Блискоста со Русија е од памтивек

  • Креатор на темата Креатор на темата @cool@
  • Време на започнување Време на започнување

@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.117
Блискоста со Москва е од памтивек
rus15.jpg
Во Русија постои длабока симпатија кон Република Македонија. На вашата земја денес гледаме како на важен партнер на Балканот со значајна улога за мирот и стабилноста во регионот, изјави вчера амбасадорот на Руската Федерација Владимир Солоцински по повод 15-годишнината од воспоставувањето на дипломатските односи меѓу двете земји.

Русија ја призна Република Македонија под уставното име на 4 август 1992 година, а дипломатските односи на ниво на амбасади беа воспоставени на 31 јануари 1994 година.

- Овој чин на признавање и акт на пријателство, нам ни значеше многу и претставува еден од темелите во нашиот капитал на односите со Руската Федерација, а тоа е заемната доверба, која продолжува и денес. Важноста на овој јубилеј како што ќе одминува времето ќе станува сè посилна. Ова е уште една причина да ги оцениме односите со Руската Федерација како добри и пријателски и сметам дека има уште многу можности да ги продлабочиме, особено на економски план - рече министерот Антонио Милошоски на свечената церемонија.

Тој нагласи дека во иднина Македонија ќе вложи уште повеќе напори за зацврстување на билатералните, економските и културните односи.

Амбасадорот Солоцински пак го потенцираше фактот дека за овие петнаесет години биле потпишани повеќе од 40 билатерални спогодби кои се добра правна база за натамошно хармонично зголемување на соработката меѓу двете земји.

- Историјата на односите не се исцрпува со овој временски период од 15 години.Разгранетите контакти имаат корени од далечна дамнина. Духовната блискост овозможи надградување на односите низ многу векови. Ова е бесценето богатство, а добиената историска оставнина е во добри раце - нагласи Солоцински.

За личен придонес во унапредувањето на руско-македонските односи на академиците Гане Тодоровски и Милан Ѓурчинов им беше доделено државно одликување на Руската Федерација - медал „Александар Пушкин“ Указот за нивно одликување го потпишал лично рускиот претседател Дмитриј Медведев.

- Руската литература во Македонија одигра огромна воспитна улога и не оформуваше како луѓе. Ние сме воспитани на таа култура - изјави академик Ѓурчинов.

Министерот Милошоски,од името на Владата, го честиташе и устоличувањето на новиот патријарх на Руската православна црква г.г. Кирил, и изрази надеж дека со неговиот избор уште повеќе ќе се зајакнат врските меѓу Македонската и Руската православна црква.

Заблагодарувајќи се на честитките амбасадорот Солоцински рече дека востоличувањето на новиот патријарх е многу важен настан за Русија, а ќе има и голема улога во зацврстувањето на односите меѓу двете држави.

По повод јубилејот беа разменети и писмени пораки помеѓу шефовите на дипломатиите на двете земји Антонио Милошоски и Сергеј Лавров.




Завршени разговорите за клириншкиот долг, порамнувањето нејасно

Одговарајќи на новинарско прашање министерот Милошоски истакна дека постои сериозна можност да се затвори прашањето со клириншкиот долг со Руската Федерација, кој изнесува 60,5 милиони долари.

- Разговорите за решавање на ова прашање се завршени и сега на двете страни останува да се определат на кој начин ќе се порамни долгот- рече Милошоски.

Од распадот на поранешната СФРЈ до денес ова прашање остана отворено и беше предмет на долги преговори, меѓу двете страни.

Како една од најчесто споменуваните можностите за намирување на долгот се споменуваше и изградба на гасоводна мрежа на целата територија на Република Македонија. Од друга страна во Македонија се води долгогодишен судски спор помеѓу Владата и АД Макпетрол околу сопственоста над гасоводниот систем. И двете страни тврдат дека имаат мнозинско учество во гасоводниот систем.

- Заради нормално стопанисување со гасоводниот систем до донесување на правосилна судска пресуда Владата и Макпетрол, се договорија влоговите да изнесуваат 50- 50 отсто- ни изјави Радко Манов, директор на Гама. Со одлука од 14 јуни 2006 ова претпријатие се организира како акционерско друштво кое управува и стопанисува со гасоводниот систем во РМ.
извор
 
Не е чудна блискоста меѓу двата народа, имајќи ги предвид православната вера и сродноста на јазиците. Сепак не треба многу да сметаме на братството со Русија, која ја поврзуваат уште побратски врски со Србија, Бугарија и Грција. Русите никогаш нема да ги влошат односите со гореспоменативе земји за да не поддржат во некој меѓусоседски спор. Зближување да, ама со усул.
 
Русиja! Колко ни плени
туj име свjaто, родно, мило!
То в мрака бива нам светило,
надежда - в нашите злини!

То спомнja ни, че ниj кога сме
забравени от целиj свет,
лjубов, што никога не гасне,
за нази бди с наj-слад’к свет.

Русиja! Таз земja велика
по шир, по броj, по сила! Тja
с небето има си прилика
и само с руската душа!

Там, там молбите ни се чуват
и в днешниja печален час
с’рца все братски се в’лнуват
осемдесет милjона с нас!



О, скоро нам ште се протегне
мог’шта, силна, братска длан
и кр’в поганска пак ште текне,
и пак ште гр’мне стар Балкан!
Че царjaт волjaта си jaсно
jaви в свештената Москва
и през уста му едногласно
Русиja цjaла хортувa:
"Решил с’м, каже, да избавja
от робство братjaта ни днес.
Това д’лг’т ми повелjaва,
това го иска руска чест.
ШТе гледам с мирен начин ази
да стигна таз свештена цел,
но не сполуча ли - тогази
ште вдигна рускиjaт орел.
В так’ва случаj се надеja,
че всjaк от вас ште б’де пр’в
за таз великата идеja
да жертвува имот и кр’в!"
И от далечната Камчатка,
дори до финските морja
една светкавица засвjaтка,
един разчу се вик: "Урра!"




О, здравствуj ти, Русиjо моштна,
света трепнa от твоja глас,
скокни, царице полуноштна,
зовем те ниj, ела при нас!
Б’лгариja сега те вика.
Час’т настана: твоj завет
и твоjта мисиja велика
да ги изп’лниш в тоja свет!

Затуj си ти прочута, славна
и друга нjaмаш с тебе равна;
затуj обхвашташ полусвет -
царства, народи, океани -
и нjaмаш изглед, краj и чет;
затуj те бог до днес отбрани
от толкова беди, душмани;
затуj можа да с’крушиш
Мамаja-хан и Бонапарта,
затуj врага си ти страшиш,
кога те гледа и на карта,
затуj зовеш се ти Света,
затуj те лjубим кат башта
и чакаме като Месиja:
Затуj си ти Русиja!

Иван Вазов
1876

Поздрав!
 
Ах да ни се отвори тој пазар, да пробиеме таму со реклама за православниот ерусалим на балканот...
Да ме пуштат 30 дена и Русија ќе ни биде најголемиот сојузник.
Ние од таа земја имаме и зошто да бараме.
Што мајка со САД и ЕУ не врзува.

И не е само јазик.
Традициите, душата славјанска, писмото кирилица, сродување со кралските фамилии, славјанството уште од пред христа, од исто културно жариште сме итн....

Русија од осамостојувањето на Македонија не направила ниту еден, повторувам ниту еден негативен гест према Македонија.

САД и ЕУ финансираа терористи 2001 година, ни го сменија политичкиот систем, ни направија рамковен со што ја парализираа државата, ни дадоа нова територијална поделба по чија линија во иден некој конфликт ќе оди поделбата на земјата.

Желби за успешна и плодна соработка помеѓу Русија и Македонија на сите полиња.
 
А што позитивен гест пак ни има направено, со добро однесување. Дај бе не се лажете, Русите барем малце да сакаа да ни помогнат досега Македонската православна црква ќе беше призната и од Србија и од Бугарија.
 
Неможат Русите апсолутно ништо да помогнат во спорот со Србија, тоа се црковни прашања и таму има правила.
Кога врвот во самата МПЦ е неписмена и не бара укинување на забраната од 1793 година од страна на султанот, неможе друг да ни е крив.

Ќе дојде денот кога Славјаните ќе го допрат дното и ќе се свртат еден кон друг и ќе си кажат, Шчо направивме.
 
Da zivee Majka Rusija i Makedonija i da ni zivee pravoslavnata vera.
 
Русите го презедоа македонкиот јазик, религија и култура. Секако дека треба да ни се благодарни.
 
Се придружувам кон овие честитки... Русија ја гледам со ГОРДОСТ, тоа се наши ПРАВОСЛАВНИ БРАЌА...
Само да не не слушне Лет 3, тој ќе рече дека јазикот не ни е Словенски туку дека е истиот оној со кој зборел Аце Велики пред 2300 години... :pos2::pos2::pos2:.. Од тој Лет 3 многу го засакав форумов... :pos2::pos2::pos2:
 
С
Само да не не слушне Лет 3, тој ќе рече дека јазикот не ни е Словенски туку дека е истиот оној со кој зборел Аце Велики пред 2300 години... :pos2::pos2::pos2:.. Од тој Лет 3 многу го засакав форумов... :pos2::pos2::pos2:

Некој текст да ми дадеш да видиме на кој јазик зборуваа и пишуваа Русите во 5-6-7-8 век ???
Да споредиме ... можеби грешам?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom