- Член од
- 15 февруари 2007
- Мислења
- 114
- Поени од реакции
- 0
Бугарски офицер началник на Штабот на НАТО во Скопје
МИА
12.04.2007
Во декември бугарски офицер, најверојатно генерал ќе биде назначен за началник на Штабот на НАТО во Скопје, изјави денеска началникот на Генералштабот на Бугарската армија генерал Златан Стојков на средбата со македонскиот колега генерал-потполковник Мирослав Стојановски, јави БТА.
Стојков истакна дека во НАТО штабот во Скопје Бугарија има еден офицер.
На средбата во Софија, Стојановски и Стојков разговараа и за безбедноста на македонското воздушно пространство.
Началникот на Генералштабот на армијата на Република Македонија ја потенцира идејата на САД, во Софија да биде изграден регионален центар за контрола на воздушниот суверенитет, во чија изградба би учествувале заинтересираните држави од регионот со сопствени средства и радари.
http://www.a1.com.mk/vesti/default.asp?VestID=77383