Црна Гора непризната од 72 држави

  • Креатор на темата Креатор на темата праведен
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
26 јануари 2010
Мислења
427
Поени од реакции
10
Независноста на Црна Гора, речиси четири години по референдумот за независност, не ја признале 72 од 192 држави членки на Обединетите нации(ОН), пишуваат денешни „Вијести“.
Списокот на држави што до 18. март оваа година не ја признале независноста на Црна Гора е дел од одговорот на црногорската влада на дополнителните прашања од Прашалникот на Европската комисија(ЕК).
Меѓу државите што не ја признале Црна Гора се и Венецуела, Боливија, Сомалија, Јемен, Чад, Етиопија, Гана, Саудиска Арабија...
Во одговорите на Владата се прецизира дека со посредство на црногорските дипломатски мисии започна процедура за признавање во случаите на Јордан, Кувајт, Либерија и други земји од Африка.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom