- Член од
- 1 мај 2009
- Мислења
- 204
- Поени од реакции
- 52
Прашањево ми надојде поради сиромашната понуда на македонските телевизии кои немаат апсолутно ништо ново. Емисиите кои ги прават се неколку класи подолу од оние што се изработувале до пред 10 години. Не е решение да се навраќаме на стари работи но кога нема избор и тоа како е потребно да ги има тие емисии нарочито за одржување на јазикот и идентитетот. Во уводната шпица на емисија за изучување букви и зборови на Канал 5 (чинам беше) го има зборот ШОПИНГ!!!!?!? Се запрепастив кога го видов тоа и тотално се разочарав...си викам, нема надеж од новокомпонираните срања, ништо ново, ништо корисно.
Прашањето ми е дали некој имал искуство со потрага по материјали од архивата на македонско радио и телевизија. Дали е можно да и пристапам таму и да побарам некоја си емисија, да речеме од Македонско Радио, од на времето. Посебно ме возбудуваат емисиите што ги говори Иванчо Митревски-Мајсторот, а да не збориме за Бушава Азбука! Жалосно е што ги нема на ДВД.
ваше мислење?