Значи, вака, во кодот на мажот е да ја заштитува жената/мајката на своите деца. Ако имаме ваква девијантна појава како што ја опиша во ова, постојат институции, развод..
Јас како машко, во никој случај не оправдувам насилство врз жени, тоа ми е под чест и принцип. Сите нас не изнервирале до крајност и девојка, и жена и некогаш мајка, сестра итн. Брате, ќе си ги собериш парталите, или ќе и речиш да се исели, разделба и крај на програмата, веќе ако е неиздржливо. Но да ја удриш, ти си крив во секој случај.
Дури и ако ја удриш во самоодбрана ти си кривиот ?
И поради тоа треба да бидеш законски избркан од сопствениот дом, па да завршиш на суд за семејно насилство ?
Мој роднина кој израсна 3 (ТРИ) деца со таа неговата, откри каква е дури откако почина татко му, бидејќи живееја во куќата на родителите негови - голема и удобна, и плус беше вработен како болничар со решение и со добра плата.
Но оваа неговава и` покажа заби на мајка му откако татко му почина - со навреди и со тепања, но само кога роднинава не беше дома, а мајка му не сакаше да му растура брак и семејство, па и` молчеше - во пракса мајка му беше жртвата. Но си дојде денот кога ја разоткри, па речиси на клоци - не буквално, туку фигуративно - ја испрати од куќата која за среќа беше на име на мајка му за да не може да му ја земе при разводот.
До толку му пукна филмот на роднината што намерно ја напушти работата во болницата за да нема никакви примања на хартија и за да не може да му одземе ништо за издржување на децата кои веќе беа пораснати, но законски има право да го молзи додека не наполнат 24 или 27 години освен ако во меѓувреме стапат во брак, не помнам точно. Си продолжи да си работи на црно и само пред 1 или 2 години кога ќерките му се омажија, а синот ги наполни над 20 години се вработи повторно.
А таа неговата бидејќи ги познава половина полицајци во полициската станица, редовно му поднесуваше пријави за неисплатена алиментација и издржување за децата, па роднината ги помина и 6 (ШЕСТ) месеци во затвор поради тоа, но не и попушти.
Во меѓувреме и мајка му почина, но до тогаш ќерките беа во полн пубертет и таа неговата не можеше да ги контролира - а му зеде целосно старателство, ќерките едно време не сакаа да го видат, а на синот му го одземаше мобилниот телефон за да не може да комуницира со татко му, роднината ќе му купи нов мобилен телефон, таа веднаш му го одзема на детето кога ќе дојде дома.
Бидејќи роднината заедно со сестра му ја наследи куќата од мајката нивна, а оваа неговава повеќе не можеше да ги контролира ќерките, ај што на крајот не виде ниту денар од алиментација и издржување за децата, туку и го замоли да и` помогне за да ги смири, иако веќе беа полнолетни и не можеше никако да им забрани да го посетуваат татко им.
Јас му се восхитувам на роднината за тоа што го истрпе од таа гнаса од жена, не знам дали јас би издржал некоја таква да не ја исфрлам на клоци од сопствена куќа откако ќе ја фатам на дело како ја малтретира и ја тепа мајка ми.