Castlevania 2017-2021

Византиецот

what you looking at, ass
Член од
14 март 2021
Мислења
2.607
Поени од реакции
6.029
Castlevania 2017-2021
4 Сезони
Идеја: Ворен Елис.
Продуценти: Кевин Колде и Фред Зајберт.

Castlevania е анимирана серија инспирирана од истоимената видео игра развиена во Јапонија од Конами. Средновековна хорор-фантазија. Напишана е од Ворен Елис (овај е интересен лик хаха) за Нетфликс, а е продуцирана од Кевин Колде и Фред Зајберт.
Од ко ја изгледав по втор пат, сфатив дека е едно од подобрите нешта што сум ги гледал. Предмет на интерес е балканскиот полуостров - имено дејството тргнува од Валахија, регион на Романија. Како што се провлекуваат 4те сезони, во дејството се придружуваат доста маркантни ликови од неколку балкански земји (Хектор од Грција) и една централно европска земја (Кармила од Стирија - Австрија). Ова веројатно сумира зошто серијалов толку ми се допадна. Омилени ликови не можам да одвојам, сите.


 
Последно уредено:

Византиецот

what you looking at, ass
Член од
14 март 2021
Мислења
2.607
Поени од реакции
6.029
тој што планира да гледа нека не чита натаму
*Спојлер Алерт*

Јас на германски ги гледав и затоа ми е ептен невообичаено да ги слушам на англиски, пошто германските актери имаат ептен специфични гласови, ама ок.
Пред да го изврши својот Соларен Суицид убавата вампирка Ленор од Стирија ќе го одржи еден од најфилозофските говори во серијалот. Со нејзиниот љубовник од човечката раса византиецот Хектор од Родос, ќе разглобуваат на темата, Моќ.


 
  • Љубов
Reactions: wot

Византиецот

what you looking at, ass
Член од
14 март 2021
Мислења
2.607
Поени од реакции
6.029
Дур сме уште во Стирија, назат кон некои подобри времиња. Кармила им го покажува планот на своите сестри за проширување на нејзината империја до Црно Море, со Унгарија и Влахија во пакет. Бомбона бизнис шо би рекла Рада наша.



Назат во Валахија. Каселванија е позната по нејзините борби, станува збор за серија спакувана со АКЦИЈА во дворци, во шуми и најважната од сите акции - онаа в кревет. Од таквите 18+ сцени ќе ја поштедиме темава, сепак Кајги е епицентар на конзервативизмот и ако малце цице провисни над градник че биди голем Харам, не за друго неколку батки би доживеале срцев удар. Дракула таквите со Отомански идеални аспирации би ги наденал на кол пред неговиот дворец. Значи, не.

 

Kajgana Shop

На врв Bottom