Да и помогнемe на Ивана Јанева да прооди

Член од
15 август 2009
Мислења
237
Поени од реакции
9
18-годишна девојка две години закована за кревет



ivana-janeva.jpg
Ивана Јанева

Некогаш одлична ученичка, сега последниве две години наместо на училиште, 18-годишната Ивана Јанева од штипското село Таринци ги минува во кревет.
Живее само со својата мајка, која морала да ја напушти работата за да се грижи за својата ќерка.
Цел свет на Ивана сега и е една собичка, откако не успеа првата операција на 'рбетот. За да прооди по втор пат, и требаат 8 илјади евра.
„Во Неврологија ни кажаа дека сега со операцијата оштетен ми е и нервот и дека ден од ден, ако не се преземат мерки на време, може да останам вака“, вели Ивана.
Спас од неподвижноста им понудил лекарски тим од болницата „Американ Хоспитал“ од Истанбул, но Фондот за здравство нема да им ги плати трошоците за лекување во странство, затоа што вакви операции се вршеле и во Македонија.
„Сега ги замолувам луѓето ако сакаат да ми помогнат, затоа што сега единствен спас ми остана во Истанбул“, рече Ивана.
По неуспехот од првата операција, Ивана и нејзината мајка повеќе не сакаат да ризикуваат.
„Со докторот се консултиравме и кажаа дека со тие проблеми, тој гарантира и сака да ја оперира и ја закажа операцијата на 17-ти“, вели мајката Тодорка Јанева.
А Ивана се надева дека конечно ќе може да застане на нозе и како порано наместо со болката, да се дружи со своите врсници.
Сметка за помош на Ивана:
Трансакциска сметка- 200001808025963
Стопанска банка
Ивана Јанева
 
Нема број, има сметка од банка само. Не знам каде живееш, ама каде и да живееш сум сигурен дека во ептен голема близина имаш некоја филијала на некоја банка. Влези, кажи им дека сакаш на таа сметка во таа банка да пуштиш толку пари, и немаш проблем :)
 
Нема број, има сметка од банка само. Не знам каде живееш, ама каде и да живееш сум сигурен дека во ептен голема близина имаш некоја филијала на некоја банка. Влези, кажи им дека сакаш на таа сметка во таа банка да пуштиш толку пари, и немаш проблем :)
Не е проблем донирањето, но доколку има броеви многу побрзо ќе се соберат парите.
 
Знам, ама немаме некој избор, па затоа препорачувам кога веќе немаме избор за полесно да донираме, да го искористиме и малку потешкиот начин, не е којзнае што :)
 
Знам, ама немаме некој избор, па затоа препорачувам кога веќе немаме избор за полесно да донираме, да го искористиме и малку потешкиот начин, не е којзнае што :)




еемм,во врска со донацискиот број,веќе сум се упатил за помош кај стопанска банка,за да воспоставаат контакти со семејстово во врска со бројот,очекуваам брз одговор,а не би било лошо да побарате низ весници или телевија ако веќе има:smir:
 
еемм,во врска со донацискиот број,веќе сум се упатил за помош кај стопанска банка,за да воспоставаат контакти со семејстово во врска со бројот,очекуваам брз одговор,а не би било лошо да побарате низ весници или телевија ако веќе има:smir:

Пријателе што направи ? Доби одговор ?
 
nisto seuste:toe:ke ispratim e_mail i do A1

Има надеж Ивана повторно да прооди. Хуманиот Телекабел денес донираше 1000 евра.
[FONT=Arial, sans-serif]

Има надеж за 18 годишната Ивана Јанева од селото Таринци. Нејзината болна животна сторија вчера по втор пат ја актуелизираше ТВ Стар, откако здравствената состојба на Ивана и се влоши, а самохраната мајка, повеќе нема пари за лекови против силните болки. По прилогот на ТВ Стар, веќе денес, граѓани беа во нашата телевизија и се интересираа како на Ивана да и помогнат. Мегутоа, веста на денот стигнува од Телекабел. Меѓутоа, за Ивана дефинитвно да прооди, потребни се 8000 евра за операција во Истанбул. Од овие причини, од хуманиот Телекабел во името на хуманоста и Ивана, порачуваат. За почеток, Акцијата Ивана да прооди, е повеќе од добра , но успешна ќе биде само доколку Ивана на своите 18 години повторно застане на нозе. Животна желба и е да оди. Можеби, многу бргу на некоја забава и ќе заигра. Се зависи, од нашата хуманост.


[/FONT]И советниците застанаа зад Ивана. За да прооди ќе издвојат по една дневница

[FONT=Arial, sans-serif]И советниците застанаа зад Ивана Јаневска од Таринци. За поворно да прооди, ќе издвојат по една дневница. [/FONT] [FONT=Arial, sans-serif] Иницијативата за советничка помош на младата Ивана доаѓа од претседателката на штипскиот совет Сузана Николовска, откако потресната приказна за болеста на Ивана ја видела на ТВ Стар.Доколку иницијативата се реализира, за операцијата во Истанбул Ивана ќе има нови 20.000 денари. Тоа е сумата што ќе се собере доколку сите 23-ца советници издвијат по 800 денари колку што изнесува една дневница.Иницијативата на претседателката на Советот, веќе со поддршка од советниците.Инаку, за да се изврши операција на ’рбетниот столб, со кој на 18-годишната Ивана и гарантира дека по две години помнинати во кревет ќе застане на нозе, потребни се 8.000 евра. Досега, 1.000 евра донираше кабелскиот оператор Телекабел.[/FONT]
 
Од шансата да прооди по вторпат 18-годишната Ивана Јанева од штипското село Таринци ја делат уште 3.000 евра. Уште толку и се потребни за да може на 17-ти јануари да замине во Истанбул на операција на рбетот.

Повеќе

И да ве потсетам на сметката:
Трансакциска сметка- 200001808025963
Стопанска банка
Ивана Јанева
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom