ЧДА Детална програма за прославата

  • Креатор на темата Креатор на темата Splendora
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
18 октомври 2010
Мислења
1.824
Поени од реакции
6.092
Локација
Скопје
детална целодневна програма за прославата на ОСМИ СЕПТЕМВРИ*, 2011 година:

7:30 часот - моледбен во соборниот храм свети климент охридски.

10:00 откривање на вистинската декларација на независноста. таа шо мислиме дека постоела уствари комунистите не' лажеле. новата декларација е напишана со онаков црковен фонт. се споменува ГОСПОТ, александар, вмро, идентитетот, груевски. МАЌЕДОНИЈА со Ќ.

12:00 егзекуција на предавници на повеќе локации. стрелачки вод позади куќата на мајка тереза, набивање на колец на камени мост, бесилка кај собрание, клада кај МЕПСО.

13:00 пауза за ручек. се врти ДИНОСАУРУС на ражен. http://www.okno.mk/node/13256

15:00 гледање басќет. не утакмицата у живо со грузија, него реприза на победата над грција. преправање дека е нешо као реванш у живо.

17:00 прославување на победата над грција. последна проба на фонтаната на воинот на коњот. се дојадува диносаурусот.

18:00 тоа шо више го знаете: "Трајко Вељаноски [...] Декларацијата [...] Гардата [...] свечено дефиле [...] новиот Музеј на македонска борба [...] претседателот [...] театарски ораториум „Непокор“ [...] Армијата [...].

исто: Покрај спомениците на плоштадот ќе стојат актери во костими за да ги симболизираат историските периоди во кои живееле соодветните личности [покрај Гемиџиите ќе има бомбаши самоубијци, покрај Самуил друштвото на слепите, итн] "учество на илјада деца," "музичко-сценски спектакл „Македоуниум“"

20:00 обраќање на ПРЕМИЕРОТ. доаѓа со позајмениот точак. заправо, долетува со точак од небото, како во филмот Е.Т. [полетал од новата писта на аеродромот АЛЕКСАНДАР ВЕЛИКИ]. во корпата, место Е.Т. го носи ИДЕНТИТЕТОТ на маќедонскиот нарот. идентитетот е замотан во знаме со сонцето од верѓина.

премиерот слетува покрај фонтаната, и после кусиот говор, го положува идентитетот во неа. одеднаш фонатаната почиња да свети и да прска.

доаѓа дедо стефан и кажува молитва.

александар оживува. му се обраќа на народот. зборува на античкомаќедонски, а преведуваат тентов и бошевски.

иде дедо стефан ги прска со света вода и другите споменици. еден по еден оживуваат.

мала тензија настанува кога јустинијан се обраќа на грчки, а гоце и даме на бугарски.

за да се надмине тензијата, александар ги поканува останатите јунаци да свртат едно оро. машко оро, пошто сите се мажи.

спомениците играат оро. тешкото. александар го води, и мафта со мечот.

одеднаш, одкај улица маќедонија се слуша татнеж.

ами тоа сите багери, ваљаци и булдожери да станале трансформерси, и оживеале. доаѓаат, и тие се фаќаат на орото.

нов татнеж. двокатните автобуси исто оживеале, и тие на орото. и хеликоптерите. сите играат оро.

татнежот предизвикан од "тешкото" на трансформерсите и спомениците ги потсетило на поместувањето на тектонските плочи. солзи радосници.

одеднаш на еден трансформер пристига каролина. трансформерот се трансформира у кран и ја кажува каролина на фонтаната.

фустан 350 метри, бла бла, песна. еуфорија.

завршен чин: ЕКСКЛУЗИВНО ОБРАЌАЊЕ НА ГОСПОТ БОК.

госпот бок се симнува помеѓу маќедонците. од фонтаната почиња да прска ЛАВА. од гомноскоците у вардар исто. пареа и чад насекаде. пискотници. небото е црвено. прамаќедонците се потсеќаат како било кога светот настанувал, кога континентите биле едно.

госпот бок ја кажува маќедонската молитва.

останатото е историја. светот ќе зборува за нас во суперлативи.


--

* во случај на дожд, осми септември ќе се одржи на 15ти септмеври. значи деновите во септември во тој случај ќе идат 6, 7, 15, 9 ... 13, 14, 8, 16.

http://www.twitlonger.com/show/cu5oac

:pos:
 
А свечената церемонија за наградата на фудбалската репрезентација за големата победа над фаворизираната Андора?
 
Абе ова бе :pos:
15:00 гледање басќет. не утакмицата у живо со грузија, него реприза на победата над грција. преправање дека е нешо као реванш у живо.
цел ден ми го разубави :LOL:
 
20:00 обраќање на ПРЕМИЕРОТ. доаѓа со позајмениот точак.

:pos::pos:
 
Само мене ова ми е ретардирано и воопшто не-смешно или има и други ? :rolleyes:
Има ама ние сме глупи и неизживеани. Инаку немаш поим колку е смешно некој “македонец“ да тврди дека Гоце и Даме зборуваат на бугарски а Јустинијан на грчки.
 
Има ама ние сме глупи и неизживеани. Инаку немаш поим колку е смешно некој “македонец“ да тврди дека Гоце и Даме зборуваат на бугарски а Јустинијан на грчки.
Let me explain to you , pay attetion...
THIS IS ЧДА ... ок?
 
Let me explain to you , pay attetion...
THIS IS ЧДА ... ок?
Знам дека е ЧДА. Затоа не ги коментирам другите глупости. Ама оваа глупост што ја искоментирав е неприфатлива ниту за во ЧДА. За вакво тврдење во нормална држава се добиваат сите безбедносни служби на врат, па макар да е и на шега кажано.
 
Еве мене на пример не ми е смешно. Еве на пример на некој им е смешно. Еве на пример демек било ова ЧДА. Иииииии така...

Среќен роденден Македонија!

(наркомани)
 
Знам дека е ЧДА. Затоа не ги коментирам другите глупости. Ама оваа глупост што ја искоментирав е неприфатлива ниту за во ЧДА. За вакво тврдење во нормална држава се добиваат сите безбедносни служби на врат, па макар да е и на шега кажано.
тролололо
Каде во Пакистан или Саудиска арабија?
 
тролололо
Каде во Пакистан или Саудиска арабија?
Да де, оди кажи нешто во Британија против кралицата, па ќе те бараат во Темза. Пак почнаа со преувеличување на неверојатните западни “демократии“. Да те прашам нешто, каде на запад си живеел досега, па што знаеш толку добро?
 
Да де, оди кажи нешто во Британија против кралицата, па ќе те бараат во Темза. Пак почнаа со преувеличување на неверојатните западни “демократии“. Да те прашам нешто, каде на запад си живеел досега, па што знаеш толку добро?
Дечко, јас стварно не знам каде гледаш ти тврдење, особено во сатирична пародија! А бидејќи толку многу си вознемирен, ако сакаш да ти дадам контакти од чоекот, да идеш да го пријавиш, не ми е јасно како може уште слободен да шета по улициве :tapp:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom