Биртии

  • Креатор на темата Креатор на темата leandra
  • Време на започнување Време на започнување

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.565
Има теми за елитни ресторани, фини кафани и културни места. Овде да ги споделиме биртиите низ Македонија, па повелете препорачајте:)

За оние што не знаат што е биртија, мало подучување :D
Биртија е дупка, претежно два на два, се греат на ќумбе на дрва, претежна клиентела е на рамбовки, копачот им е потпрен пред врата, пие ракија и мези зелка или домашна туршија, негде од страна вреска певајка у најлоша верзија со најлош турбофолк на сите времиња, се е дим околу тебе таму е дозволено да се пуши. Претежно се наоѓаат во селски средини или негде спикани во град каде инспекција никогаш нема да ги најде.
 
Да не ги повтарам скопските, ипак гласам за Шкорпион у Лас Велес....
 
Да не бидам нескромен ама мислам дека ќе бидам неприкосновен на темава.

Едит-Темава е за во ноќен живот.

Тебе те чекам на темава, па почни со распоредот :)
 
Ај за муабетот кога биртија е крчма една песна од мене
(аман модераторот нека не бриши , во контекст со муабетот е)
Инаку Перон кај железничката Битола, кој бил знае:)
Инаку квартална крчма во буквален превод би значело малска биртија( ако грешам нека ме поправат бугарчињата на форумот), барем јас така си ја сваќам.
 
Кај Мело на пејачка, повеќе не е од Мело кафаната ама пејачката е тука :icon_lol:.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom