Брак по секоја цена?

  • Креатор на темата Креатор на темата Psyside
  • Време на започнување Време на започнување

Брак по секоја цена?

  • Да брак по секоја цена, не се живее сам!

    Гласови: 4 12,9%
  • Не ќе ја чекам вистинската прилика!

    Гласови: 16 51,6%
  • Никако, не сакам да паднам толку ниско!

    Гласови: 6 19,4%
  • Незнам, не сум бил во таква ситуација!

    Гласови: 5 16,1%

  • Вкупно гласачи
    31

Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.785
Поени од реакции
18.536
Се повеќе сме сведоци на овој тренд.

Релативно кратка врска, која иако е далеку од совршена или задоволувачка сепак завршува со брак, дете? само затоа што некој смета дека "му дошло времето" за потоа најчесто да заврши катастрофално т.е. со разделба.


Резулатите после таа разделба,се прилично десктруктивни за двете страни, истите оставаат голема дамка во својот живот од која тешко се бега.

Нервози,нарушена доверба во себе и спротивниот пол, одбивност кон вистински врски, судови, тага, фрустрираност и што уште не. Или најлошото, оставено дете да пати за грешките, неодговорноста (несигурноста на своите "родители")

На кратко, релативно уништен живот и тежок период од животот кој тешко се преболува.


Каков е вашиот став на оваа тема?
 
Не можам да им се изначудам на таквите,а ги има многу во последно време.И у екипа имам луѓе кои ме дават со муабети дека веќе време им било за брак,а врските им се срање.А девојките пак со 23 во газот се тресат да не останеле стари моми и по секоја цена бараат некој да му се тупнат.Аман те бре луѓе искулирајте.А јас пак ни на крај памет за такво нешто во поскоро време.Хмм...
 
Хахаха, како не.
За се си има свое време. Па така и бракот ќе дојде сам по себе. Што има врска дали е на 23, на 27 или на 30.:toe:
 
За секое тенџере има соодветно капаче...порано или покасно секој ќе си ја најде среќата..( ако сака да ја најде..) башка не треба да се брза со таа работа..од коа си во брак после се е подруго ехе...
 
Се повеќе сме сведоци на овој тренд.

Релативно кратка врска, која иако е далеку од совршена или задоволувачка сепак завршува со брак, дете?

Каков е вашиот став на оваа тема?

Да да, во последно време имам приметено дека се ставаат во врска месец-два и одма веридба , не знам зошто толку брзање и од каде им толкава сигурност дека баш тоа е вистинската личност за брак ?

Изгледа од дома им вршат притисок дека им се дојдени годините за брак, па затоа и толку се брзаат луѓево, чудна работа.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom