- Член од
- 4 април 2006
- Мислења
- 9.179
- Поени од реакции
- 3.073
- Возраст
- 41
- Локација
- кај дримон
- Веб-сајт
- www.facebook.com

Дали сте подготвени да вметнете копјутерски чип во дел од телот на вашите деца, за да можете да ги следите нивните движења во секој момент?
Што ако некој ве праша дали сте подготвени вам да ви вметнат таков чип во раката?
Ова не е само хипотетично прашање!
Двајца работници во една компанија во Охајо, во Соединетите држави, дозволија под кожата на раката да им се постави така-наречен чип за радио-бранова идентификација.
Чиповите за радио-бранова идентификација можеби звучат футуристички, но тие се веќе околу нас.
Многу произведувачи ги вметнуваат во пакувањата на нивните продукти, наместо да користат кодови.
Чиповите не мора да бидат скенирани, можат да бидат прочитани од мало растојание.
Чипови во рацете
Во случајот на работниците од Охајо, нивниот шеф вели дека чиповите биле вметнати во рацете на двајца волонтери, како начин да се контролира пристапот во просторија која содржи тајни информации.
Во Соединетите Држави има и други луѓе кои побарале вметнување чип.
Еден од нив е Амал Графстра:
„Го користам мојот чип за да поминам преку предната врата. Пред неа има сензор кој е поврзан со електронска тастатура на ѕидот. Штом ја ставам раката пред сензорот, тој го чита мојот број и ми одобрува влез. Чипот го користам за да се логирам во мојот копјутер и да влезам во својот автомобил."
Амал вели дека го одбрал чипот за да не мора да ги бара клучевите за канцеларијата, посебно кога рацете му се полни со други предмети.
Тоа можеби е згодно за него, но оние кои се противат на технологијата велат дека сето ова им личи на сценарио за ноќен кошмар во кој луѓето се снимани и редовно следени.
Политика на заплашување?
Бил Томпсон е технички консултант кој вели дека таквиот став е дел од политиката токму на оние кои сакаат да заплашат:
„Се претпоставува дека вметнатиот чип ве препознава како личност, но тоа не е така. Чипот има број, а тој број мора да се провери во базата на податоци. Се додека пристапот кон податоците е контролиран тогаш не е важно дали некој друг го користи вашиот чип. Се што тие знаат е дека имате чип со одреден број кој всушност не значи ништо."
Половина од двете илјади интервјуирани луѓе во Британија минатата година рекоа дека се загрижени за својата приватност.
Некои од групите за заштита на потрошувачите изразија загриженост дека таквиот метод би можел да се користи за надгледување и на купувачите.
Крис Мекдермонт е основачот на лоби-групата наречена „Без етикети".
Тој не верува дека базата за податоци ќе ја зачува приватноста:
„Британија е прилично добронамерна земја, но што е со останатиот свет? Дали ќе создадеме инфраструктура во државите каде што владите и корпорациите не се регулирани до истиот степен како во Британија, и дали нивните граѓани ќе имаат гаранција дека приватноста нема да им биде нарушена?
Противниците на технологијата како Бил Томпсон велат дека има рамнотежа меѓу потенцијалнуите негативни аспекти и добрите аспекти.
Тој дава пример од фирма во Шведска која ја користи технологијата за да осигури дека сите пациенти ги земаат вистинските лекови:
„Тие имаат пакет-систем за лекови каде што чипот снима секој пат кога некој ќе отвори посебен оддел од пакетот за да ги земе своите лекови. Лекарите можат да следат кога точно пациентите ги земаат лековите и дали го прават тоа правилно. Тоа е навистина корисен метод во здравството."
Контроверзи
Многумина луѓе со страв гледаат на вметнувањето чипови во нивното тело. Лепењето етикти на производите секако е помалку контроверзно.
Но Крис Мекдермот вели дека во Британија веќе постојат планови за користење на чиповите за следење на луѓето преку лични карти, кои владата се надева дека наскоро ќе ги воведе.
„Британската влада сака да стави чипови во личните карти. Ако сите ги носат личните карти со себе тогаш нема потреба од вметнување на чип под кожата. Сурово е да се каже дека единствениот начин да се следат луѓето е преку вметнување на чип под нечија кожа."
Технологијата без сомневање е контроверзна.
Луѓето мора да бидат информирани околу тоа, а нивниот глас мора да се слушне при донесувањето одлуки.
темава може да оди и во хардвер .

Ако сметате дека е тамо подобро префрлете ја