Civilization I, II, III, IV една од првите стратегии

  • Креатор на темата Креатор на темата Saladin
  • Време на започнување Време на започнување
Џабе потрошив 4 GB за да симнам, по глупа игра не сум играл.
 
Хахаха, имаш на YouTube видеа од Gameplay каде можеш да видиш што игра е, а ти си се залетал одма на Download :P

Сите делови ги симнав, а и гајле ми е одма се симна за 45 минути. :)
Друг пат, памет во глава!
 
Се разочарав од V. Непрегледна, начинот на движење на војските повеќе ми се допаѓаше кај IV, скоро невозможно да победиш на друг начин освен military. Overall на гејмплеј план, не е дека нешто фали ниту може да се додаде, едноставно го нема шмекот на четворката и тројката што можев да ги играм 15 hours straight.
Иако IV како ванила, покрај фактот дека е избагирана до бескрај(исто и III), мораше да вади експанзии за се што испушти.
 
Еве еден интересен спот за оние кои се верни обожаватели на Civilization воопшто.
 
Еве конечно неофицијален опис на шестката како се` би изгледало. Останува уште да видиме дали дизајнериве ќе ја оплескаат.

По мене, вака изгледа лепо. Од оноа што чув од Quill, стандардниот модус на дипломатија е тргнат, сега е нешто сосема ново.
 
Прејака игра, од третиот дел навака сите ги играм со премногу саати поминати пред пц. Најавена е и Civ VI за октовмри.... мора да се игра и тоа :)
 
Пробајте и некоја од Total War серијалот (Total War Rome 2 (Emperor edition) )не сум ја играл Civilization, ама ве уверувам дека од Total War игрите се прејаки :D
 
Мојот однос кон серијалот, барем на почетокот беше амбивалентен. На пример, тројката не ветуваше ама баш никаква забава првиот пат кога ја играв. Слаба графика, чудна музика, сложеност - комплетна утка од игра. И по некое време (а за слични искуства сум слушал и читал многу пати) се фаќам себеси како трошам часови и часови на играва и немам намера да престанам. Ме стемнувало и разденувало со неа. Слично беше и со 4-та и 5-та (иако и тогаш треба извесно време за прилагодување), ако не и поизразено, оти поработија на графиката и на другите нешта.
Од 6-та очекувам многу, би било големо разочарување да испорачаат лоша роба, оти досега не направиле такво нешто, барем не се работело за големи непростливи пропусти.
Civ серијалот се одликува со игривост и предизвикува голема зависност. Дури и кога графиката е добра, не е најдобра, ниту soundtrack-от, ниту анимациите, па сепак има нешто што постојано тера на уште еден turn.
Не сум хардкор играч во ниедна смисла на зборот, ама има неколку десетици различни игри кои сум ги играл и Civ секако се вбројува меѓу најдоброто од тоа што ми поминало низ раце.
 
Еве малку поопширен исказ што би можело да очекуваме. Секако ова не е финален продукт, но интересно е да се види.
 
Имам потрошено безброј часови на Civilization V со сите додатоци, но се гледа дека веќе времето ја стасува пополека, и почнува да ми станува прилично досадна (после неколку години секојдневно играње, за очекување е ова). Како што гледам од видеава, барем во поглед на графиката, наместо да одат напред, тие се враќаат назад и почнува да наликува на игра за деца од 7 години (текстурите, боите, ликовите итн). Не знам што мислат дека ќе направат со ова Фираксис, и се уште е рано за било какви прогнози, но се надевам дека нема да ме разочараат како Beyond Earth, која иако не беше лоша сепак според мене не беше на ниво на останатите игри во серијалот, за што најмногу придонесе времето и околината во која беше сместена.
 
Кој ќе чека уште неполн месец дена...



Мх мх мх....
 
Кој ќе чека уште неполн месец дена...



Мх мх мх....
Сале, од вчера има live streams на Twitch. Добија некои луѓе pre-release копии и од она што може да се види до сеа играта е ОК.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom