@cool@
Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
- Член од
- 2 јуни 2007
- Мислења
- 23.601
- Поени од реакции
- 27.115
Година на штурецот
Јас, лично, ја раскажувам првата моја средба со еден пријател од Техеран, инаку Зороастријанец, кој кога разбра дека сум од Македонија воопшто на ја криеше огромната почит. Во историјата на неговата земја војските на Александар Македонски имаат посебно место. Се сметаше за потомок и наследник на една стара цивилизација и така ме гледаше и мене
Типично за Македонецот овие 15 години е тоа што кога ќе види во весник интервју со странски дипломат, научник или уметник, ги прескокнува „небитните“ работи што ги кажува странецот, како на пример колку деца има, и го бара она место во интервјуто во кое овој ја фали Македонија.
По сето она што се случи изминативе години, секој убав збор за Македонија е како шеќерче. Чувам еден репортажа за Македонија од Франкфуртер алгемајне цајтунг од 1983 година во која толку се фали дека Македонија што не може да се препознае. И најмногу ми се допаѓа она место каде што авторот вели дека „Македонците се еден од најнадарените народи во Европа“. И дека „не зачудува што релативно малиот број Македонци во соседната Бугарија се во голема мера застапени во државното раководство“.
Но, што правиме ние самите за да не' фалат повеќе другите?
Ние сме Македонци од Македонија. И толку. Гордоста налага само толку да кажеме. Но, реалноста прави од ова став, позиција, „основа за преговарање“ во спорот со Грција. И тука сме принудени да правиме нешто, принудени сме на разни потпирачи, на „заштитни појаси“. Се' што се определува како македонско ја потпира нашата појдовна позиција. Затоа сериозно мора да се земе сугестијата на доктор Фрчкоски „да се освои придавката македонски“.
И навистина има многу варијанти на заштитни појаси.
Животот на Македонецот, кој станува љубопитен и истражувачки расположен токму поради синдромот ФИРОМ и заради освојувањето на придавката македонски може да стане неочекувано интересен, дури и збунувачки и бизарен. Во една артуркларковска потрага по македонскиот монолит, може да се наиде на откритија кои ќе те седнат на земја, може да се слушнат туѓи искуства кои подеднакво ја галат македонската патриотска душа колку што изгледаат неверојатни. Јас, лично, ја раскажувам првата моја средба со еден пријател од Техеран, инаку Зороастријанец, кој кога разбра дека сум од Македонија воопшто на ја криеше огромната почит. Во историјата на неговата земја војските на Александар Македонски имаат посебно место. Се сметаше за потомок и наследник на една стара цивилизација и така ме гледаше и мене - како потомок на македонската империја.
Еден друг пријател, инаку Турчин од Гостивар, имал слично искуство во Александрија, Египет. Александријците што ги запознал толку се возбудиле што имаат пред себе човек од Македонија што на нашиов му станало непријатно. И кога сакал да ги смири и спушти на земја Египќаните, со тоа што рекол дека тој сепак е Турчин, тие му рекле дека тоа нема никакво влијание - важно е дека е од Македонија.
Во потрагата по македонското, се отвораат такви простори што ни епизодите од „Зона на самракот“ ни расказите на Борхес не одушевуваат веќе толку многу со својата имагинација. На пример, минералот македонит. Се работи за црн тетрагонален минерал (PbTiO3- оловен титаниумоксид), кој треба да го има само во Македонија и кој е најден во Црн Камен близу Прилеп.
Ми текнува дека можеме да го искористиме како провокација и да ги прашаме Грците зошто не' притискаат да го изменат во фиромит. Промена на името на еден минерал не е толку едноставна работа. Прво ќе откријат дека научната класификација не е зафрканција и дека постои нешто што се вика политика на научна дисциплина која не зависи до толку од хирови на моќници или од некоја „реалполитика“. Научните дисциплини, сепак, релативно, самостојно се развиваат.
Второ, ќе треба да се расправаат со моќта на светски енциклопедии и речници како што е, на пример, Вебстер, во кој стои: македонит - минерал од Црн Камен Прилеп, Македонија.
Другото мое откритие во потрагата по придавката македонско не' води во Бразил.
Во бројот 2 (том 76) на Бразилската академија на науките од јуни 2004 има еден текст со наслов што апсолутно фасцинира, особено ако не си по природните науки. Насловот гласи: „Биоакустички и таксономиски аспекти на комплексот на видот Cicadetta Montana (Homoptera: Cicadoidea: Tibicinidae)“ од авторите Матија Гогала и Томи Трилар (и двајцата научници од Словенија).
Во текстот авторите расправаат за тоа дека во Македонија има штурчиња со морфологија и акустички образец кои ги разликуваат од другите штурци во Европа. И дека според молекуларните податоци, генетските разлики и според единствената песна, македонското штурче треба да се подигне на ниво на вид,:smir: односно да не биде повеќе подвид како што истражувачот Шедл го опишал во 1999 -година.
Секоја чест на господата професори Гогала и Трилар. Но, не треба да обесхрабрува тоа што приказнава за штурчето кое станува вид неизбежно потсетува на приказната за подвидот Македончето на кој не му даваат да биде вид.
Јасно, не можеме да ги ангажираме професорите да покажат дека и македонскиот човек според морфологијата и песната може да се подигне на ниво на посебен вид. Но потрагата по придавката македонски навистина отвора простори и можности да направиме нешто сами.
Прво, целата работа околу ФИРОМ и непризнавањето полесно може да се тера до апсурд. Камен може да се нарекува македонски и бубачка може да биде македонска! Човек не!?
Второ, малку имагинација и акција и може многу да се постигне. Веќе гледам македонски уметници кои користат македонит во своите дела. Во книжарници и продавници за сувенири гледам налепници на кои има слика на штурче и со големи букви пишува CICADA MACEDONICA. Во охридските филиграни хит е приврзокот штурче...
Предлагам 2007 да се прогласи за година на штурчето.
http://www.dnevnik.com.mk/?itemID=CBC479CE77AFA14CAE57F2AB168AEB3C&arc=1