- Член од
- 20 јуни 2007
- Мислења
- 287
- Поени од реакции
- 0
Лоцирано местото на несреќата нешто пред 11 часот. Според првичните информации, од лице место пронајдени се девет лица, од кои седум се членови на екипажот и двајца членови на посадата. Сите лица се загинати при падот на авионот.
Ова е напишано во документот што Министерството за безбедност на Босна и Херцеговина го испратило до Кабинетот на Претседателот на Република Македонија.
Датумот е 26.02, утрото кога авионот падна, потписот е на Драган Мектиќ заменик министер за безбедност на босанско херцеговачката федерација, грбот е на таа држава.
Овој документ до кој дојде А1, прв пат и официјално потврдува дека кабинетот на Трајковски бил известен за смртта на Претседателот и членовите на екипажот.
Слично соопштение од босанските власти, според извори на А1, добило и македонското Министерство за внатрешни работи. Тоа трагично утро истото го изјавија и претставници на федерацијата.
„Според досега непотврдени информации, авионот се урна во реонот на селото Битиње кај Мостар во Република Српска, а досега од девет патници, пронајдени се четири тела“, изјави Драган Човиќ, претседавач на претседателството на БиХ на 26.02.2004.
„Неофицијално дознаваме од СФОР дека тие ги нашле остатоците од авионот, во која наводно имало девет мртви тела“, кажа Неџат Везагиќ.
Но, неколку минути по објавувањето изјавите беа повлечени, СФОР објави дека локацијата не е пронајдена. Ги демантираше потврдите за смртта на Трајковски и останатите осуммина.
Без објаснување зошто, македонските власти ова го прифатија.
„Според податоците што ги има Кабинетот на претседателот Трајковски, не е позната неговата судбина и судбината на членовите на делегацијата“, рече Андреј Лепавцев, кабинет на Трајковски (26.02.2004).
„Официјални лица се уште немаат извршено увид на местото на несреќата. Тоа се должи на фактот што се работи за екстремно непристапен, тежок терен“, рече Јован Манасиевски, Влада на РМ (26.02.2004).
Потрагата прекина, а владата одржа вонредна седница, веќе никој не ги спомнуваше изјавите на Човиќ и Вејзагиќ, доцна претседателот Црвенковски прогласи жалост.
„До овој момент официјална потврда од званичните институции на БиХ за преживеани нема“, изјави Бранко Црвенковски, премиер на РМ (26.02.2004).
Овој документ прв пат се објавува, се уште не се знае дали е дел од извештајот на европратеникот Андреас Грос.
Од неговиот кабинет за А1 тврдат, дека тој е готов и кон крајот на месецот и официјално ќе биде презентиран. Од него зависи дали Советот на Европа ќе го покрене прашањето за отворање нова истрага.
Значи СФОР не зборувал вистина . Пак НАТО и УСА. Несоменено ако се отвори истрага ќе се открие што точно се случило.
Секогаш ме чудеше како двајца одлични пилоти да се зрдват во брдо, а 100 пати ја летале таа рута и како војска како СФОР и треба со онаа техника што ја има 24 часа да лоцира паднат авион.
Дали ќе се открие дека не е несреќа и што после тоа?