CN – Народна Република Кина

Член од
23 мај 2019
Мислења
3.516
Поени од реакции
4.137
Кина и прашањето на Ујгурите во Кина

Постојано од страна на демократите-атлантисти-пропагандисти се шират невистини во врска со Ујгурите, некои кои не се тоа по вокација сепак под притисок на таквите пласирани информации веруваат повеќе или помалку на истите. Односот на кинеските власти кон Ујгурите е ист како и кон сите други, значи според законската регулатива но секогаш некои би сакале де се над законот.

Демократско превоспитување на Ујгурските деца, западот навистина дава се од себе во нивната едукација да биде во интерес на западот...

резултатите се видливи ама не скам да ги ставам линковите со видео содржини за достигнувањата.

Еве уште еден текст кој малку пошироко гледа на работите,
In fact, if we dive deep in history we realize that the roots of Uigurs aren’t attributed to Turkey because the Uighurs and the current Turkish Turks are related to the Turkmen tribes that were living in the steppes of Central Asia east of the Caspian Sea. The two groups moved from there one to the west and the other to the east. Before 1100 there was no presence of the Turkish-Turkmen people in West Asia.
It is reported that Erdogan encouraged Uighur extremists to migrate to the occupied Iskenderun with the aim of resettling them there, but as usual, he betrayed the Uighurs and resettled thousands of them in Idlib. Their numbers estimated around 20,000 between armed terrorists, their wives and children who join military camps in Al-Qaeda-held Idlib.
It is interesting to note, however, the enthusiasm of the German government and its mainstream media, especially the DW Arabic, about the Uighur issue in China,
остатокот на линкот.
еве го и видеото од текстот само делот со убави слики,

-------------------------

Низ целиот свет, МСМ-медиумите проширија вест дека Кина правела и користела логори за Ујгурите.
Главниот извор на оваа “вест“ е од Австралија
Австралиски институт за стратешка политика (Australian Strategic Policy Institute)

На прв поглед, Википедија за овој институт пишува
Оваа организација е - непартиска - значи не и припаѓа на ниту една партија, но тие истото можеле да ги напишат и за Мосад, БНД, АлЦИАда итн.
Понатаму пишува
Оваа организација е дел од тинк-тенк за одбрана на Австралија и нејзините стратешки политички интереси.
Понатаму ... основана е и финансирана од австралиската влада.

Австралија и се придружи на Америка за да јакочи Кина и да ја дестабилизира.
Ова се исчитува од изјавите на австралиската влада во врска со Кина.
Секако, сето ова е маскировка и политика на двојни аршини, затоа што тие имаат свои оправдувања за санкциите, за поддршка на добрите терористи, со нивна терминологија демонстрантите во Хонг Конг се демократско Движење, па сигурно имаат и своја дефиниција за присилен труд и логори ... итн.
 
Член од
23 мај 2019
Мислења
3.516
Поени од реакции
4.137
Би сакал да слушнам мислење од демократските атлантисти, како тоа една Кина која само копира и краде од нивните западни газди донира 200 респиратори а демоНкративе и стари цивилизации ги нема никаде.
Пред некоја седмица баш на форумов изнесов инфо дека Македонија има многу малку респиратори (се говореше за бројка од 80-120 исправни) и дека треба да се изнајде решение за тој проблем, мило ми е што некако и овие во фотелјите размислиле малку во таа насока па покрај лубриканти ете се одлучиле да купат и 100-тина респиратори, и Кина повторно им го тури, таа донира дури 200 респиратори.
Убаво би било и Кина да можеше да настапува на избори кај нас па да видиме кој има поголем рејтинг, демокративе или Кина.
 
Член од
29 декември 2007
Мислења
555
Поени од реакции
1.281
Кинезите имаат многу поразлична култура и следствено размислување е многу побашка од Европејците. Тоа на многу може да изгледа како недостиг на креативност, но се работи за нешто друго.
Знам доста Кинези, сум имал шефови Кинези, подредени Кинези, Кинези колеги и Кинези приатели..
Кај нив приоритет е социјална хармонија а не индивидуалност. Тоа значи таму хиеархијата многу полесно се прифаќа во политика и бизнисот. Едноставно сениорноста се почитува, се прифаќа визијата на лидерот и градење на кариера кај нив е повеќе ефикасно следење на лидерот, отколку Изногуд менталитетот сакам да бидам Калиф наместо Калифот..

Образованието им е најголем приоритет. Корења ќе јадат , ама ќе купат куќа во градови во Америка каде се најдобри школи. Ги спремаат своите деца за најдобри универзитети и улагаат многу за билдање на профил, за да бидат примени во елитни универзитети. Тоа значи речиси целиот тим од средно училиште кој оди на математички натпревари се Кинези (или Индијци ама за нив е друга приказна). Но бидејки премногу Кинези имаат таков профил тоа мора да се прошири, па земаат часови во вајарство и сликарство за да добијат некакви ументнички награди. Тоа е толку доведено до апсурд да за да Кинез примат на Харвард , му треба многу повеќе од Афроамериканци и Хиспанци (бидејки секој кандидат се споредува со своја групичка) и во тек е тужење на такви школи за дискриминација. Е сега некој ќе виде статистика еј види ги има во најдобри училишта, меѓунардни натпревари значи попаметни се. Не баш, се работи повеќе за приоритети и колку жртва си спремен да направиш да дојдеш до целта.
Тоа се доаѓа од традиција со илјадници години. Додека ни бевме раја под Турците а во остатокот на Европа, полуписмената аристократија се колеше за маргинални промени во границите, во Кина постои огромна држава создадена од пред 2000 години, која малку ја интересираше надвор од нивната држава, ама за да успееш, треба да влезеш во нивната бирократија, а за да се влезе во таа бирократија треба да поминеш државен испит кој бил прилично тежок. И затоа на пример ако во некое село имало некое бистро дете, тогаш сите во селото инвестираат во неговото образование бидејки ако детето стане успешен чиновник цело село бенефицира. Тоа се неверојатни историски разлики не само споредено со нас , туку и цела Европа , остатокот на светот, освен нивното непосредно соседство.
 
jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
18.518
Поени од реакции
26.010
Тоа се доаѓа од традиција со илјадници години. Додека ни бевме раја под Турците а во остатокот на Европа, полуписмената аристократија се колеше за маргинални промени во границите, во Кина постои огромна држава создадена од пред 2000 години, која малку ја интересираше надвор од нивната држава,
...
Тоа се неверојатни историски разлики не само споредено со нас , туку и цела Европа , остатокот на светот, освен нивното непосредно соседство.
Си читал уопште историја на Кина или приказни си слушал? Не само што биле раја Кинезите под Монголите и Ујгурите, туку фактички повеќе време поминала од нас како раја... Башка кога сме веќе кај колење за маргинални промени на границите... не можеш тука да кажеш кој е полош, дали Кинезите или Европјаните... А кога сме веќе кај тоа „не ги интересира надвор од нивната држава“, како тоа Ујгурите, Тибетанците и делови од Монголија се под окупација ? Уствари повеќе од половината Кинеска територија е анексирана, а голем дел после втора светска војна (Тибет).
 
Последно уредено:

Partizanen banditen

Психијатриски случај
Член од
24 август 2016
Мислења
5.453
Поени од реакции
15.991
Џабе се број еден кога во економијата кога имаат некои гадни навики, не само со храната, туку и со хигиената...
 
Darling

High Value
Член од
5 јуни 2009
Мислења
13.198
Поени од реакции
27.503
Џабе се број еден кога во економијата кога имаат некои гадни навики, не само со храната, туку и со хигиената...
Neeeeee ne se site kineziiii neeeeee ne smees taka da vikas!
Dosta zapadnjacka NATO demoNkratska propaganda
 
Attachments

Partizanen banditen

Психијатриски случај
Член од
24 август 2016
Мислења
5.453
Поени од реакции
15.991
Neeeeee ne se site kineziiii neeeeee ne smees taka da vikas!
Dosta zapadnjacka NATO demoNkratska propaganda
Знам дека си иронична, ама работев со неколку Кинези и веруј ми благодарен сум што постојат западњачки принципи на работа, а не нивни...
 
AAbrat

*******
Член од
28 октомври 2015
Мислења
696
Поени од реакции
1.554
Знам дека си иронична, ама работев со неколку Кинези и веруј ми благодарен сум што постојат западњачки принципи на работа, а не нивни...
Не е поврзано никако со темава корона вирус ама значи стварно се чудни кога станува збор за лична хигиена. Не сакам да навлегувам во детали ама сведок сум како во група туристи од 30-40 души, секпј втор во движење испушташе издувни гасови итоа добро се слушаше. Сериозен сум за последново. Хахах
 
Член од
10 август 2011
Мислења
1.928
Поени од реакции
7.780
Џабе се број еден кога во економијата кога имаат некои гадни навики, не само со храната, туку и со хигиената...
Европјаните беа пример за хигиена по светот во 16 и 17 век, живееја на улици полни со гомна и во куќи заедно со домашни животни, па еве успеаја да направат нешто од себе.
Спредено со просечен западњак, просечниот Кинез е сеуште многу сиромашен. Животните навики го следат економскиот стандард и тие ќе се менуваат. Малку е смешно народ од тука, да се расфрла со предрасуди за народи од Југоисточна Азија, гледајќи како они ги поминаа овие последни 30 години на глобализација, а како ние.
Си читал уопште историја на Кина или приказни си слушал? Не само што биле раја Кинезите под Монголите и Ујгурите, туку фактички повеќе време поминала од нас како раја... Башка кога сме веќе кај колење за маргинални промени на границите... не можеш тука да кажеш кој е полош, дали Кинезите или Европјаните... А кога сме веќе кај тоа „не ги интересира надвор од нивната држава“, како тоа Ујгурите, Тибетанците и делови од Монголија се под окупација ? Уствари повеќе од половината Кинеска територија е анексирана, а голем дел после втора светска војна (Тибет).
Yuan династијата владеела со Кина околу 200 години, и толку била immersed во кинеска култура, обичаи, религија и политичка организација, што практично се трансформирала во кинеска династија. Најголем дел од својата историја, Кинезите ја поминале под власт на свои династии, Yin, Han, Song, Ming, кои создале огромна, континуирана, високо развиена цивилизација што трае веќе 5000 години. Како сме ние споредливи со тоа? :pos:
Дај расчистете со фактите малку, Кина до почеток на 19 век била најголема економија на светот. Британската империја дури накај 1850, во полн ек на индустријализацијата, го достигнала нивото на производство на железо (еден од ресурсите подмачувач на индустријализацијата), кое Кина го држела 1 милениум претходно. Ние на Балканот, после Антиката, воопшто не сме во нивни ballpark.
 
Don Huan

Alter Ego
Член од
12 јануари 2020
Мислења
256
Поени од реакции
333
Не е поврзано никако со темава корона вирус ама значи стварно се чудни кога станува збор за лична хигиена. Не сакам да навлегувам во детали ама сведок сум како во група туристи од 30-40 души, секпј втор во движење испушташе издувни гасови итоа добро се слушаше. Сериозен сум за последново. Хахах
Da ne si pomesal malce brzinite drugar? Mesas higiena so bon ton! Prdenjeto e prasanje bon ton, kultura. Ne na licna higiena.
 
jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
18.518
Поени од реакции
26.010
Yuan династијата владеела со Кина околу 200 години, и толку била immersed во кинеска култура, обичаи, религија и политичка организација, што практично се трансформирала во кинеска династија. Најголем дел од својата историја, Кинезите ја поминале под власт на свои династии, Yin, Han, Song, Ming, кои создале огромна, континуирана, високо развиена цивилизација што трае веќе 5000 години. Како сме ние споредливи со тоа? :pos:
Дај расчистете со фактите малку, Кина до почеток на 19 век била најголема економија на светот. Британската империја дури накај 1850, во полн ек на индустријализацијата, го достигнала нивото на производство на железо (еден од ресурсите подмачувач на индустријализацијата), кое Кина го држела 1 милениум претходно. Ние на Балканот, после Антиката, воопшто не сме во нивни ballpark.
Yuan Династијата е династија која која ја започнал Кублај Кан, во замрежието на Монголската империја... Кога е основана таа династија, Кинезите веќе речиси 1 век биле под монголско ропство... Династијата само го продолжила тоа уште 200 години... Слично како И Османлиите во Мала Азија кои етнички во голема мера се асимилирале со староседелците преку јаничарството, а во голема мера и културно... Меѓутоа јасна е дистинкцијата, тоа биле Монголски освојувачи... И буквално до последниот император, ја носеле титулата КАН и на крајот од своето владение се повлекле во Монголија...

Уствари оваа династија го направила тоа што ниедна претходна династија не успеала, ја обединила Кина и ја споила со западниот свет. Уствари најсветлата точка на историјата на Кина е оваа династија. Пред тоа Кина била поделена држава, во непрестајни војни за превласт... Во ниеден момент, нема Кинеска цивилизација која трае 5000 години.. Све до Монголската инвазија, станува збор за крајно поделен регион, во бескрајни меѓусебни војни и разарања. Всушност после Монголската династија, Кина излегува со територија дупло поголема од претходните владенија, а понатаму присвојувањето на западната наука и технологија им овозможила економски развој, а присвојување на систем створен на западот им придонел постабилно владеење.

Ако може некако да се најде некаков континуитет на цивилизација на земјата, тоа може да се каже дека е западната цивилизација која од Хеленизмот, преку Рим, Византија до денешно време има некаков континуитет, чии правила се денеска наметнати на целата земјина топка.

На кој правен систем почива Кинеската држава?
Чии образовни процеси следи ?
 
Член од
29 декември 2007
Мислења
555
Поени од реакции
1.281
Си читал уопште историја на Кина или приказни си слушал? Не само што биле раја Кинезите под Монголите и Ујгурите, туку фактички повеќе време поминала од нас како раја... Башка кога сме веќе кај колење за маргинални промени на границите... не можеш тука да кажеш кој е полош, дали Кинезите или Европјаните... А кога сме веќе кај тоа „не ги интересира надвор од нивната држава“, како тоа Ујгурите, Тибетанците и делови од Монголија се под окупација ? Уствари повеќе од половината Кинеска територија е анексирана, а голем дел после втора светска војна (Тибет).
Па не , погледни ги границите на Кина во последните 2000 годнини... Мали се промените. Точно има делови на Монголија, Тибет и слично ама тоа не е ни 10% од вкупното население, иако територјално е многу повеќе. Историски, Кина се има себеси гледано за центар на светот, и надвор од неа нема нешто многу интересно и вредно на некаков напор. И затоа не прават империи како античките Македонци, Римјани, Монголи, Османлији, Шпанија , Велика Британија, итн...не гледало да освајаат територији и прават големи империји - бидејки тоа веќе биле речиси од самиот почеток.
Кога Англичаните доаѓаат крај на 18 век да бараат трговски зделки, со ништо не прават импресија кај Кинескиот император, кој смета дека се тие дојдени, како многу други, да бидат трибутарна држава.
И да, верувам имам поприлично читано историјата на Кина. Заедно со околината.
 
Државите кои биле на територијата на Кина и кои ти сакаш да ги прикажеш за претходници на Кинеската култура, биле на одприлика 1/4 од сегашната територија на Кина, околу Жолтото море. Со исклучок на ретки кратки периоди на обединетост и доминација во регионот, каков што е случај со Танг династијата... Све друго дузина држави во бесконечни меѓусебни војни, без тронка цивилизациски напредок, каков што сакаш да прикажеш... Све до времето на Јуан династијата на Кублај Кан, кога за Кина ќе слушнат Европјаните... Марко Поло... патот на свилата, ти текиња...

Да кажеш дека Кинеската држава има цивилизациски континуитет од 5000 години ти е исто ко да кажеш дека Аргетина или Бразил го имаат истиот тој континуитет...

Околу филозофскиот пацифизам што сакаш да им го препишеш на Кинезите.. преку нивната наводна неагресивна природа... би те посоветувал да ја видиш етнографската карта на Кина... Од територијата што денеска ја држи Кина како држава на 1/3 живеат Кинези, на другите 2/3 Турци, Монголи, Таи, Кмери, Корејци.... Тоа јасно укажува на агресивна политика и империјалистички (освојувачки) намери (последната е дури и во комунистичко време со окупацијата на Тибет)

А тоа што населението таму е 10%... замисли да дојде Кина и да ги пороби Македонците, ќе бидеме помалку од 0,1% од населението, дали тоа ќе ја направи Кина ослободител на сопствена териоторија ???
Да не збориме за насилна асимилација на населението и етничките чистења што ги има спроведено Кина во минатото (па и не така далечно) ...
 
Kajgana Shop

На врв Bottom