делот на надоместоците за храна и пат.
Не навлегувам во сложеноста на професиите и задачите кои вработените ги извршуваат во различни органи.
Образованието го сметам како една многу благородна професија.
 
Сонк бре, Абеце, не Сонг:) Не е ова песна:)

Малку им било 6000денари неделен надоместок, сакале повеќе...А не се запрашале колку дипломци чекаат работа, и живеат со социјалната помош на родителите, од 2000денари?

Е добро бе сум ги згрешил.:smir:
 
Го едитирав малце насловот СОНК, не СОНГ :)

Инаку, го оправдувам протестот.
Колку што знам, од муабети со луѓе вработени во јавна администрација (вклучувајќи судови, државни органи, просвета, здравство), просветарите се со најниски примања.
А и тие луѓе учеле факултети, трошеле време и пари. Не се ништо помалку вредни од нивните високообразувани колеги од другите органи.
Некои земаат хранарина од по 3000 ден. и повеќе.
Нека земаат и просветарите. Помалку јадат или?
Можеби ова и не е најсреќно решение за остварување на нивните права, но ако не бара детето цицка, нема ни да ја добие.:)
Мислам дека државата своите вработени треба да ги третира исто, барем во делот на надоместоците за храна и пат.

Благодарам Струмиксе за твоето будно око.:smir:
 
Го оправдувам протестот, но мислам дека не е време во моментов за ваков штрајк бидејќи ќе наебат сите кои ќе штрајкуваат.

Поминаа времнињата кога Македонија беше демократска земја кога можеше секој слободно да штрајкува, да го искаже својот став на било каков начин, денес ова што се прави е вистински притисок врз вработените во секторот образование и им препорачувам веднаш да го прекинат, зошто на овие толку им сечи веќе почнале со печатење решенија за отпуштања и казни.
 
А како тоа почнале со печатење решенија за отказ?
По кој основ?
Ај не тресете зелени!
 
не го одобрувам
кај им се покачени платите па уште сакаат
 
Не го одобрувам штрајкот бидејки не е добро организиран, пропушта на сите страни, не ни треба штрајк само во една гранка, треба општ генерален штрајк и не само за плати и надоместоци само во администрацијата која патем е на врат на другите работници.
Потребна е тотална парализа на системот, па ваљда некој ќе се свести какви рестриктивни ограничувања на работничките права озаконува.
 
Отвараш интересен аспект на случувањата, воне:

Кога Муратовски организираше штрајк, т.е. ССМ, СДСМ отворено застана на нивна страна, со поддршка, но и со испраќање членство.
Ама, Муратовски е нивен човек.
Организира СОНК со Цветановски штрајк, СДСМ ги нема никаде со поддршка. Затоа што апла знаеме дека Дојчин е (беше???) со ДПМНЕ.
Сега, кога тргна штрајкот како што тргна, СДСМ ќе се обиде да поентира.
Заклучок:
Се се тоа квази синдикати кои всушност врска немаат со синдикално организирање во форма каква што треба да биде, туку се некакви интересни организации блиски до центрите на моќ, какви што се партиите.
Оттука логично произлегува единствениот заклучок дека т.н. синдикати се само средство за политичка манипулација и собирање политички поени од страна на оние кои ги контролираат.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom