Бит пазар - патики

  • Креатор на темата Креатор на темата Antonio2344
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
10 февруари 2011
Мислења
894
Поени од реакции
398
Локација
скопје
Веб-сајт
www.acmilan.com
Тие што имаат одено на бит пазар што мислите дали можат да се најдат квалитетни патики ? мислам знам дека повеќето се фејк но на изглед се исти со оргиналите .. пролетта одев со другари значи патиките што ги гледав во спорт М ги имаше истите и таму .. дали некој има купено и што мислите дали имаат квалитет ?
 
Почнаа да забегуваат со цените на Битпазар (и на другите пазари). До неодамна редовно си купував по некое парче, ама сега веќе не.
Не може смрдлива патика што ја изложил на тезга да пробува да ми ја шитне иста цена како некој што плаќа илјадници евра кирија и вработени во трговски центар. Фак ју, патиките у гз да си ги набутате. Последните 2-3 пара ми се оригинали (иако до неодамна бев поборник за чкартовите).
 
Додека ги имаа оние Маниа беше топ, ама тоа можеби пред 7-8 години беше.
Сега истите Маниа се шиткаат во елитни продавници. :)
 
Ако потеклото на робата е од Кина тогаш може да се има и последици...како на пример појавување на екземи и други заболувања на кожата. Кожата е еден орган кој е доста отворен и при механички допир може доста да прими и внесе во внатрешноста...

Како супстанца за конзервација некогаш се користи и диметил фумарат... а се користат и други полициклични аромати кои се класифицирани како канцерогени а исто така како опасни за промена на генот и плодот кај бремените жени.

Кога продукти од Кина се транспортираат за Европа на пр. тие претежно одат на бродови. Во контењерите се користи гас за конзервација и убивање на бактерии и инсекти кои би можеле да и наштетат на робата.

Човечки инстинкт вели дека она што мириса луто и пече е отровно. Исто како кога се работи за вкусот...она што е горчливо е отровно. Еволуцијата ги научила на гените да реагираат на такви работи.

Минатата година ЕУ класифицира околу 700 производи од Кина како потенцијално опасни поради тие хемикалии.

Македонија класифицира како опасни колку?? Има ли некој што класифицира воопшто...
 
Почнаа да забегуваат со цените на Битпазар (и на другите пазари). До неодамна редовно си купував по некое парче, ама сега веќе не.
Не може смрдлива патика што ја изложил на тезга да пробува да ми ја шитне иста цена како некој што плаќа илјадници евра кирија и вработени во трговски центар. Фак ју, патиките у гз да си ги набутате. Последните 2-3 пара ми се оригинали (иако до неодамна бев поборник за чкартовите).
А инаку шо патика купуваше ? оти минатиот пат коа бев значи бевме у најк продавница ја видовме патикава 3600 денари .. едно другарче си купи , после тоа одиме на бит пазар истата патика за 1300 денари .. значи скроз истата ја споредивме .. тоа напред материјалот беше ист .. сеа дали е исто лепена тоа незнам.
 
Ако потеклото на робата е од Кина тогаш може да се има и последици...како на пример појавување на екземи и други заболувања на кожата. Кожата е еден орган кој е доста отворен и при механички допир може доста да прими и внесе во внатрешноста...

Како супстанца за конзервација некогаш се користи и диметил фумарат... а се користат и други полициклични аромати кои се класифицирани како канцерогени а исто така како опасни за промена на генот и плодот кај бремените жени.

Кога продукти од Кина се транспортираат за Европа на пр. тие претежно одат на бродови. Во контењерите се користи гас за конзервација и убивање на бактерии и инсекти кои би можеле да и наштетат на робата.

Човечки инстинкт вели дека она што мириса луто и пече е отровно. Исто како кога се работи за вкусот...она што е горчливо е отровно. Еволуцијата ги научила на гените да реагираат на такви работи.

Минатата година ЕУ класифицира околу 700 производи од Кина како потенцијално опасни поради тие хемикалии.

Македонија класифицира како опасни колку?? Има ли некој што класифицира воопшто...
Баш така. Патикиве од Битпазар можеби изгледаат солидно и можеби ќе најдеш квалитетни, но корнат гадно.
Доволен доказ дека не се прават баш од ист материјал ми е тоа што после 4-5 носења битпазарските се усмрдуваат, а оригиналот што го купив последен пат (пред 5-6 месеци) уште нема добиено непријатен мирис. А патиките ги носам секој факинг ден, најмалку 10 часа.
А инаку шо патика купуваше ? оти минатиот пат коа бев значи бевме у најк продавница ја видовме патикава 3600 денари .. едно другарче си купи , после тоа одиме на бит пазар истата патика за 1300 денари .. значи скроз истата ја споредивме .. тоа напред материјалот беше ист .. сеа дали е исто лепена тоа незнам.
Не купував „бренд“, туку тоа што ќе ми фати око... Затоа и не сум ги споредил со тие во продавниците.
Верувам дека можеби сте ги начекале истите патики од продавницата на пазар, ама тоа веќе ми звучи како продавницата да шитка чкартови по висока цена... :)
 
Баш така. Патикиве од Битпазар можеби изгледаат солидно и можеби ќе најдеш квалитетни, но корнат гадно.
Доволен доказ дека не се прават баш од ист материјал ми е тоа што после 4-5 носења битпазарските се усмрдуваат, а оригиналот што го купив последен пат (пред 5-6 месеци) уште нема добиено непријатен мирис. А патиките ги носам секој факинг ден, најмалку 10 часа.

Не рекле за џабе....сиромавиот плаќа двапати:)
 
Ако сакаш оригинал патика, најарно порачај си од некоја страна, оти знаеш дека е квалитет и не се цените невозможни како тука,туке се е ем скапи ем фејк.(n)
 
Од мое искуство од Бит Пазар сум купувал само патики за фудбал еднаш ми се погодија ми издржаа 2 години,али последниов пат кога купив играв 3 пати укупно и одма се отворија од страна за смрдеата нема што да се збори 2 пати ке ги носиш и после ке ти маваат на поховани гуштери,ако пари ни су проблем земи си Nike,Reebok или Converse,Adidas имам купено 3-4 пати али не се покажаа толку добро како претходниве 3 ептен брзо се деформираат,а обавезно од страна ми се одлепуваа Nike и Reebok ти се коска патики имам еден пар Reebok кога бев прва средно ги земав до ден денес си ги терам низ маало,Converse си купив пред 2 години уште ги терам солидно се покажаа,ако паре су проблем дојди кај мене ќе те водам у Мат Стар:) добри патики има по солидна цена Бит Пазар не е тоа што беше порано
 
Ех овие муабети - истата патика во најк и на битпазар ги слушам одамна. Бидејќи имам некое искуство ќе кажам. Постои оригинал (класифициран А и Б) А ти се одлични а Б по правило не би требало да се продаваат бидејќи имаат некои маани. Кај нас има многу Б патики(ако не и повеќето) ама се продаваат најнормално(на пример кај Б класа шавовите не се добро сошиени, малку лепак капнал кај гумата и тн.). Покрај овие имаш и одличен фалсификат кој тешко се препознава (некогаш може и крадат од самата фабрика на најк по азискиве земји или моделчињата им ги даваат на други локални фабрики) а има и ептен шкарт фалс што се гледа од авион. Ај сега оди и купи патики :-) Извежбано око би требало да познае класа А патики...
 
Ех овие муабети - истата патика во најк и на битпазар ги слушам одамна. Бидејќи имам некое искуство ќе кажам. Постои оригинал (класифициран А и Б) А ти се одлични а Б по правило не би требало да се продаваат бидејќи имаат некои маани. Кај нас има многу Б патики(ако не и повеќето) ама се продаваат најнормално(на пример кај Б класа шавовите не се добро сошиени, малку лепак капнал кај гумата и тн.). Покрај овие имаш и одличен фалсификат кој тешко се препознава (некогаш може и крадат од самата фабрика на најк по азискиве земји или моделчињата им ги даваат на други локални фабрики) а има и ептен шкарт фалс што се гледа од авион. Ај сега оди и купи патики :) Извежбано око би требало да познае класа А патики...

Лелел кога ке ми текне на оние фалшовите од Adidas со 4 линии Adibas,Adamidas:pos: ,со 2 линии,позади тоа знакчето како лист од мара изгледа али најмајка ми беше кога видов фалш од Mania не ми се веруваше,брат од Mania ги крстиле Maria цццц легенди
 
Да бе ти викам имаше шкарт фалсификат и добар фалсификат :-) и во зависност од тоа каков е и цената е поинаква нормално.
 
Да бе ти викам имаше шкарт фалсификат и добар фалсификат :) и во зависност од тоа каков е и цената е поинаква нормално.

Многу нормално брат али ти викам ми текна на овие Adibas,Abibas и плус кога ке ми го каже тоа продавачот со акцент абе земи оргинал се кој ти дава за 1000:pos::pos::ROFLMAO:
 
Последни патики што ги земав беа Reebok и можам да кажам дека се препородив со нив. Одамна не сум го имал тој убав филинг на ногата - како да газиш на облаци е подлогата. Едноставно, нозете ти оргазмираат. Претходно земав еден пар Adidas за трчање и еден за фудбал (различни модели). Еднаш до три пати неделно играм фудбал со патиките и дури после 2ипол години почнуваат да се кинат. Презадоволен од квалитетот, со оглед на тоа што секогаш играм крвнички. Патиките за трчање немаат никакво оштетување сеуште, а со нив имам истрчано преку 400 километри. Да имав битпазарки, до сега ќе мораше барем 5-6 пара да сменам... Така да, поефтините не секогаш значат дека ќе поминеш поефтино.
 
Патики,од бит пазар ?? Зар некој би носел/носи патики од таму ?!? :confused::eek:

Може од некои друго работи ќе си ускратам ама ќе си земам квалитетна патика.
Подобро едно а вредно отколку 2-3 пара чкарт што ќе те фатат поскапо од едниот квалитетен пар.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom