Целта на вашите излегувања на викенд?

  • Креатор на темата Креатор на темата Gunner_L
  • Време на започнување Време на започнување

Gunner_L

Lord , Lord Bendtner
Член од
7 април 2009
Мислења
922
Поени од реакции
500
Без разлика дали навечер или преку ден за на кафе .. дали излегувате заради тоа што сите излегуваат , или едноставно затоа што ви е потребен одмор од напорен ден , за на кафе .. или сакате малце забава за навечер после напорна недела ? :) очекувам искрени одговори

-Aко има слично delete :)
 
Ко прво кај мене не постои излегување за ''викенд''. Едноставно кога имам потреба од излегување било каде, во град, во кафич на кафе со некого, или чисто онака да ја разладам главава од секојдневните проблеми и обврски излегувам .. Не сум ко некои кои само петок и сабота го користат за излегување(под поимот излегување наведов прошетка во парк, кафуле, диско клубови, спортување итн итн ) .. Може па да ми се случи да дојде петок а да не излезам, едноставно не сум расположен и седам дома ... Едноставно не ги гледам само петок и сабота стрикно денови за излегување, туку ми се случува и други денови да ги користам за вакви ствари (нормално ако ми дозволи времето) .. Инаку многу ме заболе мене дали другите излегувале или не, колку души има во едното кафуле или клуб, колку во другото, кај била елитата итн итн. Кај ми сака душа таму ќе идам. А излегувам ради дружење и бегање од секојдневието.
 
Јас секоја вечер одам на парк. Ако има некој (а секогаш има по некој) седнувам и си делкаме муабет. Во дискотека или кафиќ може да изодиме само ако има некоја добра свирка. Веќе изгубив ориентација со деновите и гајле ми е дали било среда или сабота или било незнам кој ден. Едноставно си се збираме на парк секоја вечер и си уживаме и ич не не` боли кој што и како имало во чаршија.
 
Јас излегувам за да се изнасмеам, изнаиграм, излапам и така натаму... :D
Иначе дома ќе скапам на Eclipse цел вечер со оваа пуста јава ....
 
Интересна тема (y)
Па вака некогаш за да се опијам
Некогаш за некоја женска
Некогаш за да не бидеш дома
Едноставно да не бидеш дома да бидеш меѓу народ да се журкаш и да си поминеш убаво :D
 
Сета забава можамд а си ја приредам дома.
Дома можам да си ги видам пријателите и слично.
Излегувам чат пат чисто за да не ме отпишат како ментално заостанат или не дај боже да мислат дека избегавам некого.
Мотив...едино пари или жени би ми биле реален мотив за излегување и дружење.
Глупости...
 
Прочитав неколку постови погоре и можат да го кажам истото што и тие. Значи мене не ми е битно дали тоа ќе биид викенд петок сабота или вторник среда. Сеедно, излегувам за да прошетам, да ме фати воздух, да се видам со девојката, па да идеме на кафе заедно со другари/ки да сврзиме некој муабет, а почесто и сами. Поимот викенд излегување кај мене одамна замре. Влегување во кафич ми стана досадно, едно та исто та исто со исклучок кога ќе има добра забава или слично.
 
Da se vidam so drugari da se napufkame merijane ili ako mi e epten tinje doma.
 
Секоја вечер излегувам секаде, без оглед дали е во парк, кафич, некоја журка или некој евент.
Излегувањето не ме одмара. Напротив ме заморува уште повеќе.
Но уште повеќе би ме заморила помислата дека се сите надвор и се забавуваат, а јас гнијам дома сам.
Така да конечниот исход е излегување и забавување со друштвото...
Некоја вечер сакаме журка-одиме на журка.
Некоја вечер сакаме одмор-седнуваме во паркче на добар муабет.
За да излезеш со другарите, немора да имаш некоја цел.
Треба само да имаш помисла дека топ ќе си поминеш, да знаеш како да се однесуваш во друштво, и да имаш желба да излезеш од дома! :)
 
Човекот е политичко суштество и мора да контактира со средината,јас лично излегувам за дружење кафе и да легнам некое чупе:)
 
Друштво, музика, да ме фати воздух, или само да не бидам дома и да се гушам на 40 степени....
 
Да бидам искрен, порано еден краток период излегував за да бидам виден, но поголемиот период од порано, а и сега излегувам за да ми биде интересно, за да се дружам, за да се насмеам, за да ја разбијам монотонијата која владее преку целата работна недела, а и најважното од се, за да ме фати воздух:)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom