Дали да се земе Apple продукт?

  • Креатор на темата Креатор на темата Dr.House
  • Време на започнување Време на започнување

Dr.House

Аудиофил
Член од
18 февруари 2010
Мислења
2.549
Поени од реакции
3.847
Последниве денови сум “запален“ по епл продукти откако пред 2 месеци земав iphone 4.. Моето прашање е дали вреди да се земе епл продукт(планирам во блиска иднина да земам ипад, понатака и Mac Book Pro за правење видеа за јутуб game commentaries ... ). Ајпедот ќе го земам чисто ради престиж и ради неој други причини, но во глобала прашањето е дали епл продуктите вреди да се земат иако очигледно во голем дел од цената спаѓа и брендот...
Заборавив да напоменам дека имам ipod classic 80гб кој не ме воодушеви многу.. За џабе плукнати 250 евра... (на времето пред некој 3 години го земав, тогаш беа поскапи)
 
Голема шминка им се лаптопите за многу пари. За останатите производи немам инфо.
 
Земи го iPad 2 и ќе бидеш презадоволен. Моментално најкористени телефони "беа", скоро ги престигнаа Самсунг. Иначе вреди, да. Квалитетен производ, премногу нежни се и МОРА да се има некаква заштита за нив. Јас од брзината на процесорот сум задоволен, и од остали перфоманси. Е сега малце и повеќе го плаќаш и брендот. Иначе важат мислам и за најбогата ИТ компанија.
 
Си има квалитет висок, дизајнот им е секс посебно на лаптопите, стабилен софтвер али ако толку имаш пари од фазла купи си но според мене се скапи
 
Земи го iPad 2 и ќе бидеш презадоволен. Моментално најкористени телефони "беа", скоро ги престигнаа Самсунг. Иначе вреди, да. Квалитетен производ, премногу нежни се и МОРА да се има некаква заштита за нив. Јас од брзината на процесорот сум задоволен, и од остали перфоманси. Е сега малце и повеќе го плаќаш и брендот. Иначе важат мислам и за најбогата ИТ компанија.

ме интересира дали имаш ипад 2 ? и која верзија со 3г или само со wi-fi и која меморија.. И каква заштита користиш ? И случајно да не учиш во Корчагин ? ;)
 
ме интересира дали имаш ипад 2 ? и која верзија со 3г или само со wi-fi и која меморија.. И каква заштита користиш ? И случајно да не учиш во Корчагин ? ;)

Завршив средно. Иначе ако си заинтересиран за Ајпад 2, може да имам нешто следниве 2 недели (но не сум целосно сигурен). Најдобро за едно 15тина дена да ме контактираш во ПП па да ти кажам што е како е (зошто можно е да заборавам). Ако си стварно заинтересиран. ;)
 
Сум работел на Mac Book Pro, и она што стварно ме импресионира беше тоа што апсолутно невозможно е да сецни/закочи машината... Графиката и дизајнот се исто така перфектни, се на се беспрекорни продукти има Apple од тој поглед. Ајпед-от на прв поглед го гледав како скапа и useless играчка, али сега се повеќе ми се допаѓа.
Од друга страна цените се можда и превисоки, но се што вреди си има цена.
Apple кај нас е слично како кола со автоматски менувач, а се заеби поарно купи нов отколку да го сервисираш, што не е во случај со останатите брендови.
Друга негативна работа е тоа што продуктите се баш наменети за амерички пазар, па така еве пример Siri не би функционирал баш сјајно во Европа.
Али Apple e Apple :)
 
Завршив средно. Иначе ако си заинтересиран за Ајпад 2, може да имам нешто следниве 2 недели (но не сум целосно сигурен). Најдобро за едно 15тина дена да ме контактираш во ПП па да ти кажам што е како е (зошто можно е да заборавам). Ако си стварно заинтересиран. ;)
важи важи :)
 
Се се плаќа но немој да мислиш дека ЕЈПЛ е беспрекорен оперативен систем каде што ништо не да ти се случи

Еден другар имаше МАК бук Про и го наполни хард дискот компјутерот едвај работеше значи се си има лимит.

Инаку ако сакаш да работиш со графика океј друго се е исто Win 7 или 8 и Андроид се е тоа исто ако користиш Интернет и играш некоја игра.

Самсунг прави делови за Ејпл па сега види како стојат работите.
Инаку ПЦ има лоша репутација заради шкарт делови од КИНА кои нашите фирми ги ставаат еве на пример пробај на ДЕЛЛ или ХП да работиш и ќе видиш разлика.
 
Јас на фах работам на Mac Pro 2007 и баш ја работам final cut за монтажа на видео... Mac си грми, имаш опција за брзо ренденрирање за некој 15sec го пегла видеото, а ако земеш ти 2011 нема ни да осетиш рендерирање... замрзнување на display (квантизациска грешка) ќе ти биде непознат поим така да плаќаш име, ама и МАШИНА!
 
Од кога го купив ајпадот, се осеќам 2 пати посекси. Кога ќе излезе тројка, ќе бидам 3 пати посекси :)

Иначе, јас до пред некое време бев голем фан на ПЦ, и скоро во сите дебати бев непокорен :)

Сега планирам и постелнина со јаболко да купам.

Ај сега посериозно: Мислам дека најдобра зделка на јаболковите производи машина/пари е ајмек. Мак Про е многу скапа варијанта (3 х моќен десктоп за исти пари може да се состави), лаптопите (ако се за работа) пак мислам дека се скапи спема ПЦ-ата (освен макбук еир - скапо ама слатко - читај за задоволство а не работа, радо би го сменил лаптопот за него, можда наскоро). Ајмекот имаш се во едно (не мора да купиш монитор, значи тие 15000 денари за монитор одат за брендот ;) )

Откако зедов и Ајпед 2, иако го планирав само за да тестирам апликации (го гледав како промашена инвестиција), се повеќе се фаќам како мислам "зааакооон". Оди прекрасно добро во комбинација со Мак компјутери (било кој). Најчеста употреба - во кревет, си читкаш книга, сурфаш, листаш РСС како списание, гледаш видеа, играш игри...

За ајфон, немам некое високо мислење. Ајпадот е подобра варијанта, за телефон сеуште гласам за обичен, со тастатура.
 
Се се плаќа но немој да мислиш дека ЕЈПЛ е беспрекорен оперативен систем каде што ништо не да ти се случи

Еден другар имаше МАК бук Про и го наполни хард дискот компјутерот едвај работеше значи се си има лимит.

Инаку ако сакаш да работиш со графика океј друго се е исто Win 7 или 8 и Андроид се е тоа исто ако користиш Интернет и играш некоја игра.

Самсунг прави делови за Ејпл па сега види како стојат работите.
Инаку ПЦ има лоша репутација заради шкарт делови од КИНА кои нашите фирми ги ставаат еве на пример пробај на ДЕЛЛ или ХП да работиш и ќе видиш разлика.



Е ова и мене ми се случи, прво почна да кочи па да забавува и на крај нов хард диск по 2 години користење
А телефонот е одличен прво имав 2 сега 4 и не го мењам за ништо!!
 
Е ова и мене ми се случи, прво почна да кочи па да забавува и на крај нов хард диск по 2 години користење
А телефонот е одличен прво имав 2 сега 4 и не го мењам за ништо!!

Јако ќе биде ако ти си другарот, а вака не се знаете :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom