Брутална искренсост за состојбата во Мак Фудбалот

  • Креатор на темата Креатор на темата gunner_mkd
  • Време на започнување Време на започнување

gunner_mkd

>МиСтЕр ТиПсТеР
Член од
12 септември 2009
Мислења
1.483
Поени од реакции
83
Незнаев кај да го сместам текстов па отворив нова тема :)
Се работи за денешната емисија на Топки + со Филе во која гостин ќе биде Ерол Демир ,повеќе инфо во текстот подоле

ЕРОЛ ДЕМИР ПРЕКИНАТ „НА СРЕД РЕЧЕНИЦА„ ПОРАДИ СВОЈАТА „БРУТАЛНА ИСКРЕНОСТ„ . . . ГЛЕДАЈТЕ ВО ТОПКИ +, НЕДЕЛА ВО 13!

4161_1142770613277_1347834148_373358_7938465_n.jpg


Ерол Демир, македонската фудбалска легенда која прерано мораше да се повлече од активниот фудбал во моментите кога почна да блеска на теренот(некогашен репрезентативец и фудбалер на патеките од Вардар до Хофенхајм. . . ) на една радио емисија во која за првпат отвори теми кои во македонскиот фудбал скоро и никој не сака да ги споменува, беше прекинат поради својата „брутална искреност„. „... Ве сфатив, ми падна жетонот, готово е ... јас се извинувам... нема проблем, ќе прекинам...ама тоа е тема од која не треба да бегаме...„ -рече Демир и буквално ја прекина својата експликација за состојбите во македонскиот фудбал... Токму тука, ТОПКИ + ќе му го постави следното прашање, на кое се надеваме дека ќе го добиеме одговорот, она кое никој од директно инволвираните во македонскиот фудбал не сака да го слушне. Ерол Демир ја прифати поканата и се надеваме дека продолжението на она во кое беше најбуквално прекинат „на сред реченица„ ќе го чуеме во недела во 13! А во текот на емисијата за првапт и во телевизиска презентација документарниот филм „Спас за МЗТ Скопје„ на студентот на ФДУ, Милан Јакшиќ. Недела во 13!

#

Незнам за таа емисија во која настапувал и поради кои причини бил прекинат и за што конкретно зборел ,но мислам дека е нешто поврзано со работењето на ФФМ и воопшто нејзината грижа за Мак фудбалот
Најавата од Филе за следната емисија изгледа доста скандалозна и би можела да открие јавно некои работи поврзани со функционерите на ФФМ ,барем се надевам дека ќе биде така
Останува да ја изгледаме емисијата Топки + во 13:00 на Канал 5 ,тоа и ми беше целта да ве информирам :)
 
Баш ќе гледам па ќе коментираме после.
Иначе на Канал 5 има така?
 
Барем уште 10 да имаше како него, ќе беше одлично...
 
Многу јако збори чоеков ако е дете на Вардар.Стварно му е и на него преку глава од тие лажни ветувања, не може цел живот да се трпи таа бедотија.
 
:oftopic:
Кога би требало да даваат реприза на Канал 5?Зашто на нивната страна ништо нема..
 
ЈА отворив тема а не ја ни гледав емисијата ...:kesa:
Ако најдам видео од емисијата ќе го постирам
:)
 
дајте стварно ја пропуштив емисијава :Ѕ кога е репризата?
 
Порано знам дека имаше реприза кај 01:00..сеа незнам дали го премистиле или пак останал истиот термин.

Еве сега почна!
 
Пред Тв сум ,фала за инфото :smir:
 
Алал да му е на Ерол, ретко кој вака искрено ќе каже за ситуацијата, без влакно на јазикот. Само со вакви луѓе може да се промени нешто во фудбалот. Секоја чест, треба да му се даде поддршка да направи револуција во Вардар, и во македонскиот фудбал.
 
Еј ептен мразам вакви емисии... Со цел да привлече повеќе внимание на повеќе гледачи го меша македонскиот фудбал во најава а тема на цела емисија е Вардар...

Сам си кажа коцкариште невидено и кој ќе му даде на овој пари и навистина ли мисли со тие 15 000 евра дека ќе го живне Вардар? И дали е запознаен со ситуацијата во коај е Вардар и сите долгови? Глупости... Без влакно на јазикот... ако тоа без влакна на јазикот кај филе го означува неговото спомнување на имиња кои манипулираат со Вардар па подобро ќе му било да чита постови од фан клуб Вардар цела емисја...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom