Цигара за пред друштво или потреба?

  • Креатор на темата Креатор на темата emmy007
  • Време на започнување Време на започнување
Одувек сум ги мразел муабетите за цигари од типот „зашто пушиш?“, „остави ги, лошо е за твоето здравје!“ (а уствари пред тоа посакал да умреш и никогаш бел ден да не видиш), „не си мангуп ако пушиш“ а особено ме нервираше фората на непушачите со тоа „еј брат дај ми една цигара жити се!“ и му даваш и ја крши пред тебе... Пушам скоро 5 години и уживам во секоја цигара. Можда сум навлечен, на моменти и осеќам дека ми смета ако претерам со многу пушење ама тоа си е мое право и моја одлука и мразам кога некој ми се меша. Ако сакам ќе ги оставам, ако не нема.
А што се однесува до тоа дали сум запалил некогаш во друштво чисто за да бидам „ин“ сум го правел.. у 7мо. И пола од основците во мое време го правеа тоа и е сосема нормална фаза од животот на едно дете што влага у пубертет да биде признаено меѓу другите така што ќе ги повторува нивните постапки. Тогаш беше муабетот околу цигара, денес е околу сексот и тоа кој прв ќе ја изгуби невиноста. Не се страшни цигарите, и старите египетски цивилации пушеле па успеале цели пирамиди да направат. Многу пострашни работи има денес...
Како прво за да бидеш „ин“ не треба да пушиш. И не е нормална фаза во животот, јас не сум пушел во седмо одделение, па пак сум нормален :P. А ако се оди по паметот на таквите „ин“ работи може далеку да се стигне, во негативна смисла. А и ништо не е лошо ако некој ти каже нешто за тоа што се труеш секојдневно, за тоа не можам да ве сфатам вас пушачите.
 
Затоа реков пола го праеле тоа, ти веројатно си бил од другата пофина половина на основното образование :D И сега ако ме прашаш уопште не е „ин“ да пушиш, тоа е поединечна желба на секого. Или сакаш или нејќеш да пушиш, барем јас така гледам на цигарите. И ете сум бил „ин“ во седмо па пак стигнав далеку ама во позитивна смисла, така да и тоа не држи вода. А што се однесува до коментарите од типот „не се труј со тоа цигарите“ ме нервираат пошо знам дека се трујам, ама убаво ми е. Ако ми го кажеш тоа сигурно нема да ја изгасам цигарата и да се откажам... Т.е. може ќе ја изгасам, ама од челото на тој што ми го кажал тоа. И после нова ќе запалам пошто си ме прекинал во уживање :icon_lol:
 
Секој си има право на избор. Јас почнав да пушам цигари на 18 години, на почеток со кафе. Мислев дека ке се контролирам но со тек на времето ти создава психичка зависност. Кога би го вратила времето немаше да ја повторам истата грешка. Пушам максимум една кутија. Кога сум со непушачи не палам цигара во нивно присуство. Цигарите создаваат зависност од стрес. Од здравствена причина не пушев еден месец, потоа кога запалив осетив јака нервоза. Се надевам дека ке ги откажам и ке бидам доволно истрајна да одолеам на потребата. Тоа ѓубре никому не му е потребно, ке имаш цигари но никогаш нема да имаш доволно пари!
 
Ne pusi cigari ne pij alhohol pa sto ke poznaes vo zivotot stvarno neznamo_O
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom