Те немет тебе тука, ова можит да е генерична слика од нет. Да приложиш како си сликан со Жика (чим си од Охрид не треба да ти објаснувам на кој Жика мислам) или евентуално со газдата од Арена, оној со репчето а горе ќељав.
Аха, мисли си.
Да не им го прљаме подфорумот на господата од браншата на филмската уметност со најниските ноти на човековото постоење!
Ти не си шабан, ти си нрд. Глеј колкав текст си напишал за да го церебрализираш шабанскиот живот! Социолошки анализи, психолошко профилирање, цели описи/портрети и други стазисни нарации. Каде со тој муабет, бе, дечко? Вистинскиот шабан со змаеви тетоважи не зборуе за Декарт. Ти си само посетител во тој свет, човек кој искуствено допрел до тој телос. Гостин. Цел живот таму да бидеш, да ти се свиѓа тоа, нема да бидеш шабан. Можеш да уживаш у таа естетика, може да бидеш боем, шабан нема да станеш. Ти не ја живееш шабанеријата, тоа е посебен начин на живот кој не се вклопува со твоите сензибилитети. Треба да бидеш посебен архетип за да го живееш тоа на најсуштинско и висцерално ниво.

Колку често си се тепал у кафана? Имаш ли често влагано у тепачки каде ти иницираш прв (не да рипаш за другар или некој да ти се искурчи, па да го зашлапаш)? Да идеш на маса и да праиш проблеми? Имаш ли проблем со контрола на импулс и агресија? Имаш ли проблем со хиперсексуалност? Не можеш. Сите го иаме висцералното и убаво е да се извади, ама кога Жути ќе дојде дома, нема да помисли да пише антрополошка анализа за кафанската демографија на форум. Умот увек ќе те кочи да го извадиш ѕверот од себе у полн сјај. Когнитивниот апаратус ќе ти ја кочи таа моќ, ќе се сецнеш, ќе се подзамислиш, нема да имаш муда да напраиш нешто глупо. Може да имаш акал и да си психо-садист, грото од умните кримоси се тоа. Ама ти фали предаторското, ти вали бестијалноста за да бидеш целосен шабан. Природните шабани не мислат и имаат муда. Заебаните кримоси мислат и имаат муда. Ти мислиш, ама немаш муда.
Шабанството има социјални и темпераментни компоненти. Социјалните се естетиката, музиката, дружбата, све тоа. Такви у кафана ги има многу, ја сум бил тоа некој период. Многу другари што киснат у кафана се тоа, силом прилике тоа им е стилот на живеење. Суштинскиот шабан е многу подлабок од тоа. Суштинскиот шабан ги има и социјалниот идентитет и природните инклинации. Тој е агресивен, без контрола на импулс, бабуш со змај на рамо! Ако го нема социјалниот дел, тој може да биде скинер што тепа или друга подкултура што оправдуе насиље и шабанско понашање (ко состојба на битисување). Тоа ти не го допираш. Ти си само социолошки шабан, не си комплетиран. А за Деспина, малку сме иделе, неколку пати. Али Опатија ни беше дом 2 години. Ќе ти кажуем за нашите патешествија у Опатија некад.
П.С.
Доста со аргументот „Превод на Смитс у турбо фолк,“ ќе те скршам. xD