BOSCH авто делови

  • Креатор на темата Креатор на темата Gorco
  • Време на започнување Време на започнување

Gorco

WEHADAHFUKDOWAHNODAT
Член од
29 април 2005
Мислења
556
Поени од реакции
35
Увезува-продава некој во МК или најблиска дестинација е Србија и Бугарија? (Конкретно, ламбда сонда (rear) за Голф 4, 1.4, APE)
 
Увезува-продава некој во МК или најблиска дестинација е Србија и Бугарија? (Конкретно, ламбда сонда (rear) за Голф 4, 1.4, APE)
И јас го имав истиот проблем,ја менував пред неполн месец, само на Опел Вектра и можам да ти кажам дека многу тешко се наоѓа по продавнициве а и некој ти викаат дека можат да ти најдат оргинал бош-германска само ке треба да почекаш и цената е многу висока,на пример за Вектра од 220 до 250 евра.Е сега некој викаат дека имаат бош за околу 120 - 140 евра (толку кошта за Вектра значи)само пази тоа не е гермаснки туку кинески Бош,немој некој да те зафркне или да се излажеш и да купиш ваква,имам некој пријатели што ми кажаа дека иако се најефтини кај нас на пазарот најдобри се некој италијански.Кинески бош немој никако да зимаш,значи тоа ми го викаа сите што барем малку се разбираа.
Е сега да ти кажам што ке ти се случува ако ставис ламбда сонда италијанска.
Значи разлика се осеќа само кога колата е ладна,значи насабајле на првото палење,ако одма пробаш да ја стиснеш почиња малку да трокира,али тоа не е страшно немој да помислиш дека којзнае колку,само морам да ти кажам дека се осеќа.Освен тоа друго се е супер функционира беспрекорно, е сега колку ке функционира ке видиме,оргиналот Бош траеше 200 000 км.а оваа сега ке видам.
Знаќи уште еднаш да ти кажам да внимаваш да не те заебе некој да ти каже деке е германски а да ти продаде кинески Бош.Мене ми Кажаа дека кај нас за Вектра под 200 евра неможам да најдам оргинал германски,иако на интернет гледав на германски страни дека тему се наоѓа и за 60 - 70 евра.Али што е тоа е,кога нема или е скапо ке мора да крпиме со тоа што ке најдеме.
 
Да си прашаш некој што оди во Грција, конкретно Солун. Таму има специјални продавници, исклучиво за една марка, конкретно фолсваген или опел, и гарант со гаранција можеш да добиеш оригинал дел. Е сега се знае се се плаќа, но и ако ти продадат копија, таа копија нема да биде “кинески бош“ туку ке има некоја марка и која земја ја произведува.

Инаку колку за инфо ова можеше да го прашаш во совети за автомобили немораше да птвараш тема, така да нека поседи уште некое време и ке го преместам.
 
Прашано е во Солун, нема... има само универзална сонда од непознато потекло, 70 евра. Контактирав со BOSCH во Србија и Бугарија т.е. нивните дилери... во Србија пола од дилерите ми кажаа дека веќе нема математика со Бош и ми понудија универзална сонда... пола нудат за 130 евра, но се чека минимум 15 дена.

Во Бугарија, цената се движеше од 170 до 130 евра, исто со чекање од минимум 15 дена.

Кај нас прашав во еден од дилерите на VW, ми дадоа цена од 175 евра, со испорака за 4-5 дена.

Значи, врти-сучи ламбда (оксиген) сонда е табу тема на овие балкански простори и никој не држи на лагер оригинал делови (дири и Бош претставништво), сите се трудат да шиткаат замени заради подобра "математика".

По една кратка претграга по нетот, сондата ја нарачав од www.lambdasensor.com од UK. Во мојот случај содата чинеше 124 евра, со вкалкулирана поштарина. Ја добив за 4 дена по нарачката. Поради нарачка на еден комад и начинот на самото пакување од страна на продавачот, поштарот го донесе пликото на врата.. нема царина, нема ддв. Пријатно.
 
Проблемот со тој сензор се решава на многу елегантен начин:
1. Се вадат пиновите од сондата (сондите) зависи од моделот.
2. Се вади катализаторот.
3. Наместо катализатор се вградува метална цевка со соодветни димензии на катализаторот.
4. Долу, кајшто висат пиновите се пакуваат убаво.
5. На дијагностика се брише грешката која ќе ја покаже и се исклучуваат сензорите во програмата.
6. Решен проблем.
Катализаторот и така и така само ја „гуши“ колата и не е ништо важно во механичка, туку само во еколошка смисла. А ако си толку еколог, тогаш - ОК
 
Размислував и за таа опција, вадење на двата сензора и вадење на катализаторот. За исклучување (сондите и катализаторот) во ECU преку VAG-COM мислам дека не е можно, но убаво ќе се распрашам (сега ме заинтересира). Самиот компјутер на Голфот ги исклучува сондите ако тие не му "одговорат" со напон и почнува да користи предефинирани параметри.

Дури и да ги стават на disable, заедно со катализаторот, сепак тие се дел од логиката на компјутерот за мешање на бензин/воздух... да се играм со ремапирање, баш и не ми е потребно :). Мене ми е најбитно "fuel economy", затоа и ја заменив.
 
Којзнае колку време ке ти треба за со fuel economy да ги извадеш тие 125 евра... А и не верувам дека ке има толку многу разлика во потрошувачката со или без сондата. Во одењето гарант ке има.
 
Неговото возило (на Горчо) има 2 сонди, пред и зад катализаторот.
Системот во секој случај ќе скенира како неисправна сонда.
Е сега, има мајстори, електроничари-дијагностичари, кои при таква операција прават некои емулации на втората сонда, која ја чита содржината на штетни гасови, и враќа назад гасовите преку ЕГР вентилот, така да, нема катализатор, а сондата праќа сигнал дека се е ОК, и не покажува грешка, а всушност нема ништо од сонди и катализатор.
 
@Dzish: Јас знам колку ми треба да ги извадам тие 125 евра :helou:.На отворено, пред дефектот, ми трошеше 7, отпосле лапаше 10. Месечно поминувам по 1500 км, 80% на отворено. За инсталација на плин, и тоа правев математика... резултатот не ми одговара со плановите кои ги имам за колата.

@Струмикс: тоа сигурно е некое апаратче кое, или дава константен напон од 0.450 волти или дава напон кој синусоидно варира од 0.1 до 0.9 волти. Е сега, колку тој "мајстор" стварно разбира што прави и колку е стручњак за тјунинг за одредена марка на возила, е знак прашање.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom