Cross-eyed 3D (3D без очила)

  • Креатор на темата Креатор на темата Limbo
  • Време на започнување Време на започнување

Limbo

maybe an alien
Член од
26 декември 2007
Мислења
835
Поени од реакции
1.471
Сте ја испробале ли техниката да гледате 3D видеа видеа без специјални наочари за тоа? Се што треба да направите е како што кажува самото име да ги „вкрстите“ очите, левото око да го движите надесно а десното налево (нешто како кога ќе го ставите прстот пред нос и ќе пробате да го видите, па ви се мешаат сликите од левото и десното око) со цел да ги склопите левата и десната слика, така што ќе се добие нова слика во средина која е 3D, значи се добива ефектот на длабочина на сликата. Најлесно е ако гледате во две точки и ги споите. Откако ќе ги споите сликата ќе ви остане фиксирана на средина. Може да биде малце напорно ако се гледа подолго време, но во секој случај е интересно...
(ако почеток ако не можете да ги споите сликите, пробајте со намалени)


crosseye.jpg

2462513958_20da235f50.jpg


На истиот начин може да гледате видеа, па дури и youtube има подршка на гледање на 3D видеата на овој начин. Пробајте со следното видео, има и објаснување околу техниката на cross-eyed гледање 3D:

 
Искрено, кој имал прилика и можност пред се да гледа Cross-eyed 3D знаеш што значи 3D фотографија. Боите се проклето реални без разлика дали се работи за DSLR од 500 евра или најефтиното идиотче од битпазар. Уште и доколку фотографот си ја знае работата тогаш можете навистина да уживате во чуството. Јас имам неколку такви фотографии направено и морам да признаам дека навистина те внесуваат во моментот и локацијата. Доколку ги откопам кај ми се обавезно ќе постирам некоја.
 
Исклучително тешка техника. Сепак, не вреди да се малтретираат очи за некаков 3D ефект.
На кој му успее од прв-втор обид океј, ама после тоа не вреди ни да се трудиш... Подобро задоволете се со другите начини за гледање на 3D со очила (Red/Cyan, Green/Magenta, Blue/Yellow или Interleaved rows).
 
Оууу навистина неверојатно, :vozbud:

ама не е добро за очите...
 
Нормално дека не е добро за очите, не се во нормална позиција.
Патем: Вреди да се обидеш, барем до 10-тиот обид...
 
Исклучително тешка техника.

Па не би рекол дека е исклучително тешка техника. Потешко е да се објасни/сфати што треба да се прави. Некои може да сфатат од прв пат, на некои им треба повеќе време да сфатат што треба, во секој случај секој може и не е толку тешко. Заморно... може да биде да ако се гледа подолго време.
 
Ја цел живот го праам ова од заебанција,не знаев дека било некоја втф техника.
 
хахаха, господ замисли и јас исто. Пази има Cross eye и paralel, мада и двете техники се тешки, а особено втората, незнам која си ја правел ти, ама јас ги имам совладано и двете.
 
Јасно е дека не е оваа техника соодветна за да гледа човек филм, ама навистина е интересна. Токму видеото кое е постирано го најдов пред доста време и ја усовршив техникава за 3Д гледање. :)
Закон работа е ако нема човек 3Д очила. Но некои луѓе мислам никогаш нема да успеат. :)

(Постирајте повеќе слики ако најдете!)
 
Листов е проклето реален :D
 
Првиот пат кога ми успеа, it blew my mind. Еве едно мноооогу добро и лесно за гледање видео (на моменти треба да си поконцентриран).

 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom