Бесплатни лекарски прегледи во наредните четири месеци

  • Креатор на темата Креатор на темата Мистичен
  • Време на започнување Време на започнување

Мистичен

Човек
Член од
23 јануари 2005
Мислења
13.578
Поени од реакции
1.100
Веб-сајт
www.kajgana.com
Бесплатни лекарски прегледи за граѓаните во урбаните и руралните средини, независно од нивниот статус на здравствено осигурување, за да се стави акцент на потребата и значењето на превентивните прегледи како можност за рано откривање и спречување болести. Ова е целта на кампањата што под мотото „Здравје за сите” во наредните четири месеци ќе ја спроведе Министерството за здравство.

Активностите во рамки на кампањата, како што истакна министерот за здравство Имер Селмани на денешната прес-конференција во Владата, се состојат во бесплатни лекарски прегледи, мерење крвен притисок, телесна тежина и висина, индекс на телесна маса, одредување шеќер и маснотии во крвта и други лекарски совети.
Резултатите од мерењата ќе им бидат соопштувани на граѓаните веднаш на самото место.

Кампањата ќе почне на 1 јули и ќе се спроведува со координација на Министерството за здравство и Републички завод за здравствена заштита. Динамиката на спроведување на активностите ќе биде двапати месечно во следните четири месеци. За целата акција се планира да бидат ангажирани 100 лекари и 200 медицински сестри, кои ќе работат на 65 пункта, од кои 35 во градските, а 30 во руралните подрачја. Здравствените тимови ќе бидат составени од лекар и две медицински сестри. Во големите градски пунктови се планира да бидат ангажирани по два тима со вкупно двајца лекари и четири медицински сестри.

Во пунктовите по селата ќе биде ангажиран по еден тим со еден лекар и две медицински сестри. На поголемите пунктови ќе биде вклучено и санитетско возило. Како логистичка поддршка ќе биде ангажиран и немедицински кадар од здравствените установи.
При прегледите ќе бидат давани и совети за грижа за здравјето, начин на исхрана, заштита од високите температури, а ќе се делат и промотивни печатени едукативни материјали за правилен начин на живот и исхрана.

За спроведување на целокупната активност ќе се обезбеди соодветна опрема и материјали, за што ќе бидат обезбедени вкупно 6.218.131 денари, што ќе бидат обезбедени со ребалансот на Буџетот за 2007 година, информира министерот за здравство Имер Селмани.
 
Еве нова тема, за вечните јадачи на бурек, да почнат да вадат теории на заговор и да плукаат на погореспоменатото.
Лично од мене - голем поздрав за акцијата.
 
Честитки за акцијата. Ќе има гужви:)
 
Не знам што да кажам освен браво. Мислам дека крајно време малце да се стави акцент на здравствово, затоа што е на најниско можно ниво! Ама сепак акцијава е за поздравување. Осеќам дека на некој пак нема да му чини.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom