Codex Alimentarius
На Нирнбершкиот процес кон крајот на 2. светска војна, Fritz Ter Meer беше осуден заради направените злосторства против човештвото. Овој човек беше водечки менаџер во I.G.Farben - картелот без чијашто помош Хитлер никогаш немаше да успее во својот успон. За Рајхот, овој картел произведуваше од железнички шини, до отровни гасови со кои ги убиваа логорашите. Во Аушвиц, картелот имал фабрика чијшто комплекс зафаќал површина од 6.000 фудбалски игралишта, а работниците пак, на ропската работа доаѓале од блискиот логор. Иако беше осуден заради геноцид и други злосторства само на 12 години, уште во 1957 година беше пуштен на слобода. Meer имал и уметничка жила, бил некаков дизајнер. На влезот од концентрациските логори висел слоганот "Arbeit Mact Frei" или во превод - работата ослободува, што претставувало ремек дело на овој уметник. Откако го пуштија на слобода, уште во 1963 стана претседател на управниот одбор на фармацевтскиот гигант Bayer (дел од поранешниот картел I.G.Farben). Уште в затвор Meer дошол на генијална идеја и неколку години подоцна им предложил на Обединетите Нации (ОН) да се формира тело под покровителство на светската организација, кое ќе дава насоки и стандарди на подрачјето на прехраната. Бидејќи, кој има надзор над храната, тој има контрола врз жителите. Формирана беше Пазарна Комисија (Trade Commission) и така се роди Codex alimentarius. Уште во 1962 Codex-от си поставил за цел, неговите стандарди да станат обврзувачки за сите нејзини членки до септември 2009 (т.е. годинава!).
Доаѓа Codex Alimentarius
Веројатно малкумина од вас сте слушнале за Codex Alimentarius, нели? Ако досега не сте слушнале, тогаш целта на елитата е постигната, а тоа им одговара. Ако за Codex-от имавте слушнато, тогаш неговиот опстанок ќе беше загрозен и точно тоа сакам да постигнеме со овој блог, бидејќи Codex-от доаѓа. Стапува на сила на 31. декември годинава. Засега во земјите членки на ЕУ, ама ни ние не сме далеку од тој датум.
Можеби во овој момент сето ова не ви говори и не ви значи ништо, но мислам дека наскоро ќе ви стане јасно откако ќе објаснам што е всушност Codex. Ако после тоа почнете да размислувате за него и се загрижите, тогаш мојата цел ќе биде постигната.
Што е всушност Codex?
Codex Alimentarius е збир на правила за регулација на поледелството и целосна контрола врз храната - од семето до конечниот производ. Многу поедноставено, неговото воведување значи:
Под Codex-от не е повеќе потребно означување на генетски изменетите прехрамбени производи, што е во овој момент задолжително;
Зеленчукот и овошјето ќе бидат изложувани на зрачење. Моментално тоа се прави само врз зеленчукот и овошјето кои треба долго да патуваат за да останат подолго свежи. Под Codex-от тоа ќе биде задолжително за сите прехрамбени производи;
После воведувањето на Codex-от, сите животни кои се одгледуваат за храна или млеко ќе мораат да добиваат Monsanto хормони за растење и Monsanto антибиотици.
Само да ви напоменам дека Monsanto е најголемиот произведвуач на генетско изменета храна на светот.
Луѓето ќе се разболуваат заради уживањето на генетски променетата храна, тука ќе се вклучи фармацијата која ќе им нуди помош во форма на своите лекарства. Практично, сите природни лекарства ќе бидат забранети и означени за отровни и опасни, ќе бидат дозволени само фармацевтските производи. Па нека ми каже некој дека хемијата е поздрава од природните работи. Но, тука лежи проблемот. Природните лекарства се конкуренција на фармацијата, затоа (ќе) сакаат да ги забранат. Сите витамиснки додатоци ќе можеме да ги добиваме саамо уште на рецепт.
Codex-от во основа го препречува и дури забранува природното органско фармерство.
Да резимирам уште еднаш. Codex Alimentarius ќе ја втурне целата контрола врз храната во рацете на фармацијата и фирмата Monsanto, како најголем производител на генетско преработена храна. Ако се остварат сите црни сценарија, за 10 години на полиците во продавниците ќе имаме само генетско променета храна, органска, еколошка и биолошка нема повеќе да има. Фармерите ќе мора да го купуват семето од Monsanto секоја година, бидејќи нивните семиња имаат вграден ген кој препречува понатамошно размножување. Кажано со други зборови, таквите семиња не раѓаат семе, затоа фармерите секоја година ќе мораат да купуваат ново семе. Се разбира, од Monsanto. Иронијата е во тоа што можеби во просек ќе живееме подолго, но квалитетот на животот ќе биде многу лош, бидејќи храната ќе биде неквалитетна. Ќе има многу болести, но фармацијата ќе ни ги продава своите производи и ќе не лечи, така да и тие ќе си го добијат делот од големата погача.
И сега она најстрашното. Заради последиците од воведуањето на Codex-от, би умреле околу 3 милијарди луѓе низ целиот свет. Да, вистина е. 3 милијарди!!! Зошто? Заради кусокот на храна, некалитетната храна, дури и заради оздравливите болести, бидејќи се разбира, природните лекарства ќе бидат забранети, имунскиот систем на луѓето па ослабен заради неквалитетната генетско променетата храна.
Какво е решението и што можеме да направиме?
Ширете ја веста. Информирајте ги своите пријатели, соработници, вашето семејство и воопшто секого што го познавате. Пишувајте блогови, испраќајте е-пошта, зборувајте за тоа. Време имаме многу малку, но сепак не е доцна. Codex-от би требало да стапи на сила на 31. декември 2009, затоа треба да побрзаме. За Codex-от е задолжена посебна Codex Alimentarius комисија. Во 1994 оваа комисија се обидуваше да го воведе Codex-от во САД, но луѓето се освестија и почнаа масовно да им пишуваат на локалните политичари, конгресмени, на продажните синџири им стана јасно дека ќе пропаднат ако се воведи Codex-от и затоа и самите почнаа да лобираат за неговото препречување. И со заедничка сила постигнаа Codex-от да не се воведе. После неуспехот со САД, Комисијата се справи врз Европа и како што изгледа, тука ќе им успее.
Сметаат на поголемата разбиеност на пазарот и послабата комуникација помеѓу државите. Што држи и едното и друго.
И што ако Codex-от навистина се воведе?
Во тој случај ви препорачувам да јадете што повеќе дома одгледана и преработена храна. И уште нешто многу важно - чувајте ги семињата! Имено, по воведувањето на Codex-от, ќе биде многу тешко или невозможно да се купи генетско непроменето семе, затоа задолжително чувајте ги дома за во иднина. Ако имате можност, проширете си ја градината и правете што поголеми количини на зимница, за да можете и преку зимата што подолго да јадете здрава храна. Бидете внимателни што купувате. Најчесто производите на големите и најрекламираните фирми се всушност и најлоши за здравјето.
Доколку ве интересираат повеќе информации за Codex Alimentarius почнете да истражувате од тука
http://en.wikipedia.org/wiki/Codex_Alimentarius