Big stars ,going down ...

  • Креатор на темата Креатор на темата Флеш
  • Време на започнување Време на започнување
Ф

Флеш

Гостин
Big stars,going down

Измами,сексуални напади,убиства ... Луѓето кои си гледал на телевизија,оставиле голем впечаток ,oд еднаш се спротивната слика ... Измамници или сексуални предатори ... Последни во низа се Ленс Армстронг и Бил Козби .

Ленс, кој беше до пред некое време ,најдобар спортист во велосипедизмот ,фатен за најголемата измама изведена во спортот ,сега е никој и ништо ....

Во последно време, е Бил Козби и ..... сексуални напади ?! Знам дека ужива голема популарност на форумов и мене ми е омилена фаца и комичар ,и некако лично сум повреден од целава ситуација и ти остава збунета фаца , навистина Бил Козби е она ,што е ?! Манијак ?! Не е омилениот татко кој на зезнат и заебан начин објаснуваше на своите деца за некоја работа , лик кој е толку смешен , што не го забораваш ..... Сега на 77 години ,можеби во предвечерието на крајот на неговиот живот ,се соочува со најголемиот и најважен настан во неговиот живот ... Судирот на него со обвинувањата на неговите жртви од сексуални напади .... Меѓу кои е познатиот светски топ модел и поранешна девојка на Силвестер Сталоне , Џенис Дикинсон ,актерката Луис Мориц,исто така и жената на познатиот актер Луи Ферињо,кој е познатиот глас на Хулк во Авенџерс ....

crop_freeArt_Bill_Cosby-036de-8377.jpg
JaniceDickinson_LA-Premiere-Of-Valentino-The-Last-Emperor_Vettri.Net-01.jpg


посебна слика за Агда Беата (покриена де ) ;)
Janice_Dickinson_2014.jpg



http://www.slate.com/blogs/browbeat...lt_rape_drugs_feature_in_women_s_stories.html


Се започна неодамна,прецизно,пред неколку недели,кога преку Вашингтон Пост (весникот), кој објави статија со тешки обвинувања на 16 жени ,од кои се 12 жени со обвинувања дека биле лично дрогирани од Бил Козби и подоцна искористени ... но секако, Бил Козби ги негираше сите тие обвинувања и одбива да дава интервјуа .... Како што се одвива настанот ,се посериозно и посериозно станува ..... во САД, моментално ова е број еден вест и многу голема заинтересираност има и вреди да се има за ова тема .


 
Последно уредено:
Јас колку што знам низ цел живот и кариера е обвинуван за вакви работи.
 
Имало обвинувања но колку продирале кај јавноста и имало голем интерес од медиумите немало како сега ... Сега е моментот и се погоди ,има 17 жени меѓу кои и познати лица , Козби е баајги остарен , ужива голема популарност кај публиката , и сега се крена врева ... Како и да е , многу интересна ситуација е , се работи за мега популарен актер-комичар кој има длабоко влијание во Тв светот , дури сега се откриваат пикантерии ... Сличен настан има и со познат водител на ББС кој е фатен и докажано виновен за сексуални напади и си лежи во затвор на стари години сега ....
 
Малце оф-топик можеби, бидејќи за Козби развивате дискусија.
Армстронг не е никој и ништо, сеуште живее фондацијата што тој ја има основано за луѓе болни од рак, финансиски не верувам дека ќе крахира.
Изгуби многу почит кај спортската јавност за работи што ги правел во кооперација со луѓе на највисоките позиции, кои подоцна решиле да му го свртат грбот, како што и секогаш бидува.
За голем број луѓе е голем измамник, за голем број болни луѓе голем херој.
Нејсе, не ја оправдувам целата оваа допинг афера што излезе, само треба некогаш да се погледне целата слика за некои работи.
 
Ленс го убацив како интро и пример за тоа како позната важна личност тотално од идеална слика на добар човек се врти во слика на лош човек ... Следно на кое му се заканува е и Козби , тоес започна да се случува моментално и е многу интересен случај за набљудување . Овие настани брзо се случуваат , лани Ленс, денес Козби , утре некој друг .... Од интересен агол на гледање е ова и навистина ме интересира . Како да е од филм ова и се случува во реалност . :D
 
Малце оф-топик можеби, бидејќи за Козби развивате дискусија.
Армстронг не е никој и ништо, сеуште живее фондацијата што тој ја има основано за луѓе болни од рак, финансиски не верувам дека ќе крахира.
Изгуби многу почит кај спортската јавност за работи што ги правел во кооперација со луѓе на највисоките позиции, кои подоцна решиле да му го свртат грбот, како што и секогаш бидува.
За голем број луѓе е голем измамник, за голем број болни луѓе голем херој.
Нејсе, не ја оправдувам целата оваа допинг афера што излезе, само треба некогаш да се погледне целата слика за некои работи.

 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom