Богомили

  • Креатор на темата Креатор на темата neo_wmaster
  • Време на започнување Време на започнување
Не знам да ти кажам право. Не ги знам и двајцата што ги спомна, освен што знам дека едниот е во видеото :)
Баш сега ќе видам за овој Пештерски (јако презиме) :) Богомилско...
Eve gi zaedno.... interesno kako se deneska e ispomeshano... bogomilski neo paganizam vedski staroslovenski arievizam
Inaku Todor e geolog pa demek po peshterite cel zivot se akal.... vo srbija im organizira Sredbi na Rodot.. arievcite i zivee do piramidata u Rtanj...

 
Какви богомили,пештери и пирамиди во дваес први век..Не пратам овакви ликови затоа што ми личи на себепромоција и секташтво во позадина и ми смрди корне крајот на тој пат кој го промовираат(не сум прател ама имам визија)..од тука осеќам..И не трошам интернет на овакви луѓе..
 
Паганизмот е враќање еден чекор назад. Од еден бог у многубоштво. Али без компас се луѓево денес па пробуваат све у некои нови работи да се пронајдат. Имаш некои по кроулизам, некои паганство, некои наука. Али тоа е кога ќе го изгубиш патот.
 
Какви богомили,пештери и пирамиди во дваес први век..Не пратам овакви ликови затоа што ми личи на себепромоција и секташтво во позадина и ми смрди корне крајот на тој пат кој го промовираат(не сум прател ама имам визија)..од тука осеќам..И не трошам интернет на овакви луѓе..
Темата е богомили, не ова што го споделувате и за кое имате став денес :) Нормално дека ова е себепромоција, поврзување на сешто, Дома, или До МА , да си до Мајката (според овие њу ејџ Тентов муабети)! Но тоа може во мистерии да се тепа муабет до мила волја бидејќи не е местото тука...

Богомилите беа во минатото, не сега... се издигнаа во велешко, таму по карпите, по пештерите... не се возбудувајте до толку, доволно е дека постоеле и се спротивставувале на идеите на тогашното христијанство и самото уредување на светот.
Сметале дека не ти треба посредник помеѓу себе самиот и божественото! Замислете кому тоа му сметало во тие времиња, па и денес на пример?

И кога веќе сте тука, сите македонски приказни поврзани со ѓаолот и госпо, се богомислки сказни во кои на децата им се всадува идејата за дуалноста на светот во кој се родени. Ете научивте нешто... читаш @Ron Burgundy, ти најмногу се возбудуваш на подфорумот Религија, полека мајката, не збудалувај... темата едно, ти се пениш за друго, како ќе те понесе последниот муабет од некој...
Уживај :)
 
Богомилското учење кога започнало било многу поприфатливо за тогашните Словени отколку она ,,правото" христијанство, со оглед на тоа дека само пред или два века она биле пагани. Истото било и Источните Словени кои христијанството го прифаќаат со некој синкретизам меѓу новата и старата религија.

Богомилството е нашата прва религија тука на Балканот, но поради прогоните од тогашната власт и црква...уделот на богомилското учење постепено изчезнува, а со тоа се наметнувало друга догма. Покрај тоа се уште има траги од учењето во народното творештво и не замрело толку лесно.
 
Какви богомили,пештери и пирамиди во дваес први век..Не пратам овакви ликови затоа што ми личи на себепромоција и секташтво во позадина и ми смрди корне крајот на тој пат кој го промовираат(не сум прател ама имам визија)..од тука осеќам..И не трошам интернет на овакви луѓе..
Зимаат по некоја паричка од YouTube, колку да не одат негде по фабрики на норма.
 
„Афирмацијата на апокрифите, коишто претставуваат синоним на неофицијални неканонски содржини се јавува како директна последица од потребата на средновековниот човек за дополнително објаснување на библиските и на верско-христијанските претстави од аспект на актуелните општествени сфаќања .

Имено, Библијата и воопшто канонските списи кои Црквата како официјален двигател на културниот и на духовниот живот единствено ги признаваше се нашле во расчекор со стремежот на луѓето да добијат поцелосна претстава за настанокот на светот и за појавите во него. Во таа смисла апокрифите пројавиле тенденции во принцип лесно восприемливи за обичниот човек, кој преку нив го изградувал својот теолошки и морален светоглед. Тематски апокрифите претставуваат мимесис на прагми од библиските книги и легенди на коишто сушност почиваат и канонските книги, но честопати со нагласено потенцирање на еретички елементи .
Постепено терминот апокриф во согласност со установената канонизација на Божјите списи го губел своето првобитно значење, сè повеќе идентификувајќи се со книги спротивставени на основната христијанска догматика.

Повеќето од апокрифите кои му претходеле на богомилството (Книга за Енох, Видение на Исаија, Откровение на Варух, Прение на Антихристот со Христос и др.) извршиле своевидно влијание врз богомилската космогонија и есхатологија.
Впрочем и формирањето на попот Богомил како идеолог и интегралното реализирање на богомилската идеологија во пракса не може да се замисли без основното познавање на апокрифната книжевност, која од своја страна, пак, пројавувала тенденции блиски до верувањата и размислите на луѓето во средниот век. Тајната книга и Видението на Исаија се вбројуваат меѓу најзначајните апокрифи со оригинален богомилски статус. Со Тајната книга се воведува еден нов пристап кон пишаното слово во средновековната книжевност, при што канонските мотиви подлежат на филозофска оцена и на дополнителна литературна обработка. Како вид книжевност во која еден религиозен систем се спротивставува на друг во случајов богомилскиот наспроти официјалниот Тајната книга е многу блиска до Откровенијата.
Слични тенденции во однос на содржината, која е со митолошко-апокалиптичен карактер, пројавува и апокрифот Видение на Исаија."

- Историско-културолошкиот контекст на Богомилството, Маја Ангеловска Панова, Универзитет „Св.Кирил и Методиј“, Македонија
 
Back
На врв Bottom